Историја

Тајната вечера на Исус Христос и апостолите

tajnata-vecera

tajnata-vecera

Сионската горница е место во Ерусалим, каде се одржала Тајната вечера на Исус Христос и апостолите.

Тајната вечера е последниот оброк на Исус Христос кој тој го поделил заедно со Дванаесетте апостоли пред неговото предавање од страна на Јуда Искраиотски и неговата смрт.

Според она што Апостол Павле го раскажал во Првото послание кон Коринтјаните во текот на Тајната вечера се јадело леб и вино.

На собирот, Исус најавил дека ќе биде издаден од еден од неговите ученици, по што ќе биде погубен. По ова, тој го зел лебот во раката говорејќи: Земете, јадете, ова е Моето тело, кое се крши за вас. Правете го ова за Мој спомен!

Земајќи ја чашата рекол:

Ова е чаша на Новиот Завет во Мојата крв.

Правете го ова, секојпат кога пиете, за Мој спомен!

Голгота или Калварија е рид во Ерусалим каде што според Библијата е распнат Исус Христос.

Овој рид се наоѓал надвор од ѕидините на Ерусалим, но со ширењето ридот бил вклучен во градот. Латинскиот збор Калварија значи череп, името е дадено, бидејќи ридот поради обликот на камењата потсетува на череп.

Распнувањето на Исус е настан кој се случил во текот на 1 век од новата ера, при кое Исус бил уапсен, измачуван, и осуден на смрт од страна на Понтиј Пилат, преку распнување на крст. На широкото плато на некогашната тврдина Антонија, Исус е осуден на смрт, без да бара помилување од омразениот Пилат. Исусовото распетие е запишано во сите четири евангелија.

Пред распнувањето на Исус

“Јас… не најдов кај Него никаква кривица во она,

во што Го обвинувате; …Он не направил ништо,

 што би заслужувало смрт;

Но народотпродолжува да вика:

‘Распни Го, распни!’

Понтиј Пилат по трет пат им рече:

“Јас не најдовво Него ништо, што заслужува смрт;

Пресудува по желба на првосвештениците,

 управниците и народот Исус да биде распнат”.

Пилат ги измива рацете со вода пред народотвелејќи:

“Невин сум за крвта на Овој Праведник, мислете му вие!”,

а народот му одговара:

“Крвта Негова нека падне на нас и на нашите деца!”

Слегувам по стрмни, тесни скали, во затворот во кој биле сместени најлошите разбојници. Просторијата во која бил затворен Исус е посебно обележана. Ја гледаме камената клупа, со два отвора низ кои му биле протнати нозете оковани во синџири, додека светлоста на кандилото го осветлува ова место.

После тоа, влегувам во дворот на Фрањската Школа, каде се наоѓаат две капели.

Малечката, Капела на камшикувањето, остава без зборови. Во внатрешноста на капелата е насликана огромната круна од трње, проткаена со ѕвезди, која ја носел Исус. На прозорите, боженствените витражи од познатите драматични сцени, толку впечатливи, што истиот момент, сакале вие или не, ве враќаат во времето кога тоа се случувало. На ова место, на Исус му е облечена црвена наметка и ставен Крстот на грбот.

tajnata-vecera-2

tajnata-vecera-3

Најново од: Историја

Александар Трети Македонски освојува голем дел од Мала Азија

Од победата кај Граник до походот кон Киликија: освојувањата, легендата за Гордиевиот јазол и опасната болест што го запрела неговото напредување. Во првата година од војната Александар Македонски постигнал големи успеси. По победата кај Граник, голем дел од Мала Азија, сè до реката Сангар, паднал под негова власт. Персиската флота ги изгубила пристаништата на тој […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

Под каков идентитет се земаа и се иселуваа македонските деца?

Едно од најзначајните прашања со кои се запознав при истражувањето на чедособирството, а на кое не му е дадено соодветно внимание, е разликата во ставовите меѓу славофонските и грчкофоните села во северна Грција. Извештајот на УНСЦОБ известуваше за расположението на селаните во славофонските области и реони: тие, воопшто земено, биле многу подготвени да им дозволат […]

Крушоради, 1902: последната борба на војводата Дине Кљусов

На 28 септември 1902 година, по целодневна борба во Крушоради, Леринско, загинале војводата Дине Кљусов и тројца негови соборци. Нивната чета била предадена и опколена од османлиската војска. Дине Кљусов бил еден од револуционерите што дејствувале во четата на Марко Лерински. Во 1902 година Леринско било погодено од потери, предавства и вооружени судири. Кљусов учествувал […]

Востанието се проширува во Серскиот округ

Илинденското востание не завршило со падот на Крушевската Република. На 27 септември 1903 година, на Крстовден, започнале планираните востанички дејства во Серскиот револуционерен округ. Во летото 1903 година, додека во Битолско веќе се воделе жестоки борби, револуционерите во Серскиот округ се подготвувале за дејствување. На конгресот одржан во Пирин било решено востанието таму да започне […]

Драмското востание во 1941 година: отпор и трагедија во Егејска Македонија

Во ноќта меѓу 28 и 29 септември 1941 година, востаници во Драмско се кренале против бугарската окупациска власт. Востанието траело кратко, но репресалиите што следувале оставиле длабока рана во источниот дел на Егејска Македонија. По окупацијата во 1941 година, населението во Драмско живеело под воена и полициска контрола. Во такви околности бил организиран вооружен отпор, […]

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Владеењето на Александар Македонски со провинциите Лидија и Карија

Историјата на Јонците покажува дека тие постојано го чувствуваа јаремот на туѓинецот како товар. Тие не се караа, туку ја почитуваа слободата како најголем благослов. Записот на Приен од третиот век ни дава благороден израз на оваа идеја кога вели: „Нема поголемо нешто за античкиот грчки човек од слободата“. На прашањето како Александар Македонски ги […]

To top