Култура и туризам

Во македонските народни песни многу често се среќава цвеќето

cvetin180

cvetin180Во македонските народни песни многу често се среќава цвеќето. Тоа е опеано најповеќе во љубовните, но и во обредните, митолошките, семејните и во другите песни. Во песните се опеваат најразлични цвеќиња заедно со нивните особини, лековити, магиски итн. Најзастапени се: трендафил, каранфил, босилек, темјанушка, зумбул, стратор, смил, невен, потоа: кукурек, вратика, леска, дрен, итн. Опеани се и нивните магиски дејствија: вратиката ја враќа изгубената среќа, на Ѓурѓовден девојките носеле лепаец за да се лепат момчињата за нив, со кукурек и леска се запотнува за да бидат заштитени луѓето и објектите од природни непогоди, магиски дејствија и разни болести, дуќанџиите на вратите од дуќаните ставале растение наваличе, за да навалуваат муштериите и да купуваат, здравецот носи здравје, кога се започнувало со матење на млекото на бутинот се ставало огојка, чумилок и млечка за да има повеќе млеко. Во народната медицина често користени се и камилицата (боливач, лајкучка), кантарионот, ајдучката трева, јагодата, и пелинот. За заштита од самовилите се користеле тувидан, купидан, грмотрн итн.

Дојде време дојде коа

Дојде време дојде коа,
да расцути трендафило,
да смириса сета земја,
сета земја Румелиска:
от Битољско, до Прилепско,
од Прилепско до Велешко,
од Велешко до Солунско,
да го берат момињата,
да го редат на лесите,
да ги горат ергените!

Цутила ружа во кледи

Цутила ружа во кледи,
а во дворови развила.
Тује помина детенце,
детенце једно у мајка.
– Детенце, једно у мајка,
кротко води ја коњава,
да не окршиш ружица.
Да не окршиш ружица,
ил је ружица вадена
утро и вечер со вода,
а на пладнина со с’лзи.

Летна перунига зимна теменушка

Девојко, девојко, убава девојко,
летна перунига, зимна теменушка!
Што си расц’фтила, рано пред Велигден,
рано пред Велигден, велика недеља?

Девојко нова градино

Девојко, нова градино,
пипер и шеќер садена,
пипер и шеќер садена,
по негде-годе босилек,
по негде годе босилек,
а по меѓите карафил,
а по меѓите карафил,
по прелазите трондафил!

Насејала Јана две ниви босилек

Насејала Јана две ниве босиљок,
две ниве босиљок, треќа нива стратор.
Чудила се Јана ка да го загради,
с раце трње крши, та го заградила.
Па се е чудила, ка да го навади,
та фатила Јана орел побратима,
орел побратима, змија посестрима.
Орел вода носи, змија го полива,
змија го полива, та го навадили.

Садило моме ран бел босилок

Садило моме ран бел босилок
как го садило не го видело.
Расло порасло, бујно големо,
коњ да пладнуе, сосе јунака,
сосе јунака, сосе девојче!

Зумбул цути во градина

Зумбул ц’фти у градина
ја го не берам!
На зумбило билбил пее,
ја го не слушам!
Под зумбуло извор вода,
ја го не пијам!
До изворо љубне шета,
ја го не видам!
 
Никнало жолтоно цвеќе

Никнало, никнало жолтоно цвеќе,
крај моми…, крај моминото пенџере.
Дејне го мома вардеше,
нојќе го лудо крадеше.
– Дејгиди, лудо будало,
не знајш мома да љубиш,
а знајш цвеќе да крадиш!

Дали знаеш паметвиш

Карафиљо, фиљ-фиљо,
али знаеш паметвиш
кога двајца играфме,
во таткоа ти градина,
под бел црвен трндафиљ,
ѓувезија карафиљ?
Трндафиљ ми цутеше,
на нас ни се лееше,
како чаша фиќија,
полна-раман раќија,
до полојна маѓија:
раќијата за мене,
маѓијата за тебе,
да се свртиш кон мене,
да т’ го видам лицето,
да т’ целивам очите!

Лудо иде од гората

Лудо идет од гората,
младо идет од гората,
в р’це носе до две китки,
до две китки теменушки.
Стредба иде ќе го стрете,
ќе го стрете малка мома,
малка мома, бела Неда.
Та му веле и говоре:
-Дај ми лудо, дај ми младо,
таја китка теменушка!
Лудо веле и говоре:
– Мори моме, малка моме,
китка давам, мома земам!
– Море лудо, лудо младо,
китката је до планина,
а момата до жив живот!

Девојче мило та убаво

– Девојче, девојче,
мило та убаво,
чух те да си болна,
дојдох да те вида.
Девоќа му вели:
– Море лудо младо,
да би ме милувал,
ќитка би ми набрал,
од гора гороцвет,
од поле трендафил,
од грмада здравец,
од градина невен,
од ливада калеш,
од присоје сминдуљ.
А лудо и вели:
– Девојче, девојче,
мило та убаво,
мори та набрал бех,
од гора гороцвет,
од поле трендафиљ,
од грмада здравец,
од градина невен,
од ливада калеш,
од присоје сминдуљ!
На глава ја затнах,
през гора заминах,
веќе ме закачи,
китка ми обори.

Од расказот „Прошедба“ на Рајко Жинзифов. Марко Китевски

Најново од: Култура и туризам

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

1908 – Во Солун излегува весникот „Единство“

На 27 септември 1908 година во Солун излегол првиот број на весникот „Единство“. Во неговото уредување учествувал Димитар Влахов, а весникот ги изразувал ставовите на дел од македонските револуционери. „Единство“ се појавил по Младотурската револуција, во време кога се отворил простор политичките идеи да се изнесуваат и преку јавниот печат. Неговите страници биле дел од […]

Македонските просветители свети Климент и свети Наум Охридски

Свети Климент Охридски-Чудотворец е заштитник на градот Охрид и на целиот македонски народ, патрон на Македонската православна црква- Охридска архиепископија и најпознатиот меѓу повеќето ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Тој остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други […]

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

To top