Историја

Мислење од „Еден Македонец“ (1889 година)

sloboda-ili-smrt

БОРБАТА ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ДА СЕ ПОСТАВИ ВРЗ ЧИСТО МАКЕДОНСКА ПОЧВА. СИТЕ ЖИТЕЛИ НА МАКЕДОНИЈА ДА СЕ ИМЕНУВААТ КАКО МАКЕДОНЦИ

sloboda-ili-smrt

„Борбата за ослободување на Македонија треба да се постави на неутрална македонска почва. Ние сме рекле и друг пат – не е време, ние, Македонците, да ја изразиме нашата желба за соединување со извесна држава. Тоа е опасно најпрво за самите нас, Македонците, а после за целиот бугарски народ… Ослободувањето на Македонија и нејзиното присоединување со извесна земја се две прашања, кои е незамисливо да се решат благопријатно во едно исто време, туку последователно, и маке-донската емиграција барем привремено треба да ја напушти својата досегашна политика; таа треба да се постави во борбата врз чисто македонска почва и после може да оди успешно напред со своите стремежи… Сите жители  на Македонија да се имену-ваат како Македонци, а македонските друштва да се именуваат исклучиво како македонски без додавање на додавките “бугаро”, “румуни”, “србо”, или “елино”…

…Ние и другпат имаме речено, не е време ние Македонците да изјавуваме желби за наше присоединување кон некоја држава… Во таков случај ќе се восползуваат соседите. Македонија ќе биде раскината…

Но сега, по нашето политичко расцепување, во нашата Македонија тукуречи не се гледа таква борба, па по сеж  изгледа сите и ни го откажуваат сега правото на таквата борба, стремејќи се очигледно да неж завладеат, дури мнозина од слободните Бугари, макар и без основа, гледаат со една чудна недоверба врз една посамостојна борба од страна на Македон-ците. Се гледа дека сите му го откажуваат правото на Македоне-цот и самиот да се бори за олеснување на својот живот, како страдалец да си го издигнува гласот. Сите само една и иста песна пеат: “да ги ослободиме нашите браќа”, но да им помогнат на своите браќа да си се ослободат за себеси никој не сака да помага… Сите, се гледа, се плашат од една самостојна борба на Македонците и никоја соседна држав досега не дава да се развие таква, кое, без сомнение, си ги има причините…”                                                                                                   

Еден Македонец, Мнение за решаване Македонскија вопрос, в. “Македонија”, И, 36, 19 август 1889, стр. 143;

Најново од: Историја

Александар Трети Македонски освојува голем дел од Мала Азија

Од победата кај Граник до походот кон Киликија: освојувањата, легендата за Гордиевиот јазол и опасната болест што го запрела неговото напредување. Во првата година од војната Александар Македонски постигнал големи успеси. По победата кај Граник, голем дел од Мала Азија, сè до реката Сангар, паднал под негова власт. Персиската флота ги изгубила пристаништата на тој […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

Под каков идентитет се земаа и се иселуваа македонските деца?

Едно од најзначајните прашања со кои се запознав при истражувањето на чедособирството, а на кое не му е дадено соодветно внимание, е разликата во ставовите меѓу славофонските и грчкофоните села во северна Грција. Извештајот на УНСЦОБ известуваше за расположението на селаните во славофонските области и реони: тие, воопшто земено, биле многу подготвени да им дозволат […]

Крушоради, 1902: последната борба на војводата Дине Кљусов

На 28 септември 1902 година, по целодневна борба во Крушоради, Леринско, загинале војводата Дине Кљусов и тројца негови соборци. Нивната чета била предадена и опколена од османлиската војска. Дине Кљусов бил еден од револуционерите што дејствувале во четата на Марко Лерински. Во 1902 година Леринско било погодено од потери, предавства и вооружени судири. Кљусов учествувал […]

Востанието се проширува во Серскиот округ

Илинденското востание не завршило со падот на Крушевската Република. На 27 септември 1903 година, на Крстовден, започнале планираните востанички дејства во Серскиот револуционерен округ. Во летото 1903 година, додека во Битолско веќе се воделе жестоки борби, револуционерите во Серскиот округ се подготвувале за дејствување. На конгресот одржан во Пирин било решено востанието таму да започне […]

Драмското востание во 1941 година: отпор и трагедија во Егејска Македонија

Во ноќта меѓу 28 и 29 септември 1941 година, востаници во Драмско се кренале против бугарската окупациска власт. Востанието траело кратко, но репресалиите што следувале оставиле длабока рана во источниот дел на Егејска Македонија. По окупацијата во 1941 година, населението во Драмско живеело под воена и полициска контрола. Во такви околности бил организиран вооружен отпор, […]

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Владеењето на Александар Македонски со провинциите Лидија и Карија

Историјата на Јонците покажува дека тие постојано го чувствуваа јаремот на туѓинецот како товар. Тие не се караа, туку ја почитуваа слободата како најголем благослов. Записот на Приен од третиот век ни дава благороден израз на оваа идеја кога вели: „Нема поголемо нешто за античкиот грчки човек од слободата“. На прашањето како Александар Македонски ги […]

To top