Култура и туризам

Момина карпа (девојките од Галишта) и преселбите

galiste

Преданија од Тиквешијата

galisteЛегендата се однесува на еден херојски чин на девојките од с. Галиште, Тиквешко.

Јужно од с. Шешково и источно од с. Галиште се издига врвот Галичин. Горе на врвот е рамно, а источно од него, наеднаш како со нош исечена, се спушта надолу една вертилкална карпа. Карпата е висока околу 80 или 100 метри. Тука, од таа карпа, подгонети од Турците, се фрлиле девојките од с. Галиште. Пред да го направат тоа, за некоја од нив да не се премисли, тие си ги врзале плетенките една за друга и заедно летнале во бездната.

Требало да ја спасат својата моминска чест и да дадат пример на едно возвишено херојство. Долу, под карпите, овчарите сеуште наоѓаат остатоци од ѓердани, обетки и прстени на храбрите девојки. Карпата од која што се фрлиле девојките и денес се нарекува Моминска карпа.

И овде преданието не кажува точно кога се случило тоа. Можеби се однесува на времето кога тиквешаните биле приморувани да го примат мухамеданството?!?

… Од измачената и потурчувана Тиквешија се  одвојува голема група христијани, кои веројатно движејќи се по Морава… ги наоѓаат пустелиите по Тимок и се населуваат на места кои ги нарекуваат според имињата на своите напуштени огништа. Неготин, Раец, Тремник… Места со такви имиња и денес постојат во Неготин Краина.

Тие два примера – девојки да се фрлаат од карпа за да ја зачуваат својата чест и голем дел од населението да бега за да го спаси својот живот, не само што ја сликаат ситуацијата во Тиквешко во тоа време, туку го објаснуваат и потурчувањето во тиквешките помаци.

Кауѓарец (потурчување)

…Како и насекаде, така и во Тиквешијата потурчувањето се спроведувало со големи насилства. Според едно предание, блиску до селото Бегниште има падина во која биле закопани околу 500 месни жители, кои не сакале да ја примат исламската вера. Оваа падина Турците ја нарекле Кауѓерец, име што се зачувало и до денес. Селаните сеуште одат таму и палат свеќи.

Марковата кула во Кавадарци

Кулата е тврдина, градена од камен и малтер, со чевртаста форма и е висока 20 метри. Има пет катови, на вториот кат е влезот. Тука нема прозорци. На третиот кат има само еден тесен, мал прозорец. На чевртиот-три ѕида имаат по еден прозорец. На петтиот исто така има три прозорци. на сите прозорци биле поставени решетки. На петтиот кат, јужниот ѕид, до прозорецот има отвор и издаден камен симс. Од тука е бранет приодот кон кулата. На овој кат има и нужник, надвиснат надвор. Во ѕисот на овој кат немало огниште.

Точното потекло на кулата не се знае. Според преданието меѓу народот владеело уверување дека е од постаро турско време. Има и претпоставки дека потекнува и од времето пред доаѓањето на Турците во овие краеви. Познато е дека првите преселници од Дукена се вселиле во Кулата и со тоа почнува основањето на новата населба Велахан, што подоцна го добила името Кавадарци.

Легендата за името Кавадарци

За името на денешниот град има повеќе легенди од кои почесто се раскажуваат две. Едната говори дека јужно од Кулата, покрај Луда Мара, некогаш имало голем камен и една висока топола, под која имало извор со студена и пивка вода. Местото околу изворот било многу погодно за пасење и пладнување на добитокот. Месноста ја викале Кавадар (топола место). Од оваа сложенка прво бил изведен топонимот Кав-дар, а подоцна и Кавадарци. На турски кавак значи топола, а дар значи тесно место.

Другата легенда поинаку го објаснува името на градот Кавадарци. Според неа некој простодушен селанец од населбата Тиквеш, барајќи ја изгубената крава, дошол до изворот кај тополата и каменот и до реката Луда Мара. За среќа тука го нашол изгубениот добиток. Загледан во убавото и романтично катче на природата, селанецот од големо задоволство воздивнал и извикал: Каков кавин – дар! Од Кавадар, со значење место на кравите, се претпоставува настанал топонимот Кавадар. Со текот на времето и населбата која се оформила во поголемо населено место, била наречена Кавадар, односно Кавадарци. Така велат легендите што ги искајал народот за името на овој град.

Од книгата „Вистински приказни за вечни сеќавања, Кавадарци 1900-1945“, од Зорка Тодорова Младеновиќ, Кавадарци 2010 г.

 Марко Китевски

Најново од: Култура и туризам

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

1908 – Во Солун излегува весникот „Единство“

На 27 септември 1908 година во Солун излегол првиот број на весникот „Единство“. Во неговото уредување учествувал Димитар Влахов, а весникот ги изразувал ставовите на дел од македонските револуционери. „Единство“ се појавил по Младотурската револуција, во време кога се отворил простор политичките идеи да се изнесуваат и преку јавниот печат. Неговите страници биле дел од […]

Македонските просветители свети Климент и свети Наум Охридски

Свети Климент Охридски-Чудотворец е заштитник на градот Охрид и на целиот македонски народ, патрон на Македонската православна црква- Охридска архиепископија и најпознатиот меѓу повеќето ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Тој остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други […]

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

To top