Култура и туризам

Патријарх Кирил: Татковината e голема светиња

patrijarh-kiril

16 мај 2015 лето Господово

patrijarh-kiril

На 16 мај 2015 год., Светејшиот Патријарх Московски и на цела Русија Кирил отслужи Литургија во храмот на Руските Новомаченици и исповедници на Бутовско поле. По завршувањето на богослужбата Претстојателот на Руската Црква им се обрати на верните со проповед. 

Ваши Високопреосвештенства и Преосвештенства! Достојнопочитуван отец игумен, драги отци, браќа и сестри! 

Отец Кирил тукушто кажа сосема вистински зборови за тоа, дека новомачениците и исповедниците се заштитници на Татковината. Кога во Големата ослободителна војна за татковината гинеле и војници и цивилно население, тие го давале својот живот не само за земјата, за водата, за воздухот, за дрвјата. И не за фабриките и мостовите ги дале тие своите животи, бидејќи фабриките и мостовите со леснотија биле уривани и од страна на нашите партизани, и од нашите војски при повлекување, кога било потребно да се спречи ефикасното дејствување на непријателот. 

Што е тогаш Татковината? Татковината ја сфаќале како некоја голема светиња па поради тоа биле спремни и да го дадат животот за неа. Татковината ја восприемале, најпрвин како место пронижано со споменот за роднините и предците, кои ја населувале низ вековите, и второ, како место каде се создавала нацијата, а поточно и до толку подобро, како нешто што му е својствено на овој народ, на полошото да не му се поклони и за полошото да не го даде животот. Животот се дава за доброто. А најдобро било тоа што живеело во срцата на заштитниците на нашата земја, дури и кај оние што не држеле во рацете оружје, туку на свој начин придонесувале за победата, знаејќи дека токму на ова место, и покрај големите тешкотии, гонења на Црквата и репресии, постои нешто возвишено и свето. Во срцата и умовите на луѓето имало некаква доминантна одредница, поради која тие биле спремни и животот свој да го дадат. И бидејќи таа одредница не може да се допре, таа значи му припаѓа не на материјалниот свет, туку на духовниот. 

Во контекст на современиот јазик ние често се обидуваме да го опишеме овој феномен како некаков систем на вредности. Овие зборови се секако недоволни, бидејќи за некаков вештачки систем на вредности никој не би го положил својот живот. Го полагале, сепак, за таа невидлива, недопирлива духовна сила, за духовната срцевина на човечкиот живот, кога при изговарањето на зборот „Татковина“, на луѓето им течеле солзи од очите, при сите сфаќања и за она што во животот на Татковината е толку тешко, па дури и безобразно. Во таа смисла, подвигот на оние кои загинале во војната за одбрана на Татковината, и подвигот на оние кои во мирно време загинаа за истата таа духовна срцевина на животот на нашиот народ, се слеваат во едно. Тоа е еден заеднички подвиг, и можеби без едниот не би постоел ни другиот. Ако новомачениците и исповедниците се откажеа од својата вера, од Христа, од Црквата, ако тие застанеа во редот на хулителите, тогаш можеби кај народот не ќе имаше доволно духовна сила за да му се спротивстави на непријателот. Затоа од религиозна гледна точка, животот посветен за Татковината, за самата таа духовна срцевина, и подвигот на новомачениците се соединува во една велика жртва, принесена кон Бога за спасение на нашата Татковина. 

Во денешното Евангелие има зборови кои невоцрковениот човек тука, во Бутово, тешко ќе ги разбере: „Моите овци го слушаат Мојот глас и Јас ги познавам; и тие одат по Мене, и Јас ќе им дадам живот вечен, и никогаш нема да загинат“ (Јован 10, 27 – 28). Скептиците, гледајќи ги страшните масовни гробници, можат да речат: „Како тоа? Тргнаа овците кон гласот, а живот нема, погинаа…“ Оваа трагедија на човечката смрт, каде и да се случи, од гледна точка на здравиот разум не би можела да се сфати, надвор од Пасхалната вест. Господ вели дека никој од оние на кои им е даден вечниот живот, ниедна од овците кои го слушаат гласот Негов и одат по Него, нема да загине никогаш. Тоа значи дека смрт не постои. Тоа значи дека секој што оди по Бога стекнува бесмртност. Не замислена бесмртност, изразена во поетските категории на обезбожените мисли, туку реална бесмртност, реален вечен живот. Тој дејствително постои, и секој што го слуша гласот и оди по Пастирот и Спасителот го стекнува тој вечен живот. 

Во спротивно би биле апсолутно несфатливи и милионите жртви на нашиот народ во Великата Војна, и илјадниците невини православни христијански жртви, кои застанаа во заштита на верата во осквернавената Татковина. Сето тоа би било невозможно да се опфати со разумот. Ако од нашиот живот се исклучи Пасхалното мерило, тогаш сè губи смисла, бидејќи е подложено на исмевање и распаѓање. Но бесмртноста, која Христос ни ја дава преку Неговото воскресение, апсолутно го менува координатниот систем, апсолутно го менува системот на животни одредници. Човекот живее вечно само тогаш кога оди по Бога. 

А што е со луѓето кои не Го следат Бога, кои не живеат според Неговиот закон, кои прават зло? Што со тие стотици мачители и џелати, кои овде убивале потполно невини луѓе? Што со оние кои ги потпишувале страшните списоци за масовно стрелање? Што со оние кои, започнувајќи војна против нашата Татковина, уништиле толку милиони и милиони животи? И тие ли се бесмртни?! Не! Тоа што ги чека после смртта, не може да се нарече живот. Страшната вечна мака – тоа не е живот. Нема живот, таму после гробот, за оние кои го погазиле Божјиот закон, кои свесно се борат против него, кои соблазнуваат луѓе, кои се обидуваат да поведат со себе милиони за да ги погубат и во овој живот и во животот на идниот век. 

Пасхалното евангелие прочитано во гробницата на новомачениците и исповедниците ни помага да ја сфатиме смислата на прекрасните зборови на Спасителот, за тоа дека секој што оди по Него и го слуша гласот Негов го наследува вечниот живот. И нека даде Бог сите ние, не според нашите заслуги, туку по милоста Божја и по верата наша, да се удостоиме за тој вечен живот, заедно со оние кои пострадале за правдата, кои пострадале за Татковината, кои животот свој го положиле за ближниот. Амин. 

www.bigorski.org.mk

Најново од: Култура и туризам

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

1908 – Во Солун излегува весникот „Единство“

На 27 септември 1908 година во Солун излегол првиот број на весникот „Единство“. Во неговото уредување учествувал Димитар Влахов, а весникот ги изразувал ставовите на дел од македонските револуционери. „Единство“ се појавил по Младотурската револуција, во време кога се отворил простор политичките идеи да се изнесуваат и преку јавниот печат. Неговите страници биле дел од […]

Македонските просветители свети Климент и свети Наум Охридски

Свети Климент Охридски-Чудотворец е заштитник на градот Охрид и на целиот македонски народ, патрон на Македонската православна црква- Охридска архиепископија и најпознатиот меѓу повеќето ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Тој остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други […]

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

To top