Македонски легенди

Ангел Андреев

angel-andreev

angel-andreevАнгел Андреев (23. IV. 1867 – ?) е македонски револуционер и војвода на Македонско револуционерната организација. Бил прврзаник на Борис Сарафов и бил огорчен противник на врховистите.

Ангел Андреев е роден на 23 април 1867 година во преспанското село Рудари, Егејскиот дел на Македонија. Две години учел грчко училиште во селото Герман, а на 16 години го пратија на гурбет во Анадолија, каде работи како ѕидар со татко му во градот Кнак (Пергамска околија). Таму умира татко му, а Ангел останува со својот брат и заедно со други нашинци работи како ѕидар. Останал 7 години, за кое време само еднаш го посетил родното место. Во 1888 година се вратил во родното место. На 22 години се оженил со жена од Герман и додека неговите тројца браќа одеа на гурбет во Варна, Бугарија, тој останал дома 4 години.  

Во 1892 година, Ангел  ја остава жената и децата дома и заминува на печалба за Варна. По три години работа во Варна, Каварна и Балчик, шест месеци престојува во родното место. Во 1895 година, на Ѓурѓовден, тој повторно се вратил во Варна. Таму сите дојдени од Македонија биле членови на македонското друштво од Варна. Организирани во чети од страна на Македонскиот комитет, тие се подготвувале да влезат во Македонија. Неговиот брат Лазар Ангелов тргнал за Македонија, но четата се вратила. Се спремал и Ангел, но по неуспехот на Мелничкото востание Бугарија ја затворила границата.

Една и пол година потоа, Ангел со помалиот брат се вратил во своето село, каде ја поминал зимата. Во летото, повторно се вратил во Варна каде останал 5 години. Со доаѓањето на Борис Сарафов на чело на Комитетот, кој нареди да се исчистат шпионите во Македонија, македонското дело земало силен замав. Ангел набрзо станал член на Стрелачката дружина во Варна и по двомесечно учење бил назначен за командант на втората чета.  

Ангел Андреев верувал во Сарафов и бил огорчен противник на врховистите, со кои се борел со најголем бес. На повик на Организацијата, Ангел заминува од Варна за Софија во август 1902 година, а веќе на 1 октомври истата година влегува во Македонија со ревизионата чета на Тома Давидов, во која речиси сите беа Македонци. Со војводата Давидов, кој е од Ловеч, Бугарија и кој душата ја даваше за Македонија, тие ги обиколуваат Леринско, Кајларско и Битолско. На 15 март 1903 година, во село Оздолени, Дебарца, Давидов загинал во борба за башибозукот, а местото на Давидов го превзема Христо Узунов.

Ангел Андреев е избран за преспански војвода на Смилевскиот конгрес. Во летото 1903 година, за време на Илинденското востание, со првично 200 востаници, Андреев планирал да го нападне селото П’пли, но Коте Христов ја осуетил неговата намера. Така тој на 22 јули (стар стил) го напаѓа Шаовци, а на 27 јули (ст. ст.) повторно го напаѓа П’пли со помош на Коте Христов и сто негови четници. Селото е превземено и чувано дванаесет дена. Кај селото Штрково, Андреев ја спасува четата на Коте од заседа, а по 10 август (ст.ст.) четите се повлекуваат во планините. На 21 септември (ст.ст) го разбива опкружувањето на турскиот аскер кај Црвената стена и во селото Герман се сретнал со Васил Чакаларов. Наскоро тој со своите другари се насочува кон Грција.

По влегувањето во Грција, Ангел Андреев бил уапсен и поминал извесно време во затворот во Трикала, Опишувајќи го својот престој во грчкиот затвор, како и за интересот на грчките власти, Андреев својите спомени вели:

„Не` тераа сите еден по еден да одиме врзани со синџири на рацете и требаше да поминиме покрај турскиот конзулат, по двајца на еден синџир врзани. При испитувањето… реков дека не сум Грк, дека сме биле под Патријаршијата – селото Рударе – но дека сега не знам како е, дека сум учествувал во востанието. Прашуваа кој ни го купува оружјето – дали бугарскиот комитет? Каде сум роден? Не ми веруваа дека сум Македонец. „Ти си од Бугарија“ – велеа. Јас им велам дека имам жена, деца и друго и им велам да проверат. Тие пак не веруваат: „Ти лажеш, вие не се боревте за слобода, туку против нас елините, убивавте попови и учители грчки“. Оговорив дека убиваме шпиони во името на револуцијата и нашиот закон и ништо повеќе. Ни посочија грчки весник во кој се опишувале божем нашите ѕверски дела. Ние одговоривме дека сето тоа е лага.    

За Андреев биле заинтересирани не само властите, туку и новинарите во Грција. Пред грчките новинари тогаш тој за карактерот на востанието ќе каже дека крајна цел е создавање на автономна држава Македонија, во која сите би биле рамноправни. За овие случувања, тој во своите спомени ќе наведе:

„Дојдоа новинари во затвор. Се чудеа како под диктат на Бугарите од Бугарија ние сме се навлекле да правиме востание. Ние одговоривме дека ниту за Грција, ниту за Бугарија, ниту за Србија работиме, туку само за Македонија. Не во едно лето, туку 10 години се подготвувавме за едно такво дело – револуција, која ги обедини (сите) против заедничкиот непријател. Толку, очевидно, Грците се заинтересираа за Македонија, сега едвај кога пукна пушката итн. Прашаа кого сакаме за кнез на Македонија. Ни сме биле историски врзани со Грција и требало да бараме грчки кнез. Ние одговоривме дека сега не мислиме на тоа. Нека ни помогнат Грците да се ослободиме, а потоа е лесно за тоа“. 

По излегувањето од грчкиот затвор, војводата Ангел Андреев заминал за Варна, Бугарија, каде останал до крајот на својот живот.

Најново од: Македонски легенди

Димитар Влахов – живот посветен на македонското прашање

Димитар Влахов (1878–1953) е македонски револуционер, публицист, дипломат и државник, една од значајните личности во македонската национална и политичка историја. Неговиот животен пат ги поврзува револуционерните борби од крајот на XIX век, настојувањата за ослободување и обединување на Македонија и создавањето на современата македонска држава. Има луѓе што живеат во историјата и луѓе што учествуваат […]

Наде Проева

Наде Проева (9. IX 1949 – 6. XI 2024) е македонски историчар, универзитетски професор, научник со светско реноме и борец за македонската кауза. Таа е истражувач кој ја афирмираше античката историја на Македонија, која долго време бил запоставувана. Оставила длабока трага во македонската и светската историографија. Наде Проева е родена на 9 септември 1949 година […]

Романската монахиња Херувима (Светлана Михаела Танаса загина за вистината

Романската монахиња Херувима (Светлана Михаела Танаса, 1969–1998) студирала класични јазици во Јаши и ги проучувала делата на свети Јован Златоуст. Се упокоила на 8 ноември 1998 година, на 29-годишна возраст, и била погребана во манастирот Петру Вода во Романија. Во 1995 година добила стипендија од Фондацијата „Сорос“ за магистерски студии по средновековна историја на Централноевропскиот […]

Тома Прошев

Тома Прошев е роден на 10 ноември 1931 година во Скопје, а починал на 12 септември 1996 година на хрватскиот остров Зларин. Тома Прошев е Македонски композитор, диригент и музиколог, еден од најистакнатите автори на македонската современа музика и меѓу првите композитори што внеле нов звук во македонското музичко творештво. Гимназија завршил во родниот град. […]

Никола Беровски – големиот учител на Македонците во Албанија

Никола Беровски е роден во 1923 година во Битола, а починал во 1993 година во Тирана, Албанија. Има луѓе чие дело продолжува да живее во генерациите што ги описмениле, во книгите што ги оставиле и во јазикот што помогнале да се зачува. Меѓу нив е Никола Беровски, македонскиот учител, учебникар и преведувач кој својот работен […]

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

To top