Дијаспора

Македонското иселеништво во западната хемисфера, помогна за падот на европскиот комунизам

Македонското иселеништво во западната хемисфера, помогна за падот на европскиот комунизам

Пишува: Јанко ТОМОВ, Мај 2015

Македонското патриотско иселеништво во западните држави на Америка, Европа и Австралија, после Втората светска војна, има неброени факти за лојалност према овие демократии, а посебно према современиот капиталистички поредок, воден од страна на Соединетите Американски Држави. Меѓу тоа, со затајувањето на прием во ЕУ и НАТО , со уставното име на Македонија и со милениумското Македонско национално име, Демократската актуелна власт на САД, преку своите институции го оспорува правото на Македонскиот народ и на Република Македонија и ствара услови за дестабилизација на младата држава, обновена на дел од Античката Македонија, евентуално со цел за нејзина поделба, меѓу соседните нејзини држави, Бугарија И Албанија. НР Македонија оснивана при крајот на Втората светска војна на 2 Август 1944 година, на Првото заседание на Асном, во Прохор Пчински, која заедно со антифашистичките сили на светот, во Втората светска војна, а со своето учество и со голем број на жртви, придонесе за пад на Хитлеровиот Фашизам.

Според досегашните написи, коментари и мислења,во македонската и европска медија, за ситуацијата во Република Македонија, особено по акцијата на власта во една од населбите на Куманово, наречена “Дива населба”, против укотвената терористичка група на Албанци од Косово, со цел да ја дестабилизираат Република Македонија, ние од иселеништвото сме на страна на актуелната влада предводена од премиерот Никола Груевски.

Во тој конфликт во Куманово, на 9 Мај 2015 година, животите ги изгубија 9 Македонци припоадници на силите на безбедност на републиката-полицајци, а беа ранети 40-мина, за кои ние од иселеништвото длабоко жалиме и сочуствуваме со болките на нивните најмили семејства и најблиски граѓани ираководители на актуелната власт на Република Македонија.

Западните медиуми, специјално европските, кои се под контрола на институциите на ЕУ и ЕП и НАТО, не спомнуваат никакви Албански терористи, спомнуваат платеници или криминалци и ги затајуваат вистинските настани во Куманово, со нивни сомнителни претпоставки, за наводно исцениран напад од страна на безбедносните органи на Република Македонија!?

Македонската актуелна коалиционан власт составена од ВМРО-ДПМНЕ –Македонци и од ДУИ Македонски Албанци (Шиптари или Шифтари), на друг правилен начин ја известува македонската и светска јавност, со повеке детали од терористичкиот напад во Куманово и случките поврзати со тоа, во миналите недели, специјално медиумите и институциите на републиката, како и поедини невладини Македонски патриотски организации.

Единствено министерот за надворешни работи на Руската Федерација, Лавров ја запозна светската јавност, како што беше вистината во Куманово, дека тоа е дело на западните држави кои сакаат да ја дестабилизираат Македонија и да створат друг Мејдан, како во Украина, каде настана војна. Исто така Лавров оцени дека таа дестабилизација на Македонија е со цел да се подели Македонија, помегу Бугарија и Албанија. Исто така додаде тој дека тоа го прави ЕУ и ЕП и НАТО подбуцнати од САД, бидејки Република Македонија не ги прифати ембаргата на западот против Русија, кои настанаа со војната во Украина, бранејки ги своите Руски граѓани во Украина.

Фактите зборуваат сами по себе, за таа несакана положба на граѓаните на Македонија, кои се вечина Македонци, потоа мањина Албанци (16-20%), Срби, Власи, Турци и други националности, кои досега живеат без големи проблем, како што живеат и други народи и националности во мултукултурните и мултинационалните Австралија, Канада и Америка.

Ова е мое лично мислење и мислење на поголем број Македонски патриоти во диjаспората. Посебно во Австралија, како деценијски активисти на македонското движење, кое се бореше, со дипломатски средства, против комунизмот во СФР Југославија-СР Македонија и начелно на европското тло –СССР и Источно европските комунистички и социјалистички држави.

Да ве потсетам и напомнам дека, во годините после Втората светска војна, во 4-5 деценијска активност, македонските патриоти избегани преку граници од комунистичка и социјалистичка Југославија и Македонија, успееја да створат национално и демократско движење во диаспората Движење за Ослободување и Обединување на Македонија (ДООМ), кое движење успеа да оснива Демократска Партија за Македонско Национално Единство (ДПМНЕ). ДПМНЕ заедно со додатната скратеница на Внатрешна Македонска Револуционаерна Организација (ВМРО), која го организира и водеше Илинденското востание на Македонија, отпочнато на 2 Август 1903 година, против Отоманското петвековно ропство. се оснива ВМРО-ДПМНЕ, во 1990 година во диаспората, а истата година се пренесе во СР Македонија. Во тоа време СР Македонија, која сеуште беше дел од СФР Југославија, стана плурална-повекепартијска држава, за прв пат во нејзината најнова историја.

Така ВМРО-ДПМНЕ, на 17 Јуни 1990 година званично се оснива во градот Скопје, која од тогаш стана популарна меѓу македонскиот народ. Војната помегу републиките на СФРЈ изнуди, на помирен начин да се организира македонскиот народ, за да одржи референдумот на 8 Септември 1991 година. На тој референдум успеа да створи Самостојна Суверена Република Македонија. Следеа парламентарни избори, истата година, во која учедствуваа новоформираните национални политички партии, мегу која продолжи, дотогаш владеачката Комунистичката Партија на Македонија (КПМ-СКМ), која го смени името во Социјалистичка Демократска Патија на Македонија (СДСМ). На тие парламентарни избори победи ВМРО-ДПМНЕ, но бидејки раководството немаше никакво искуство во дипломатско водење на новате своја партија, претседател стана човек кој беше близок соработник на Маршал Тито, човек кој во својот претседателски мандат, направи најголем грев на својот Македонски народ, од неукост за својата национална историја, што до ден денешен страдаат македонците. Исто така бившите  комунисти од предходната влада на СР Македонија, а сега СДСМ, на овие При парламентарни збори, во 1991 година, имајки извесно искуство од водење на републиката, иако во склоп на Југословенската федерација, на лукав начин стана водечка партија на Република Македонија, иако ВМРО-ДПМНЕ победи на изборите.

П р о д о л ж у в а

Најново од: Дијаспора

Илјадници наши иселеници летово во Македонија

Фиданка Танаскова Посети и дружење за незаборав Д-р Ицо Најдовски Перин од Мелбурн помина два месеца во родната земја, исполнети со средби, патувања и дружење. Летово, во своја Македонија, на балканската крстосница во јужниот дел на Европа, допатуваа илјадници наши сонародници од различни генерации, кои низ годините заминале на разни страни од светот. Оживеаја многу […]

Градот Мелбурн им се извини на Македонците

Градскиот совет ги покани македонските играорци повторно да настапат на парадата Мумба во 2027 година, со дозвола да го истакнат знамето со Ѕвездата од Кутлеш.   Градот Мелбурн на 16 ноември 2026 година официјално ѝ се извини на македонско-австралиската заедница поради одлуката со која во март на македонските учесници на парадата Мумба им беше забрането […]

Мито Алексовски од Полска во 2010 година: Името Македонија му припаѓа на македонскиот народ

Името и другите државни вредности на Македонија не се приватни сопствености на политичарите а, ни на било која партија. Тоа се сопствености на целиот македонски народ. Исто така тоа не е стока за продавање и не постои  начин не можат да бидат тема на политички разговори или дипломатски трговии. Кој го прави тоа е предавник […]

Се одржа Јубилејна „Егејска вечер“ и семакедонската средба во Штип

Јубилејната „Егејска вечер“ и семакедонската средба во Штип ги собраа Македонците од Грција, Бугарија и Албанија, како и Македонците од Егејска Македонија кои денес живеат во Република Македонија. Од средбата беше упатена порака за зачувување на македонскиот идентитет, поцврсти врски меѓу заедниците и поголемо внимание од институциите кон нивните права. Едмонд Темелко, поранешен градоначалник на […]

Апел на Друштвото на Македонците во Полска од 28 мај 1994 година

Друштво на Македонците во Полска Гдањск, 28 мај 1994 година До Претседателот, Владата и Парламентот на Република Македонија АПЕЛ Ние, Македонци – бегалци од егејскиот дел на Македонија, здружени во Друштвото на Македонците во Полска, апелираме до Претседателот, Владата и Парламентот на Република Македонија да не се откажуваат од името „Република Македонија“, знамето, сонцето – […]

ОМД успешно ја заврши втората турнеја низ Германија

Од 2 до 8 ноември 2026 година, Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) посети пет германски града. Се сретнавме со македонските заедници, ја претставивме нашата работа и направивме нови чекори кон формирање на ОМД Германија. По првата турнеја во март, вториот дел собра семејства, професионалци, здруженија и институции. Еве краток преглед на секоја станица. Бретен (Карлсруе) 2 […]

Македонската црква Свети Кирил и Методиј во Чикаго

Македонската православна црква „Свети Кирил и Методиј“ во Чикаго е духовно собиралиште на македонските иселеници и место за зачувување на православната вера, македонскиот јазик и традициите од татковината. Во далечната 1979 година, Македонците од Чикаго го направиле првиот поголем чекор кон остварувањето на својот сон – купиле постара црква во Бервин, Илиноис, и веднаш започнале […]

Семакедонска средба на 14 ноември во Штип

Традиционалната Семакедонска средба годинава ќе се одржи на 14 ноември 2026 година, сабота, со почеток во 12:00 часот, во хотелот „Оаза“ во Штип. Организатори на средбата се Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ од Штип и Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија „МАКЕДОН“. За […]

To top