Историја

Битола балканскиот Верден во Првата Светска Војна

Srpska vojska vo bitola

Srpska vojska vo bitola

Битола како вилаетски центар  а пред тоа и ејаетски центар на целиот Румелиски ејает во втората половна на 19 век преставувал и преставува еден од нејпознатите гградови на Балканот а можеме да кажеме дека тој е и неформален втор “главен” град на република Македонија.

Како конзулски град Битола бил и центар на европската култура во османлиска Македонија што било реткост во тоа време и слично влијание во Македонија можело да се забележи само во Солун.

По Балканските војни, Битола останува окупирана од србите,крајно разорена,економски и архитектонски е руинирана но за време на Првата Светска Војна таа потполно ќе биде разорена од илјадниците гранати кои ќе паднат врз нејзиното тло.

Со самото стапување на Бугарија во војната  во есента 1915 година година Битола е веќе окупирана од бугарските војски и таа ќе преставува важен етапен центар за напредувањето на Централните сили во поглед на Македонија и Балканот.

Бугарските позиции во овој предел ќе бидат загрозени од продорот на силите на Антантата преку Леринската офанзива која што ќе се изведе како начин за заробување на териториите кои што биле под бугарска власт односно да се постигне ослабување на позициите на Централите сили на територијата на Македонија.

Силите на Антантата напаѓаат и тие го заземаат Кајмакчалан на 2 октомври и продолжуваат кон Битола.Откако Централните сили го изгубиле Кајмакчалан, формирале заедничка команда за германските и бугарските војски на ова подрачје, со седиште во Скопје на чело со генералот фон Белов, за подрачјето на завојот на реката Црна-заедничка германско-бугарска дивизија под команда на генералот фон Хипел.

На 6 октомври француските и српските воени сили извршиле силно бомбардирање врз германско-бугарските војски, а потоа во реонот на реката Црна од село Скочивир до Брод дошло до мошне жестоки борби, по кои сојузничките војски успеале да ја преминат Црна Река.По битката на Црна Река на 26 октомври 1916 бугарските војски полека почнуваат да ги губат своите сили и почнуваат да се повлекуваат преку Ивени,Тепавци се до битола и да се стационираат на падините на Баба Планина и на месноста Црн Врв од каде што во една крајно безизлезна состојба ќе го започнат тешкото бомбардирање на Битола кое што ќе го направи втор град по бројот на бомбардирањата, веднаш после францускиот град Верден.

Бомбардирањата започнуваат во пролтетта 1917 гоидна и преставуваат еден од најтешкиот и најкрвавиот период за Битола во историјата.Бомбардирањата се одвиваат во следниов хронолошки ред:

• 04 март 1917 год., Битола е бомбардирана со преку 2000 гранати со бојни отрови. Покрај другите загинати и осакатени Битолчани забележани се 50-тина од нив кои умираат во страшни маки од дејството на бојните отрови. 

• 19 март 1917 год., Битола е бомбардирана со преку 60 гранати повеќето пак со бојни отрови. Пак има загинати и осакатени Битолчани

• 20 март 1917 год., Битола е бомбардирана со преку 350 гранати пак повеќето со бојни отрови. Загинуваат 47-мина Битолчани, ранети 20-тина а забелеѓани се и 76 разурнати згради. 

• 26 и 27 март 1917 год., Битола е бомбардирана со 93 гранати овојпат повеќето со разурнувачко дејство зашто од истото се тешко оштетени преку 260 згради на Битола. 

• 06-10 мај 1917 год., врз Битола во овие четири дена паѓаат 183 гранати од кои загинуваат 9 Битолчани има поголем број ранети а оштетени се 15 згради. Смалениот број на жртви укажува дека заради постојаните бомбардирања веќе граѓаните се привикнуваат и изгледа организираат повнимателно. 

• 12-14 мај 1917 год., Битола е бомбардирана со 226 гранати, загинуваат 8 лица а оштетени се 40 згради. 

• 18-19 мај 1917 год., врз Битола паѓаат 30 гранати од кои загинуваат 9 лица, а 8 згради се разурнати. 

• 07-09 јули 1917 год., врз Битола паѓаат 146 гранати гранати од кои загинуваат 4 лица, а 9 куќи се разурнати. 

• 04 август 1917 год., е ден на најжестокото бомбардирање на Битола врз која паѓаат преку 2000 гранати, градот е запален, има страотен број од мртви, осакатени и ранети лица кои заради хаосот кој не може со денови да се среди никогаш и не се утврдува особено зашто и наредните денови продолжуваат жестоиките бомбардаирања. 

• 08 август 1917 год., Битола веќе завет од град е цел на повторен бугарско-германски артилериски жесток оган. Врз градот паѓаат 1764 гранати од кои загинуваат 18 лица, ранети се 15 а повторно горат повеќе од 620 куќи, главно во центарот на градот. 

• 21 и 22 август 1917 год., врз Битола паѓаат 665 гранати, загинуваат 3 а ранети се 5 лица, разурнати се 44 згради.

• 04 октомври 1917 год. , Битола се бомбардира повторно со непознат број гранати но кој е собран со бомбардаирањата од о7 и 08 октомври и севкупно изнесува 1057 гранати. И повторно се збирни и жртвите од трите бомбардаирања – 7 лица и 37 згради разурнати. 

• 07 и 08 октомври 1917 год., Битола овие два дена е цел на последните забележани жестоки бомбардирања од бугарско-германските артилериски позиции со вкупен број од претходното на 04 октомври (1057 гранати, 7 лица загинати и 37 разурнати згради). 

Овој период станува еден од најжестоките и еден од најкрвавите во македонската историја во кој Битола беше гранатирана со повеќе од 2000 гранати и изгубила многубројни свои жители.

Васко Гичевски

Најново од: Историја

Александар Трети Македонски освојува голем дел од Мала Азија

Од победата кај Граник до походот кон Киликија: освојувањата, легендата за Гордиевиот јазол и опасната болест што го запрела неговото напредување. Во првата година од војната Александар Македонски постигнал големи успеси. По победата кај Граник, голем дел од Мала Азија, сè до реката Сангар, паднал под негова власт. Персиската флота ги изгубила пристаништата на тој […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

Под каков идентитет се земаа и се иселуваа македонските деца?

Едно од најзначајните прашања со кои се запознав при истражувањето на чедособирството, а на кое не му е дадено соодветно внимание, е разликата во ставовите меѓу славофонските и грчкофоните села во северна Грција. Извештајот на УНСЦОБ известуваше за расположението на селаните во славофонските области и реони: тие, воопшто земено, биле многу подготвени да им дозволат […]

Крушоради, 1902: последната борба на војводата Дине Кљусов

На 28 септември 1902 година, по целодневна борба во Крушоради, Леринско, загинале војводата Дине Кљусов и тројца негови соборци. Нивната чета била предадена и опколена од османлиската војска. Дине Кљусов бил еден од револуционерите што дејствувале во четата на Марко Лерински. Во 1902 година Леринско било погодено од потери, предавства и вооружени судири. Кљусов учествувал […]

Востанието се проширува во Серскиот округ

Илинденското востание не завршило со падот на Крушевската Република. На 27 септември 1903 година, на Крстовден, започнале планираните востанички дејства во Серскиот револуционерен округ. Во летото 1903 година, додека во Битолско веќе се воделе жестоки борби, револуционерите во Серскиот округ се подготвувале за дејствување. На конгресот одржан во Пирин било решено востанието таму да започне […]

Драмското востание во 1941 година: отпор и трагедија во Егејска Македонија

Во ноќта меѓу 28 и 29 септември 1941 година, востаници во Драмско се кренале против бугарската окупациска власт. Востанието траело кратко, но репресалиите што следувале оставиле длабока рана во источниот дел на Егејска Македонија. По окупацијата во 1941 година, населението во Драмско живеело под воена и полициска контрола. Во такви околности бил организиран вооружен отпор, […]

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Владеењето на Александар Македонски со провинциите Лидија и Карија

Историјата на Јонците покажува дека тие постојано го чувствуваа јаремот на туѓинецот како товар. Тие не се караа, туку ја почитуваа слободата како најголем благослов. Записот на Приен од третиот век ни дава благороден израз на оваа идеја кога вели: „Нема поголемо нешто за античкиот грчки човек од слободата“. На прашањето како Александар Македонски ги […]

To top