Историја

Кралската Српска влада заклучи договор со мене за издавање дело за Македонија

evala

МЕМОРАНДУМ НА СПИРИДОН ГОПЧЕВИЌ ОД ВИЕНА ЗА ИЗДАВАЊЕ НА НЕГОВОТО ДЕЛО ЗА МАКЕДОНИЈА

evala

“Кралската Српска влада заклучи договор со мене за издавање дело за Македонија. Во овој договор Кралската (Српската) влада се обврза, дека ќе депонира сума од 11.000 динари во злато кај Виенското пратеништво со цел обнародување на делото и дека ќе ми исплати 12. 500 динари во злато во месец ноември 1888…но за жал морам да констатирам дека Кр. Срп. влада не депонирала ниеден динар кај Виенското пратеништво…

Без пари неможам ништо да направам…

Ако владата не сака делото да се обнародува во 1889 год. или уште подоцна, така што ќе се осуети целта на издавањето – тогаш е неопходно да добијам барем половина од договорената сума што побрзо.

…Почнав да го пишувам делото и имам готови 130 страни од ракописот. Морав да ја прекинам работата бидејќи најдов за нужно да ја исправам, генералштабната карта и да ја пишувам статијата за “Петермансс Миттеилунген”. На првата поправив 1800 имиња,

избришав 50 имиња а упишав 200 нови имиња; освен тоа ја констатирав во Картата величината од речиси сите места, Начелникот на ц. Кр. војничко-географски институт (Фејдмарцхалл-Леутенант вон Њанка) ми честиташе што толку сум поправил, и рече дека австриската влада морално ќе ги потпомогне картите за моето дело така ефтино како што е можно…

…Од карти моето дело ќе го добие следново:

1) етнографска карта , 1: 300.000, во 10  бои, два листа од по 56 х 49 см, а два од по 56 х 36 см. Оваа карта ќе биде меродавна за дипломатијата и за целиот свет, бидејќи никој нема да може да направи поголема или подобра карта. Кога ќе биде разделена Турција според Конгресот тогаш само мојата карта  ќе служи како те-       мел.

2) прегледна карта 1:750 000, во исто време лингвистичка карта, и како таква  во 6 бои: еден лист од 44х40 см…

…Во текстот за оваа Карта (1: 1750.000) – 80 ракописни страни – докажував дека Македонците се Срби. Г. Милан Богиќевиќ (кому му го прочитав овој труд и му ја покажав Картата) беше многу задоволен и рече дека не мисли дека тоа може подобро и попосведочено да се докажува отколку што е направено во мојот труд.

Сега мора да ги читам сите книги  во кои се зборува за Македонија; значи  2 од Хахн, 2 од Мацкенсеие-Ирбѕ, 2 од Грисебацх, 3 од Леак, 5 од Цоисинерѕ, 2 од Боуе, 1 од Бартх, 1 од Офејков, 6 од Милојевиќ, 1 од Протиќ, сите години на “Српство” неколку свески на руски “Из-вестија”, 2 книги од Пулевски, 3 од Поугуелл, значи цела библиотека. Делото, значи, нема толку брзо да напредува и нема да се печати пред февруари. Сепак делото може да се обнароди на 1 април ако владата постапува според договорот.

Трошокот околу издавањето нема да биде мал. Ако ја посматрам огромната граѓа за делото, број на слики, карти и красната  “Аусстаттунг” тогаш се сомневам дека 11.000 динари ќе бидат доволни; по своја прилика делото од 640 страни 40 слики и 5 карти во 8-10 бои ќе чини околу 13.000 динари. Кога се гледа целта на обнародувањето и користа, тогаш оваа сума е смешно мала – Бугарите му платиле на Лавеллаѕе 60.000 дин. За неговото незнатно дело! – но во Србија се штедат парите често токму тогаш, кога треба дсе жртвува со полни раце…

…Ако владата реши делото да се издаде на француски и англиски превод… Во тој случај треба природно да има 45.000 динари на располагање, за да нема подоцна неприлики и забуни. Бугарската влада жртвува секоја година преку 2 милиони за целта да ја побугари Македонија, да го купува јавното мислење и да  подготвува идна анек-сија на Македонија; зарем Србија нема маленкост од 45.000дин. за оваа иста цел.

Спиридон Гопчевиќ
книжевник од Виена”

Архив Србије, МИД  ПО ф: И, досије ИВ, Пов. бр. 107/1889;

Граѓа за историјата на македонскиот народ

од Архивот на Србија…, т. ИВ, кн.3  док. 83, стр.205-208;

Најново од: Историја

Александар Трети Македонски освојува голем дел од Мала Азија

Од победата кај Граник до походот кон Киликија: освојувањата, легендата за Гордиевиот јазол и опасната болест што го запрела неговото напредување. Во првата година од војната Александар Македонски постигнал големи успеси. По победата кај Граник, голем дел од Мала Азија, сè до реката Сангар, паднал под негова власт. Персиската флота ги изгубила пристаништата на тој […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

Под каков идентитет се земаа и се иселуваа македонските деца?

Едно од најзначајните прашања со кои се запознав при истражувањето на чедособирството, а на кое не му е дадено соодветно внимание, е разликата во ставовите меѓу славофонските и грчкофоните села во северна Грција. Извештајот на УНСЦОБ известуваше за расположението на селаните во славофонските области и реони: тие, воопшто земено, биле многу подготвени да им дозволат […]

Крушоради, 1902: последната борба на војводата Дине Кљусов

На 28 септември 1902 година, по целодневна борба во Крушоради, Леринско, загинале војводата Дине Кљусов и тројца негови соборци. Нивната чета била предадена и опколена од османлиската војска. Дине Кљусов бил еден од револуционерите што дејствувале во четата на Марко Лерински. Во 1902 година Леринско било погодено од потери, предавства и вооружени судири. Кљусов учествувал […]

Востанието се проширува во Серскиот округ

Илинденското востание не завршило со падот на Крушевската Република. На 27 септември 1903 година, на Крстовден, започнале планираните востанички дејства во Серскиот револуционерен округ. Во летото 1903 година, додека во Битолско веќе се воделе жестоки борби, револуционерите во Серскиот округ се подготвувале за дејствување. На конгресот одржан во Пирин било решено востанието таму да започне […]

Драмското востание во 1941 година: отпор и трагедија во Егејска Македонија

Во ноќта меѓу 28 и 29 септември 1941 година, востаници во Драмско се кренале против бугарската окупациска власт. Востанието траело кратко, но репресалиите што следувале оставиле длабока рана во источниот дел на Егејска Македонија. По окупацијата во 1941 година, населението во Драмско живеело под воена и полициска контрола. Во такви околности бил организиран вооружен отпор, […]

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Владеењето на Александар Македонски со провинциите Лидија и Карија

Историјата на Јонците покажува дека тие постојано го чувствуваа јаремот на туѓинецот како товар. Тие не се караа, туку ја почитуваа слободата како најголем благослов. Записот на Приен од третиот век ни дава благороден израз на оваа идеја кога вели: „Нема поголемо нешто за античкиот грчки човек од слободата“. На прашањето како Александар Македонски ги […]

To top