Историја

Манифест на австрискиот цар Леополд И до балканските народи (1690 г.)

Leopold I of Habsburg

Leopold I of Habsburg„Ние, Леополд I (австриски цар и унгарски крал 1657-1705 г., н.б.)…

На сите народи, кои зависат од нашето наследно Унгарско кралство и на сите други што ќе го читаат ова или слушнат за него, особено на албанскиот народ (им ја искажуваме) нашата царска и кралевска милост и (им пожелуваме) секое добро.

Нека ви биде познато дека Турската војна ( се однесува на Австро-турската војна, н.б), на која неправедно сме предизвикани, поради кршење на договорот, според нашата царска и кралска должност, уверени во божјата закрила и правдата на нашето дело, ја водиме единствено со таа цел – народите, кои по правиотот нам ни се потчинети… како и сите други христи-јани – да ги отргнеме од страшното турско ропство и да им ја вратиме претходнатта слобода, претходните привилегии и претходното единство со телото од кое што зависат, откако отс-транивме секаква злоупотреба и ја поправивме штетата, сторена од турската тиранија, како и да го вратиме секому неговото право. 

Поради тоа љубезно ги повикуваме сите народи, населени низ цела Албанија, Сервија, Мизија, Бугарија, Силистрија, Илирија, Македонија, Рашка, како и другите земји, што зависат од гореспоменатото наше Унгарско кралство, и сите други народи од споменатото наше Унгарско кралство, и сите други народи кои стенкаат под турскиот јарем, да одговорат на нашата побожна и татковска желба и во оваа толку поволна околност, кога силите на Турците се сотрени во многубројните порази од нашето победоносно оружје, да преминат сите на наша страна и да земат оружје против Турците, за својот спас и ослободување и за напредок на христијанската религија.”

Јован Радоњиќ и Мита Костиќ, Српске привилегије од 1690 до 1792. САНУ, Посебна издања. CCXXV. Нова серија Књ.10, Београд 1954, стр 26-27;

Документи за борбата на македонскиот народ…,т.I, док.108, стр.157-158;

Најново од: Историја

Александар Трети Македонски освојува голем дел од Мала Азија

Од победата кај Граник до походот кон Киликија: освојувањата, легендата за Гордиевиот јазол и опасната болест што го запрела неговото напредување. Во првата година од војната Александар Македонски постигнал големи успеси. По победата кај Граник, голем дел од Мала Азија, сè до реката Сангар, паднал под негова власт. Персиската флота ги изгубила пристаништата на тој […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

Под каков идентитет се земаа и се иселуваа македонските деца?

Едно од најзначајните прашања со кои се запознав при истражувањето на чедособирството, а на кое не му е дадено соодветно внимание, е разликата во ставовите меѓу славофонските и грчкофоните села во северна Грција. Извештајот на УНСЦОБ известуваше за расположението на селаните во славофонските области и реони: тие, воопшто земено, биле многу подготвени да им дозволат […]

Крушоради, 1902: последната борба на војводата Дине Кљусов

На 28 септември 1902 година, по целодневна борба во Крушоради, Леринско, загинале војводата Дине Кљусов и тројца негови соборци. Нивната чета била предадена и опколена од османлиската војска. Дине Кљусов бил еден од револуционерите што дејствувале во четата на Марко Лерински. Во 1902 година Леринско било погодено од потери, предавства и вооружени судири. Кљусов учествувал […]

Востанието се проширува во Серскиот округ

Илинденското востание не завршило со падот на Крушевската Република. На 27 септември 1903 година, на Крстовден, започнале планираните востанички дејства во Серскиот револуционерен округ. Во летото 1903 година, додека во Битолско веќе се воделе жестоки борби, револуционерите во Серскиот округ се подготвувале за дејствување. На конгресот одржан во Пирин било решено востанието таму да започне […]

Драмското востание во 1941 година: отпор и трагедија во Егејска Македонија

Во ноќта меѓу 28 и 29 септември 1941 година, востаници во Драмско се кренале против бугарската окупациска власт. Востанието траело кратко, но репресалиите што следувале оставиле длабока рана во источниот дел на Егејска Македонија. По окупацијата во 1941 година, населението во Драмско живеело под воена и полициска контрола. Во такви околности бил организиран вооружен отпор, […]

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Владеењето на Александар Македонски со провинциите Лидија и Карија

Историјата на Јонците покажува дека тие постојано го чувствуваа јаремот на туѓинецот како товар. Тие не се караа, туку ја почитуваа слободата како најголем благослов. Записот на Приен од третиот век ни дава благороден израз на оваа идеја кога вели: „Нема поголемо нешто за античкиот грчки човек од слободата“. На прашањето како Александар Македонски ги […]

To top