Историја

Активноста на кружокот и весникот „Македонија“ (Софија, јуни 1888 год.)

kosta-sahov

КОСТА ШАХОВ И ДИМИТАР МАКЕДОНСКИ ОРГАНИЗИРААТ КРУЖОК И ГО ИЗДАВААТ ВЕСНИКОТ „МАКЕДОНИЈА”

kosta-sahov„Првата грижа ми беше да се запознаам со некои наши сотатковинци тука. Покојниот Миле Манче ме запозна првин со господин Д. В. Македонски и потоа со некои други. Уште тогаш јас ја објаснив мојата цел со издавањето на весникот и се посоветував што да се прави за едно загрупируваање. Решивме да се свика едно собрание од повидните Македонци во хотелот Конкордија… Заедно со г. Македонски ние направивме список на лицата… Им објаснив дека ние Македонците сме должни да се загрупираме и да работиме колку што е можно за да ни се олесни положбата во Македонија и затоа сум го почнал весникот. Реков дека овој весник сум го почнал не да ми биде мој личен орган, а да биде македонски, општ, и дека од парична поддршка нема потреба, зашто имаше 1500 претплатници и беа достатни. Собра-нието ми заблагодари и реши да се згрупираат привремено сите околу Редакцијата, имајќи ја предвид положбата тука под Стам-болова, па избра меѓу себе уште четворица, покрај мене, коишто го составуваа Редакциониот комитет. Тие петмина бевме: Д.В. Македонски, А. Икономов, Хар. Анастасов, Кирил Стојанов и јас. Меѓутоа уште утрото „Свобода почна со своите заплашувања, та во редакцијата зеде учество само Д.В. Македонски со мене и така теравме до крајот на годината”.

ЗА ЗАТВОРАЊЕТО НА ПЕЧАТНИЦАТА „МАКЕДОНИЈА”

„Тајните и јавните агенти го заплашуваа редакторот и му предлагаа барем името „Македонија” да го замени со друго, бидејќи покојниот Стамболов, иако го дразнеше содржината, избегнуваше да го запре официјално под тоа име за да не остави лош спомен пред Македонците. На крајот тогашниот кмет Петков се досети за да ги заплаши Македонците што работеа во „Македонија” со отпуштање од службата за ги дигне против редак-торот Шахов. И навистина, исплашени за својата положба, тие, иако немаа никаква омраза против него, најнапред го молеа да го смени името на весникот, а кога тоа не им успеа, му се за-кануваа дека ќе му ја растурат печатницата… и дека ќе го претепааат. Пред да се исполни оваа закана, се појави заговорот на мајорот Паница и власта презеде крупни мерки и вооопшто и против печатот, па ја затвори печатницата “Македонија”, и со тоа го спречи понатамошното издавање на весникот. Не се појави потреба официјални агенти да стапат во дејство. Скоро цели 2-3 месеци весникот „Македонија” не можеше да излегува…”

Редакцинија Комитет (К. Шахов), Објаснение, „Македонија”, XXIII, 9 (497), од 6.ЏИ.1910, стр.4;

Д. Шахов, Едно осветление на нашите работи, „Глас Македонски”, II, 50, од 26 ноември 1895, стр.3-4;

Најново од: Историја

Александар Трети Македонски освојува голем дел од Мала Азија

Од победата кај Граник до походот кон Киликија: освојувањата, легендата за Гордиевиот јазол и опасната болест што го запрела неговото напредување. Во првата година од војната Александар Македонски постигнал големи успеси. По победата кај Граник, голем дел од Мала Азија, сè до реката Сангар, паднал под негова власт. Персиската флота ги изгубила пристаништата на тој […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

Под каков идентитет се земаа и се иселуваа македонските деца?

Едно од најзначајните прашања со кои се запознав при истражувањето на чедособирството, а на кое не му е дадено соодветно внимание, е разликата во ставовите меѓу славофонските и грчкофоните села во северна Грција. Извештајот на УНСЦОБ известуваше за расположението на селаните во славофонските области и реони: тие, воопшто земено, биле многу подготвени да им дозволат […]

Крушоради, 1902: последната борба на војводата Дине Кљусов

На 28 септември 1902 година, по целодневна борба во Крушоради, Леринско, загинале војводата Дине Кљусов и тројца негови соборци. Нивната чета била предадена и опколена од османлиската војска. Дине Кљусов бил еден од револуционерите што дејствувале во четата на Марко Лерински. Во 1902 година Леринско било погодено од потери, предавства и вооружени судири. Кљусов учествувал […]

Востанието се проширува во Серскиот округ

Илинденското востание не завршило со падот на Крушевската Република. На 27 септември 1903 година, на Крстовден, започнале планираните востанички дејства во Серскиот револуционерен округ. Во летото 1903 година, додека во Битолско веќе се воделе жестоки борби, револуционерите во Серскиот округ се подготвувале за дејствување. На конгресот одржан во Пирин било решено востанието таму да започне […]

Драмското востание во 1941 година: отпор и трагедија во Егејска Македонија

Во ноќта меѓу 28 и 29 септември 1941 година, востаници во Драмско се кренале против бугарската окупациска власт. Востанието траело кратко, но репресалиите што следувале оставиле длабока рана во источниот дел на Егејска Македонија. По окупацијата во 1941 година, населението во Драмско живеело под воена и полициска контрола. Во такви околности бил организиран вооружен отпор, […]

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Владеењето на Александар Македонски со провинциите Лидија и Карија

Историјата на Јонците покажува дека тие постојано го чувствуваа јаремот на туѓинецот како товар. Тие не се караа, туку ја почитуваа слободата како најголем благослов. Записот на Приен од третиот век ни дава благороден израз на оваа идеја кога вели: „Нема поголемо нешто за античкиот грчки човек од слободата“. На прашањето како Александар Македонски ги […]

To top