(1 септември 1800 година)

“До нашиот румелиски кајмакам во Битола, високомоќниот Есеид Селим-ага -да му се умножи славата – се соопштува:
Врз основа на содржината од твоето испратено писмо во кое се вели дека во Долен и Горен Дебар се собрале многу разбојници со цел да ја опљачкаат Прилепската каза; дека тие биле готови да тргнат; дека таа банда на злосторници и бунтовници била многубројна и дека одбраната од нив и нивното одбивање била од воена природа и барала големи напори и многу војска, – се назначува и се испраќа првиот меѓу знаеитите и првенците… високомоќниот Мехмед-беј… и му се ставаат под негова команда ајаните од казите -Скопје, Штип, Тиквеш, Кичево, Кукуш и Струмица.
По приемот на знаење, а до пристигнувањето на спомнатиот командант, да напишеш од твоја страна и да испратиш наредби до кого е нужно и да ги повикаш и собереш при себе ајаните, агите од тие области и да пројавиш, како што се очекува од тебе, родољубие и да вложиш многу сили за ликвидирање на злосторниците. Да се чуваш и да одбегнуваш од спротивни постапки на целта.
…За оваа цел да го жртвуваш сонот и комодитетот и до пристигнувањето на војската и спомнатиот командант, да постапуваш како што е горе изложено и крајно да се чуваш од спротивното.
Во таа смисла се пишува и се издава оваа повелба на Румелискиот совет…”
Напишано на 7 џемази – ул – евел 1215 година. ( 26. IX.1800 год.)
Турски документи за македонската историја, т.I Државен архив на НРМ, Скопје, 1951, стр.23;