Историја

Состојбата на српските училишта во Македонија (26 мај 1889 год.)

kosta-hristic

ИЗВЕШТАЈ НА КОСТА ХРИСТИЌ, ГЕНЕРАЛЕН КОНЗУЛ ВО СОЛУН ЗА СОСТОЈБАТА НА СРПСКИТЕ  УЧИЛИШТА ВО МАКЕДОНИЈА

kosta-hristic“Господине Министре,

Во прилогов, чест ми е да Ви испратам список на  школи во Македонија и Стара Србија…

Од тој список ќе повелите да видите, како бедно стоиме со српските школи. Може да се рече дека во Македонија и немаме никакви школи. Напротив, Бугарите се вовлекле до под самата српска граница. Ние  не само со нив, но дури и со влашките школи не можеме да се споредуваме.

Бугарите работат живо и располагаат со огромни средства. Во самиот Солун и околината, како што известив, трошат на школите, и воопшто на својата пропаганда до 30.000 лири годишно.

Овде во Солун имаат своја печатница. И за да избегнат секоја неприлика, која би можела да им се направи од страна на тутрските власти, тие таа печатница ја водат на име на некој италијански евреин “Муратори”. Всушност печатницата е на некој Бугарин Самарџиев, кој овде има и своја книжарница.

Овие денови почнаа да го печатат месечниот часопис “Книжници” на кој  тенденцијата му се гелда од самата содржина. На тие “ книжници” првобитниот наслеов им беше “Св. Кирил и Методија”, но турците го забранија. Ви ја праќам на увид првата свеска од тој часопис.

Во мојот извештај за српските школи (П Н 44) јас ги изложив своите мисли за српските школи во Ммакедонија. Јас тоа морам да го повторам и сега. Не само во Солун, туку и во внатрешноста, би можел, држам, да се покаже успех, ако се обидеме да отвориме школи со сигурни наши луѓе, а турски поданици. Можеби тоа потешко би одело кај турската недоверливоаст  и страшните бугарски  интриги и денунцијации, но сепак би бил направен каковгоде успех. Признавам повторно дека за тоа  и материјални средства и помош,  кои  за жал нам ни недостасуваат.

Втора работа на крајот на која свртувам внимание, тоа се трговските прилики во Солун….тие прашања за особено за мене се нови, јас во прв ред запазив, во трговски поглед, силна спротивност на интересите на Австро-Унгарија од една, и приморските држави Англија, Италија, Франција и Белгија од друга страна. Еманципацијарта на нашата трговија од Австро-Унгарската не води во согласност со трговската политика на приморските држави. Особено во тоа Белгија е заин-тересирана…. Особено нашите цереалии силно влијаеа во тоа. Белгискиот конзул ми говореше…како српскиот јачмен, кој е најден како подобар од македонскиот, имал силен извоз за Белгија. Само кога толку не би била висока железничката тарифа.

Тоа што важи за тие, важи и за други производи. Така би можела нашата крупна стока за да извезува во Грција…”

Архив Србије, МИД  ПО, ф:  III, досије ИИ, Пов. бр. 1329;

Граѓа за историјата на македонскиот народ

 од Архивот на Србија…, т. IV, кн. 3, док.172., стр.437-443;

Најново од: Историја

Александар Трети Македонски освојува голем дел од Мала Азија

Од победата кај Граник до походот кон Киликија: освојувањата, легендата за Гордиевиот јазол и опасната болест што го запрела неговото напредување. Во првата година од војната Александар Македонски постигнал големи успеси. По победата кај Граник, голем дел од Мала Азија, сè до реката Сангар, паднал под негова власт. Персиската флота ги изгубила пристаништата на тој […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

Под каков идентитет се земаа и се иселуваа македонските деца?

Едно од најзначајните прашања со кои се запознав при истражувањето на чедособирството, а на кое не му е дадено соодветно внимание, е разликата во ставовите меѓу славофонските и грчкофоните села во северна Грција. Извештајот на УНСЦОБ известуваше за расположението на селаните во славофонските области и реони: тие, воопшто земено, биле многу подготвени да им дозволат […]

Крушоради, 1902: последната борба на војводата Дине Кљусов

На 28 септември 1902 година, по целодневна борба во Крушоради, Леринско, загинале војводата Дине Кљусов и тројца негови соборци. Нивната чета била предадена и опколена од османлиската војска. Дине Кљусов бил еден од револуционерите што дејствувале во четата на Марко Лерински. Во 1902 година Леринско било погодено од потери, предавства и вооружени судири. Кљусов учествувал […]

Востанието се проширува во Серскиот округ

Илинденското востание не завршило со падот на Крушевската Република. На 27 септември 1903 година, на Крстовден, започнале планираните востанички дејства во Серскиот револуционерен округ. Во летото 1903 година, додека во Битолско веќе се воделе жестоки борби, револуционерите во Серскиот округ се подготвувале за дејствување. На конгресот одржан во Пирин било решено востанието таму да започне […]

Драмското востание во 1941 година: отпор и трагедија во Егејска Македонија

Во ноќта меѓу 28 и 29 септември 1941 година, востаници во Драмско се кренале против бугарската окупациска власт. Востанието траело кратко, но репресалиите што следувале оставиле длабока рана во источниот дел на Егејска Македонија. По окупацијата во 1941 година, населението во Драмско живеело под воена и полициска контрола. Во такви околности бил организиран вооружен отпор, […]

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Владеењето на Александар Македонски со провинциите Лидија и Карија

Историјата на Јонците покажува дека тие постојано го чувствуваа јаремот на туѓинецот како товар. Тие не се караа, туку ја почитуваа слободата како најголем благослов. Записот на Приен од третиот век ни дава благороден израз на оваа идеја кога вели: „Нема поголемо нешто за античкиот грчки човек од слободата“. На прашањето како Александар Македонски ги […]

To top