Култура и туризам

НЕВРОКОПСКИ МИТРОПОЛИТ БОРИС РАЗУМОВ – Новомаченик од комунистичкиот режим

НЕВРОКОПСКИ МИТРОПОЛИТ БОРИС РАЗУМОВ (1888 – 1948)

Новомаченик од комунистичкиот режим

Патот кон Голгота

Неврокопскиот Митрополит Борис (Вангел Симов Разумов) е роден на 8/26 ноември 1888 год. на денот кога Црквата го слави споменот на светиот великомаченик Димитриј Солунски – “Митровден”, во селото Ѓавато – Битолско. Неговиот животен пат по чудесен начин е поврзан со Божјиот угодник свети Димитриј. На “Митровден” точно после шеесет години, облеан во маченичка крв, тој се претстави пред Господа.

Уште како млад, Вангел пројавил љубов кон Словото Божјо. Третиот клас го завршил во машката гим-назија во Одрин во 1904 год. со одличен успех. Есента 1903 год. неговиот татко загинал во Илинденското востание во четата на војводата Георгиј Сугарев.

Во 1904 година Вангел Разумов заминал за Цариград. Таму тој во храмот “Св. Стефан” го привлекол вниманието на егзархот Јосиф. Тој (Јосиф) му помогнал давајќи му стипендија за Цариградската духовна семинарија, каде што во 1910 год. Вангел го завршил богословското образованието со одличен успех. На 10 јуни во храмот “Св. Стефан”, Неврокопскиот Митрополит Иларион го посветил во монашки, ипоѓаконски и ероѓаконски чин, а во 1915 год. ероѓаконот Борис завршил Богословски факултет во Черновиц – Австрија со степен “Доктор по богословие”.

На 25 ноември 1917 год. ероѓаконот  Борис примил монашки сан од Пловдивскиот Митрополит Максим. Светиот Синод му дал задача да ја опслужува црквата на бугарската општност во Будимпешта. Од 1924 до 1926 год. тој ја обавувал функцијата “главен на културно-просветниот оддел во Светиот Синод” и бил предстојател на храмот “Св. Александар Невски” во Софија.

Во следните пет години, до септември 1931 год. Архимандрит Борис бил ректор на Софиската духовна семинарија. Потоа до 1935 год. сега како Епископ, Борис е главен секретар на Св. Синод. Во 1932 год. натоварен е со историската мисија за укинување на схизмата на Православната црква во Бугарија (БПЦ) од Цариградската Патријаршија. Преговорите завршуваат успешно на 22 февруари 1945 год.

На 24 март 1935 год. Епископ Борис е избран за Митрополит во Невро-копската епархија. Таму народот торжествено го пречекал со поздравот: “Добре дојде, Владико Свети”.
 За многу краток временски период Митрополит Борис успеал да изгради над 20 храмови. Го нарекувале “свеста на Бугарската црква” поради неговата исклучителна ерудиција – слободно зборувал тринаесет јазици; и непрекинатата негова борба против атеизмот и комунистичката идеологија. На 29 септември 1948 год. испратил писмо – протест против бесчинствата на комунистичката управа во Неврокопската епархија; до Св. Синод. Митрополит Борис насекаде без страв зборувал дека најголемата трагедија за народот и црквата ќе дојде од Советскиот Сојуз, говорејќи за сталинистичките мерки против побожниот народ и православното свештенство.

Некои од луѓето, неможејќи да поверуваат, прашувале: “Како до Русија?! Па нели од таму ни доаѓаше мирото?! Од Русија ни доаѓаше помош?! Од Русија ни доаѓаа богослужбените книги и црковната “утвар”?! Што направија со Русија?” А дедо Борис им одговараше: Така е, но тешко на еден народ кој ги примил Христовите светињи и не успева да ги сочува! И ако тој народ не се покае, тешко на тој народ”!

Поради тие зборови, окружниот комитет на Комунистичката партија на Бугарија го прогласила за “непријател број 1” на државната власт. Во 1948 год. во “Работничко дело” излегува статија против Митрополит Борис, со на-слов: “Еден недостоен служител на Православната Црква во Бугарија”. И покрај сето тоа, Митрополит Борис не ја прекинува борбата за враќање на цр-ковните имоти и веронауката во училиштата, така што непрекинато ја издава брошурата: “КРИЗАТА ВО НАШЕТО УЧИЛИШТЕ” каде што основната теза е тоа што нашето училиште обучува, но не воспитува.

Во тие тешки денови на искушенија, дејноста на Митрополит Борис се повеќе се засилува. Методиј Симеонов, внук на дедо Борис раскажува како еднаш дедо Борис од самоубиство спасил еден очаен алхохоличар. Тој од самоубиство го избавил и бившиот кмет на Горна Џумаја – Панајот Тасев, кој трагично ги изгубил жената и трите деца…

Еден ден Борис отишол при блиските, па им кажал: “Дојдов да се збогувам, зашто ова ќе биде посладната наша средба. Синоќа имав видение, мојот крај се приближува. Сонував како падна оган од небото и огнот ме грабна на небо. Наскоро ќе одам да го осветам храмот “Св. Димитриј” во селото Карлово и најверојатно таму ќе биде мојот крај”.

На 8/26 ноември 1948 год. Митрополит Борис отслужил празнична Божествена Литургија во селото Карлово. Последните зборови од негова проповед во денот на неговото убиството биле: “Секогаш да си спомнуваме и да се подготвуваме за смртта. Спомнувај си за својот крај и никогаш не ќе згрешиш!” Откако Литургијата завршила, Митрополит Борис ја благословил празничната трпеза, но пред да вкуси од неа бил повикан од расчинетиот свештеник Илија Стаменов од с. Хрсово, кој според сведоштвото на народот бил комунистички курир и шпион. Тој бил расчинет поради кражба на црковен имот и пари, но лично бил помилуван од цар Борис III и ослободен од затворот. Расчинетиот свештенослужител побарал Митрополит Борис да му го врати свештеничкиот сан на што дедо Борис без да се двоуми, цврсто се спротиставил бидејќи тоа е спротивно на црковните канони и учењето на светите Отци. Тогаш новиот Јуда ладнокрвно го застрелал пред очите на целиот народ. Последните изречени зворови од устата на Митрополит Борис во часот на неговата смрт биле: “Немој! Вршиш голем грев! ”

Илија Стаменов бил осуден на седум години затвор од кои одлежал само три под “олеснати” услови, но подоцна завршил во лудница, притоа непрекинато повторувајќи: “Јас го убив…, јас го убив … ”

Последната од 76-те издадени стихотворби
на Митрополит Борис (Разумов) звучи како завет на целиот негов живот:

Пат кон Голгота

– Мојата љубов,
– ангелски покров!
– Мојата надежда,
– девствена одежда!
– Моите мечти,
– огнени звезди!
– Моите желанија,
– пламени страданија!
– Мојата рана врст,
– маченички крст!
– Мојот пат кон животот,
– пат кон Голгота!

превод:
     Ристески Борис Гоце
 

Извадок од:“Кризата во нашето училиште”

Најново од: Култура и туризам

Археолошкиот локалитет „Церје“ кај селото Говрлево, Скопско и локалитетот „Кокино“, Кумановско

Церје, Говрлево, мегалитска опсерваторија Кокино, праисториска Македонија, археолошки локалитети во Македонија, древна македонска историја, бронзено време, праисториска археологија, древни македонски печати, културно наследство на Македонија Исклучително знаење за докажување дека постоела ПРАИСТОРИСКА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА имаат печатите од локалитетот ,,Церје” кај с. Говрлево близу до Скопје. Имено, археологот Милош Билбија во 1982 – 1983 година, при […]

Под Скопското Кале пред повеќе од 5.000 години постоела праисториска населба

Под денешното Скопско Кале, на просторот што со векови претставувал значаен стратешки и историски пункт, се кријат траги од животот на луѓето уште од праисторијата. Археолошките истражувања потврдуваат дека овој простор бил населен многу пред изградбата на средновековното и подоцнежното утврдување. Според археолошките наоди, на подрачјето на Скопското Кале постоела праисториска населба, чии почетоци се […]

МАНАСТИР „СВЕТА ПРЕЧИСТА“ – КРНИНСКИ МАНАСТИР, ДУХОВЕН БИСЕР НА КИЧЕВСКО

Манастирот „Света Пречиста“, познат во народот и како Крнински манастир, се наоѓа на падините на планината Врвои, на надморска височина од околу 920 метри, на приближно 12 километри од Кичево. Сместен во прекрасна природна околина, опкружен со планински шуми и чист воздух, манастирот претставува еден од значајните духовни, културни и историски споменици на Кичевскиот крај […]

Неолитска култура на Централниот Балкан и на Егејот

Во Тесалија, под името Сескло или прото-сескло, културата по локалитетот покрај Volos, потоа уште Pirosasos, па Ahilon, Agrissa, Otzaki, Sufli и Tsani култури. Следат културите: Elatia во Фокида, Heronea во Беотија, Nea Makri во Атика, Корин, Спарта и Лерна на Пелопонез, Knos и Kato лерапетра на Крит, Amorgos, Lemnos итн. на егејските острови. Археолошките наоди […]

Асеманово евангелие е средновековен македонски книжевен споменик

На фотографијата се гледаат два столба со глаголски текст и големи црвени иницијали. Страницата е дело на калиграфот Георги Гоце Дуртаноски, кој со својот препис го доближува до денешниот читател изгледот на еден од најстарите зачувани словенски ракописи – Асемановото евангелие. Глаголски ракопис од X–XI век Асемановото евангелие е напишано на старословенски јазик со обла […]

„Св. Преображение“ во Зрзе – од пештерните испосници до средновековниот иконопис

На врвот на бигорната карпа западно од прилепското село Зрзе се издига манастирската црква „Св. Преображение“. Под неа, по падините на карпата, се зачувани остатоци од монашка населба чии почетоци археолозите ги датираат кон крајот на IX век. Кога во XIV век била подигната црквата на горното плато, во пештерите под неа веќе со векови […]

Ангелот од Курбиново и загатката за непознатиот ктитор

Опис од приложената фотографија: Западната фасада на црквата „Свети Ѓорѓи“ во Курбиново, Преспа. На падините над Преспанското Езеро, кај селото Курбиново, стои еднокорабната црква „Свети Ѓорѓи“. Зад нејзината едноставна камена фасада е зачуван еден од највпечатливите фрескоживописи од крајот на XII век. Меѓу насликаните ликови, погледот најдолго се задржува на архангелот Гаврил. Наборите на неговата […]

Манастирот „Св. Рожденство на Пресвета Богородица“ во Согле

На околу три километри од селото Согле, во шумскиот предел на Азот, се наоѓа манастирот „Св. Рождество на Пресвета Богородица“. Комплексот е на територијата на Општина Чашка, на околу 30 километри југозападно од Велес. Од селото до манастирот води земјен пат. Манастир изграден со помош на околните села За почетоците на манастирот има малку пишани […]

To top