Култура и туризам

Од минатото на Тиквешијата

Писма

Во нашето семејство почнавме да добиваме писма уште во 1888 година. Тоа беше кога Тодор отиде да учи во Солунската гимназија во 1888/89 година. Секој месец или секои два месеца на адресата и името на татко ми стигнуваа писма од него. Од 1893/94 година веќе почнаа да пристигнуваат и писмата од мене. Потоа Тодор се јавуваше како учител од Прилеп и од други градови. Првите негови песна татко ми со големо внимание им ги читаше на мајка ми и на сите домашни. „Е, попадие, – велеше татко ми – Тодор е добро, добро учи. – „У, златното дете – ќе кажеше мајка ми – јас си знам оти Тодор учи, ама малку ми беше шубе за неговото здравје, а и да не остане гладен.“ „Не, попадие – и објаснуваше татко ми со голем авторитет – тоа е пансион. Таму готват по многу, во казан, и на сите им е убаво од вкусната манџа. За тоа ич да не се плашиш. Добро му е на детето.“ А мама повторува „Нека е здрав и жив. Пиши му сега оти и ние сме  здрави и живи и да не се грижи за ништо. Пиши му да бара кога ќе нема пари. Ќе му испратиме.“

Во 1893/94 година, кога веќе и јас отидов во Скопје, почнав во текот на месецот или на два месеца да им праќам писма, затворени во плик, со поштенска марка. Писмата ги адресирав: Тиквеш казасанда, Кавадар касабанда, Ваташа ќоинде, Поп Андо (или Папа Андо- напишано беше на турски), мансусдар. Превод: Тиквешка околија, град Кавадарци, село Ваташа, лично за поп Андо.

Писмата обично ги пишував со мастило, по можност појасно и со краснопис почнувајќи со: „Мили родители, со ова мое кратко писмо (иако тоа можеше да биде и цел лист) сакам да ве најдам во добро здравје и добар живот. Ако прашате за мене јас сум многу добро и во пансионот и во училиштето и со здравјето сум добро. Вие како сте? Мајка ми како е, како Михаиле, Султана, децата?“ Бидејќи секогаш имавме мали внучиња, прашував дали проодиле или лазат, и праќав многу поздрави на сите роднини во дворот. Во некои писма ги редев сите, беа повеќе од педесетина.

Писмата пристигнуваа во Кавадарци и оттаму поштарот или сам одеше да ги однесе, го знае поп Андо, или ги даваше на некој од ваташаните кои работеа во Кавадарци. Донесувачот на писмто уште на доаѓање во Ваташа, ако вечерта не ги најде попот или Михаиле во чаршијата, доаѓа дома и уште од далеку вика: „Попе, има честење. Писмо имаш од Ристо.“ Го покануваат дома, го честат со ракија и кафе, татко ми го отвора пликот, си ги става очилата на очите па туку ќе се сети и ќе викне: „Ела, ела, попадие, има писмо од Ристо. Арен бил.“ Таа ќе приклекне и со големо внимание ќе ја подаде главата да го слуша читањето на писмото. Кога ќе заврши писмото таа имаше обичај да рече: „Ти, попе, поскоро да му пишеш. Ами пишува ли за пари?“ – „Пишува оти имал. Кога ќе нема ќе ни пише, ќе му пратиме. Скопје не е далеку. Ене го зад Велес.“

Се сеќавам, Пано Каменов, доктор во Њујорк од Америка, беше пратил писмо до мајка му. Поштарот му го предал писмото на еден ваташанец, на еден од ваташките мајстори. Портата беше отворена, стрина Јаневица на чардакот наспроти портата и мајсторот почна да вика: „Стрино Јаневице, стрино Јаневице, имаш писмо од Америка, од Пано.“ Таа по раст беше ниска жена. Се стрча по скалите, го зеде писмото и почна да го бакнува зборувајќи: „Милото мое дете, дури од Америка ми пишува“ и се свртува кон мајсторот: „Ами, мајсторе, бре што да ти подарам, ти ми донесе голема радост“. „Ами, ништо, ништо, стрино ние сме наши луѓе“. И веднаш стрина трча кај попот, кој го отвора писмото и го чита. Потоа, од кај попот таа ќе тргне и ќе ги обиколи речиси сите писмени луѓе во селото за да и го прочитаат писмото, едно за да се пофали дека има писмо од Америка, а друго да не биде да не и го прочитале целото писмо или прочитале нешто погрешно. Ние ја задевавме: „Оти отиде кај сите да ти го читаат писмото?“- А таа: „Да не се случи грешка во читањето. Писмото, еден така ќе го разбере, друг инаку.“ Па ќе се сврти: „Ами зар нешто лошо направив?“

Султана

Султана беше вредна жена и патриот. Таа ја чуваше архивата и разните револуционерни писма. Таа го чуваше и револверот што се наоѓаше во нашата куќа. При разните претреси наоѓаше згодно време да ги изнесе и да ги скрие, како архивата и револуционерните документи, така и револверот. Често ги наоѓав во собата заптиите и полициските начелници како претураат и бараат оружје. Таа го зела в раце малото дете, го штипнала, тоа почнува да пишти, а таа божем го смирува, повторно го штипе за да плаче. Тогаш налутените заптии и наредуваат да излезе заедно со расплаканото дете, а ние останувавме внатре. По излегувањето таа ќе се загуби кај комшиите. Без страв ги пречекуваше и ги услужуваше разните револуционери што ни доаѓаа в куќи. Во јуни 1903 година, по битката кај Бегниште, Петар Јуруков, заедно со девет други четници дојде во Ваташа за да се скрие. Во разговорот дали го подготвуваме револуционерното знаме, му кажав дека не го подготвуваме, туку дека веќе е готово и е во Кавадарци. Тој посака да го види. Тогаш ја пратив Султана со малото дете Дончо на раце и Захарија – жената на Лазо Берберот, да одат во Кавадарци во куќата на Пано Иванов. Жената на Пано Иванов, која го чуваше знамето, им го дала на доверливите жени, тие го завиткале малиот болен Дончо со пелените и во знамето и преку турското маало го донесоа кај нас. Го зедов знамето и го однесов кај четата, која престојуваше во куќата на Глигор Грошот наш сосед. По разгледувањето на знамето, му го предадов на чување на револуционерниот работник Манчо Шарлиев, исто така наш сосед.

Султана по потекло беше од патриотско  семејство од Ресава. Брат и Ташо Асиов е еден од видните дејци и раководител на Револуционерната организација во Ресава. По смртта на мајка ми, таа достојно го одржуваше дотогашниот ред во куќата. И кога умре мајка ми и кога умре брат ми Јованче таа ги изврши сите потребни обичаи при погребувањето и  воопшто заслужува големи пофалби за нејзината љубов спрема нашето семејство. Не знам кога е родена, а починала при породувањето во 1912 година, малку пред да избувне Балканската војна. Остави тројца синови: Методи, Дончо и Ване.

Од книгата „Вистински приказни за вечни сеќавања, Кавадарци 1900-1945) од Зорка Тодорова Младеновиќ, Кавадарци 2010 г.

(Подготви Марко Китевски)

Најново од: Култура и туризам

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

1908 – Во Солун излегува весникот „Единство“

На 27 септември 1908 година во Солун излегол првиот број на весникот „Единство“. Во неговото уредување учествувал Димитар Влахов, а весникот ги изразувал ставовите на дел од македонските револуционери. „Единство“ се појавил по Младотурската револуција, во време кога се отворил простор политичките идеи да се изнесуваат и преку јавниот печат. Неговите страници биле дел од […]

Македонските просветители свети Климент и свети Наум Охридски

Свети Климент Охридски-Чудотворец е заштитник на градот Охрид и на целиот македонски народ, патрон на Македонската православна црква- Охридска архиепископија и најпознатиот меѓу повеќето ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Тој остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други […]

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

To top