Култура и туризам

Крали Марко и непослушната жена

Коа се скарал со жената  и си јавал на коњот отишол во Солун Крали Марко. Па му рекла мајка му:

– Море, синко, кај ќе одиш и што се разлути?

– Не се разлути, мајко, -рекол, -не ме послуша мојата жена.

Си отиде Марко ф Солун, праќа писмо жената му: „Дојди си Марко! – рече. Море не си идеш, ја – рече – ќе се мажа“ – Она му вика. – Три години те чекам, повеќе не те чекам!

– Мори ќе чекаш шес! – вика Марко. Арно ама она се разљутила, се омажила, она, отишла уф Костур за некој крал, имало. Делја се викал, бил голем чорбаџија, и него го зела. Едно време коа дочу, тоа му прати мајка му, коа дочу тоа нешто Марко се разлути ногу. Коњот го јавна од Солун, дојде ф Прилеп.

– Шо напраивме,? – му рече мајка му.

-Шо напраивме, мајко? – и рече он.

– Ќе отиде жената, ќе се премажи во Костур, рече, за Делја. Отаден вија – рече:

– Како да ја извада, ида да го отепам Делја, – рече.

– Синко – рече – како ќе го извадиш, ти да го отепаш Делја и неа да ја извадиш, да ја земиш? Ќе идиш, рече, она е, да извините, во пложење била на Марка жената. – ќе кршчават дете ќе и кане сите на гости. Ќе и кане да дојдат на ручек, да се веселат. Ќе идиш и ти! – рече.

Ама он се нарави на дервиш, на Еѓуптин што викаме по право, со кинати алишта, се и ќе рече на стражарот на портата што е: „А бре дали може негде да ручам овдека у некоа куќа? – ќе речиш!

И он отишол таму и на стражарот на истиот ден коа се крштава детето ф црквата. И отиде он му вика на стражарот:

– Дали има негде у куќава да ручам?

– Ао – рече – баш овде сега на кралот детето се крштава, тука ќе ручаш – рече – си збира кралот сите на ручек ги вика.

Си дојдоа од црквата. Детево се донесе на ручек и он го повика и него и он си отиде. Руча, пија, се веселија, сега на трпезата извади сабјата Марко. И сабјата ја зела жена му. И сега и вика на жена му:

— Е, сега – рече – ти ме познаваш ли? – вика.

Рече:

-Те познавам, како не те познавам.

– Е сеа, сакаш слуга да ми служиш, или свеќа да ми светиш? – Она му вика:

– Слуга да ти слуша. Се погреша, – вика. – не бива Вака свеќа ќе ти света.

И зе рогузини, ги завитка и насипа видело, и ја  ја запали и изгоре жената. И си ја зема сабјата, си го зема детето и на коњ. И си дојде ф Прилеп кај мајка му.

– Шо направи, – рече – синко?

Рече:

– Мајко, што направи? Го закла Делја и сабјата си ја зе и детето си го зе отаден.

Од книгата: Реитер Норберт, Дер Диалект вон Титов Велес, Берлин, 1964.

Мајката го колне сина си

Една мајка си го проколнала сина си.

– Дури – рече – не је видиш от крај на крај земјава, коските, синко, да не ти се починат.

Се мислел тој што да прај, што да чини, и отишол најодзади орлите кај шо се собирале над неко мрша. Вака и вака му је кажа ним маката своја и и молеше да го извиша горе, дури не ја види до крај земјата. „Арно – му реко орлите – . Туку ти заколи една крава и наполни една мешина вода. Коа ќе ти побараме да јадиме, от кравата да ни дајш, коа ќе ти побараме да пијаме вода да ни дајш.“

Се напрај тој така и орлите го крена. Летале, летале и најпосле му рекле орлите на момчето:

– Погледај сега долу. – Се опулил тој и шо ќе види една капина и еден смок се свиткал околу капината. –  Сега кај сакаш да те пушчиме? дали на капината, дали на смокон.

– Ако ме пушчат на капината – си рекол тој  со умо – ќе се издраскам. Баре нека ме пушча на смокон, ќе с откинам. Коа ти пушчиле чклуп во вода. Оти земја, сета со вода била обиколена.

Запишал Блаже Конески од Дунавка Конеска 1949 г.

Господ и Нојо

Му кажал Господ на Ноја, ќе биди потоп. Нојо рекол:

– Кога ќе биди потопо, да знам?

– Кога ќе биди, коа ќе јадиш на железна синија, тогаш да се сетиш, да се сетиш оти ќе биди. Ама да си напрајш корап поголем да земиш от секоа лишка по две, да не се загуби семето.

Било лете жнијале, озгора врни, оздола вода извирај. И клале српојте вака и скрстиле и клале леб да јадат, и тогаш се сетиле оти ќе биди потоп, како шо рекол Госпо. Се насобрале от сите лишки по две, по две, влегле во корабо и на некој рид најголем шо бил на светот, највисок, таму ќе го терал Нојо. Се скинал пусти кораб негде, влегло вода, змијата со оапашката го затнала. И ко излегле таму веќе на суво, рекла змијата: от која крф је најблага од неа да пијат. Па чоечката крф била најблага. Гарванот зинал да кажи, дури рекол га, ластујцата му го скинала јазикот со клунот, останал гаврано без јавик век и сут. А пак ластојцата зела чес, сеа затоа во куќа прај седела.

Запишал Блаже Конески од Дунавка Конеска 1949 г.

Од книгата  „Текстови од дијалектите на македонскиот јазик“, од Божидар Видоески, Скопје 2000.

Најново од: Култура и туризам

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

1908 – Во Солун излегува весникот „Единство“

На 27 септември 1908 година во Солун излегол првиот број на весникот „Единство“. Во неговото уредување учествувал Димитар Влахов, а весникот ги изразувал ставовите на дел од македонските револуционери. „Единство“ се појавил по Младотурската револуција, во време кога се отворил простор политичките идеи да се изнесуваат и преку јавниот печат. Неговите страници биле дел од […]

Македонските просветители свети Климент и свети Наум Охридски

Свети Климент Охридски-Чудотворец е заштитник на градот Охрид и на целиот македонски народ, патрон на Македонската православна црква- Охридска архиепископија и најпознатиот меѓу повеќето ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Тој остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други […]

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

To top