Дијаспора

„НОКАУТИРАНИОТ ИСЕЛЕНИК“ ОД ВАСКО ЃОРГИЕВСКИ

vasko

Неодамна излезе од печат збирката раскази „Нокаутираниот иселеник“ од македонскиот писател од Сиднеј (Австралија) Васко Ѓоргиевски.

Низ кратките раскази авторот опишува разни ситуации и проблеми со кои се соочува иселеникот кој решил да ја напушти својата татковина поради егзистенцијални причини и се преселил во Австралија надевајќи се дека таму ќе му биде подобро. Но, притоа наидува на разни проблеми од личен и социјален карактер, па на крајот навистина наликува на „нокаутиран“ иселеник. Токму поради тоа оваа збирка е вредна и интересна – без многу влакна на јазикот авторот ги опишува не само личните психолошки проблеми со кои се соочува иселеникот (носталгија, жал за старата татковина и сл.), туку и проблемите што ги доживува како член на тамошната Македонската заедница (поделеност, потценување, материјализам…).

Инаку, ова е втора збирка раскази на Вако Ѓоргиевски (инаку лекар по професија). Првата негова збирка „Плачелба“ исто така постигна забележителен успех.

Васко Ѓоргиевски е роден во 1961 година во Битола. Основно и средно образование завршува во својот роден град. Во Скопје дипломира на Медицинскиот факултет и завршува постдипломски студии. Работел во битолската Брза помош и во битолската болница како гинеколог- акушер. Во 2005 година со своето семејство емигрира во Австралија каде што ги положува потребните испити на Австралискиот Медицински Совет и испитите по англиски јазик и се здобива со правото да се регистрира за работа во Австралија. Моментално работи како доктор во Сиднеј. Поседува двојно државјанство: македонско и австралиско. Оженет е со Сузе и има две деца: Фросина (студент на UNSW) и Кипријан (матурант). Во 2014 година ја објави својата прва збирка раскази „Плачелба“. Ова е негова втора книга.

А. Донски

vasko

vasko2

Најново од: Дијаспора

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

Академик Ферид Мурат – американски нобеловец и пријател и Македонија

Академикот Ферид Мурат е познат лекар и фармацевт во Соединетите Американски Држави. Најголемиот дострел на полето на науката го постигнал во 1998 година, кога ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина. Тој е роден во Вајтинг, Индијана, мајка му е Американка родена во Алтон, Илиноис, а татко му е Албанец од село Лакавица, Гостиварско. […]

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

To top