Историја

Одделување на македонската идеја и македонската словенска народност од србизмот и бугаризмот

Stojan Novakovic

Stojan Novakovic

Доверлив извештај на Стојан  Новаковиќ:  Негување на македонизмот, то ест одделување на македонската идеја и македонската словенска народност од србизмот и бугаризмот – 1888 г.

(Српскиот амбасадор во Цариград, Стојан Новаковиќ на министерот за просвета и вера д-р Владан Ѓорѓевиќ му предложил еден (веќе испробан од Бугарите) начин за влегување на српската пропаганда во Македонија, н.б.)

“Што повеќе мислам на начините на кои би можело да се поткопаат и да се разурнат резултатите на Егзархијата и на бугарската пропаганда во Македонија, постигнати од 1870 год. наваму, се повеќе ми се чини дека тоа најлесно може да се пос-тигне со негување на македонизмот, т. е. одделување на македонската идеја и македонската словенска народност од србизмот и бугаризмот…Бидејќи бугарската идеја, како што им е позната на сите, фатила длабоки корења во Македонија, јас сме-там дека речиси е невозможно сосем да се расколеба изнесувајќи ја наспроти неа само српската идеја. Таа идеја, се плашам, не би била во состојба, како чиста и гола спротивност, да ја по-тисне бугарската идеја и поради тоа на српската идеја ќе и помогне некаков сојузник што остро би бил против буугаризмот, а кој во себе би имал елементи што народот и народните  чувства можат да го привлечат по себе, отцепувајќи го од бу-гаризмот. Тој сојузник јас го гледам во македонизмот, или во извесно, со мудри граници обележано, негување на македонскиот дијалект и македонската посебност… А на Србите тоа движење би им помогнало  и затоа што тие  (Србите), како заштитници на една национална и либерална идеја, како што е будењето љубов кон негувањето на домашниот дијалект во Македонија (или подобро: Јужна Србија). Би се покажале во попримамлива, благородна и далеку посимпатична светлина. Во работата околу ова јас сметам и на влијанието на Вуковиот (српски) правопис што в корен би ја удрил бугарската варварска писменост, и би морал да однесе природна и оправдана победа…”Македонскиот буквар”, што скоро ќе го отпечатиме во Цариград, ќе ги постави основите на оваа работа…Но, можете ли таму да најдете некој што би можел Новиот завет убаво и достојно да го облече во тој (македонски, н.б.) дијалект, пишуван со српски правопис …”

Архив Србије, МИД,  ППО,ИИ,251, 1888 г.; 

Б. Ристовски,  Импулс во процесот… стр. 31-32; 

Б. Ристовски, Портрети и процеси…, 1, стр.  552-553;

Најново од: Историја

Александар Трети Македонски освојува голем дел од Мала Азија

Од победата кај Граник до походот кон Киликија: освојувањата, легендата за Гордиевиот јазол и опасната болест што го запрела неговото напредување. Во првата година од војната Александар Македонски постигнал големи успеси. По победата кај Граник, голем дел од Мала Азија, сè до реката Сангар, паднал под негова власт. Персиската флота ги изгубила пристаништата на тој […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

Под каков идентитет се земаа и се иселуваа македонските деца?

Едно од најзначајните прашања со кои се запознав при истражувањето на чедособирството, а на кое не му е дадено соодветно внимание, е разликата во ставовите меѓу славофонските и грчкофоните села во северна Грција. Извештајот на УНСЦОБ известуваше за расположението на селаните во славофонските области и реони: тие, воопшто земено, биле многу подготвени да им дозволат […]

Крушоради, 1902: последната борба на војводата Дине Кљусов

На 28 септември 1902 година, по целодневна борба во Крушоради, Леринско, загинале војводата Дине Кљусов и тројца негови соборци. Нивната чета била предадена и опколена од османлиската војска. Дине Кљусов бил еден од револуционерите што дејствувале во четата на Марко Лерински. Во 1902 година Леринско било погодено од потери, предавства и вооружени судири. Кљусов учествувал […]

Востанието се проширува во Серскиот округ

Илинденското востание не завршило со падот на Крушевската Република. На 27 септември 1903 година, на Крстовден, започнале планираните востанички дејства во Серскиот револуционерен округ. Во летото 1903 година, додека во Битолско веќе се воделе жестоки борби, револуционерите во Серскиот округ се подготвувале за дејствување. На конгресот одржан во Пирин било решено востанието таму да започне […]

Драмското востание во 1941 година: отпор и трагедија во Егејска Македонија

Во ноќта меѓу 28 и 29 септември 1941 година, востаници во Драмско се кренале против бугарската окупациска власт. Востанието траело кратко, но репресалиите што следувале оставиле длабока рана во источниот дел на Егејска Македонија. По окупацијата во 1941 година, населението во Драмско живеело под воена и полициска контрола. Во такви околности бил организиран вооружен отпор, […]

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Владеењето на Александар Македонски со провинциите Лидија и Карија

Историјата на Јонците покажува дека тие постојано го чувствуваа јаремот на туѓинецот како товар. Тие не се караа, туку ја почитуваа слободата како најголем благослов. Записот на Приен од третиот век ни дава благороден израз на оваа идеја кога вели: „Нема поголемо нешто за античкиот грчки човек од слободата“. На прашањето како Александар Македонски ги […]

To top