Коментари

103 години од почетокот на Првата балканска војна

makedonska-nacija-logo

makedonska-nacija-logo
Македонска нација

На 26 септември (9 октомври по нов стил) 1912 година започна Првата балканска војна, по која  започна голготата на Македонците. Војната меѓу членките на Балканскиот сојуз (Србија, Бугарија, Грција и Црна Гора) и Османската империја му донесе страдање, поделба и егзодус на македонскиот народ. Веднаш по завршувањето на војната на 17 мај (30 мај по нов стил), сојузничкиот антагонизам околу поделбата на Македонија, довел до распад на Балканскиот сојуз, а на 16 јуни 1913 година започнува Втората балканска меѓусојузничка војна. Двете балкански војни ќе предизвикаат тешки последици по македонскиот народ.

Првата балканска војна ставила крај на османлиска доминација на Балканскиот полуостров. Освен еден мал дел околу Мраморното Море, Османлиската империја ги изгубила териториите на полуостровот со кои владела повеќе од пет века. Меѓутоа, сојузниците не ги исполниле очекувањата и барањето на македонскиот народ, кој зел активно учествуво во борбите. Наместо ослободување и создавање на автономна Македонија, земјата била поделена меѓу Бугарија, Србија и Грција, а македонскиот народ западнал во ново уште потешко ропство наметнато од братски православни народи.

Судбината на Македонија има своја предисторија во аспирациите на европските сили и малите балкански држави кои тежнаат да завладеат нови територии и да имаат излез на Егејско Море. Военото и политичкото ослабување на Османската држава, како и неупешната борба на Македонската револуционерна организација, ќе бидат основните причини кои ќе ги поттикнат балканските држави да го забрзаат своето договарање за заедничка акција.

По деградирањето младо-турскиот режим, првите контакти меѓу Бугарија и Србија започнале во текот на 1910 и 1911 година, а главна цел на разговорите е судбината на Македонија. Додека Бугарија претендира на анексија на цела Македонија, Србија се залагала за поделба која ќе и овозможи излез на Егејско Море. Двете влади со помош на царска Русија се согласиле да потпишат договор без прецизирање на територијалните разграничувања во Македонија.

Србија и Бугарија го потпишале Договорот на 13 март 1912 година. Тој бил придружен од таен анекс, во кој се предвидувало во Македонија да се воспостави заедничка власт по нејзиното ослободување. Истовремено двете земји се задолжиле да ја испитаат можноста Македонија да се оформи како автономна област, а доколку тоа се покаже дека е невозможно да се реши со арбитражата ва рускиот цар. Всушност, двете држави единствено имале во предвид поделба на Македонија. Потоа кон овој сојуз се приклучиле Грција и Црна Гора.

Формално Првата балканска војна започнала  на 8 октомври 1912 година од страна на Црна Гора, а потоа на 18 октомври се приклучиле и остнатите сојузници. Најважните судрувања се одиграле на територијата на Македонија. Во рок од месец и пол Османската армија била победена, а на 4 декември 1912 година било потпишано примирјето.

На почетокот на воените дејствија, македонскиот народ  верувал  дека конечно дошло време за ослободување од турското ропство и земал активно учество во борбите. Во склопот на армиите на балканските држави биле формирани посебни единици составени од Македонци, а дејствувале над 30 самостојни чети во заднината на турската војска во Македонија. Само одредот на Јане Сандански броел околу 500 четници. Во составот на бугарската армија била формирана посебна воена единица наречена „Македонско ополчение”, која броела над 14 илјади лица. Исто така, мекедонски чети се бореле во склоп на српската и грчката армија.

Македонските единици кои дејствувале во заднината имаат голема заслуга за победата на сојузничките војски, кои ја принудуваат турската војска да се повлече до линијата Енос – Мидија, со што завршува Првата балканска војна. За време на војната, тие вршеле диверзии, заземале села и градови, во кои формирале своја власт. Особена храброст покажале македонските ополченци кои дејствувале на фронтот во Тракија. Меѓутоа, наместо награда и добивање најмалку автономија на Македонија, сојузниците грубо ги ликвидирале сите обиди или барања на Македонците за самостојност на Македонија. На еден говор на Јане Сандански во Солун, при споменувањето на слободна Македонија бил нападнат од присутните офицери.

Потпишувањето на мирот со Османската империја во Лондон не ги реши македонското прашање. Противречностите околу владеењето со освоените територии, особено со Македонија, само ги заостри односите меѓу сојузниците. Нивните настојувања да се шират на сметка на партнерот, ќе доведе до нова вооружена пресметка.

На 29 јуни 1913 година Бугарија презела општ напад против српските и грчките војски. Настапил период на кратка, но жестока војна. Бидејќи борбите се воделе на територијата на Македонија, последиците од нив биле тешки по македонскиот народ. Над десетина населени места и градови, особено во Егејскиот дел на Македонија, биле опљачкани и изгорени. Се дигнал огромен бран на бегалци, кои пред опасноста од масакр напуштале се, за да го спасат голиот живот. Тоа бил најголемиот прогром на македонскиот народ во неговата историја.

Војната била брзо завршена. Под притисок на српските и грчките војски, кон кои се приклучиле романските и турските војски, бугарската влада побарала мир. Мировната конференција се одржала од 28 јули до 10 август 1913 година во Букурешт. Договорот за мир во Букурешт имал катастрофални последици за Македонија. Таа е поделена меѓу трите претенденти: Србија, Грција и Бугарија, а со тоа е разбиена геополитичката, етничката и економската целина на македонскиот народ.

Во окупираните делови на Македонија биле воведени вонредни воени режими и безмилосно е прогонувана секоја активност за независност на Македонија. Македонското стопанство било уништено, а на македонска територија, Србија, Бугарија и Грција започнале груба политика на систематска денационализација и асимилација на македонскиот народ.

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top