Култура и туризам

Јегуновска тврдина над селото Јегуновце

Jegunovska mestopozba

Jegunovska mestopozba

Јегуновска тврдина е археолошки локалитет кој се наоѓа над селото Јегуновце, во подножјето на Жеден, на ридот Градиште. Според проценките на археолозите локалитетот датира од доцниот неолит.

Според ископувањата се докажува дек тврдината и гратчето под неа, што се наоѓаат во Дервенската клисура, биле живеалиште во континуитет од бронзеното време, се до 19-от век.

Тврдината на не многу високиот рид со населби во подножјето, крај Дервенската клисура, со својата посебна важност како фортификациски пункт од каде што се бранела важна комуникација, има значење на темел на македонската цивилизација. Фортификацијата, што датира две илјади години пред новата ера, во континуитет до 19-от век има функција на почетен одбранбен пункт на патот што ги поврзува Полог и скопскиот регион.

Симптоматично, важноста на оваа комуникација завршува по доаѓањето Турците, кои губат интерес за него на сметка на патот на север од Скопје. Културните хоризонти на трагите на ова јако утврдено гратче, од доцниот неолит, преку македонистичкиот период, доцната антика и средниот век, допираат до 19-от век, отсликувајќи организирано и богато општество со автентична култура.

Според Среќко Јованоски, директор на тетовскиот музеј, досега се откриени монети, делови од стрели и копја, остатоци од градби, бронзени предмети и разни алатки. Керамиката е застапена уште од бронзеното време, а наодите велат дека имало солидна архитектура и покрај аграрот и сточарството, се живеело и од златарскиот занает.

Jegunovska artefakti

Фортификацијата, што датира две илјади години пред новата ера, во континуитет до 19-от век има функција на почетен одбранбен пункт на патот што ги поврзува Полог и Скопско.

Населби од времето на неолитот, античкиот период и на средниот век се евидентирани во првата фаза од археолошкото ископување на археолошкиот локалитет Градиште, оддалечен четири километри од сетоло Јегуновце.

Локалитетот на одреден начин претставувал тврдина сместена во подножјето на планината Жеден крај Дервенска Клисура, која, пак, го контролирала патот преку кој Полошката Котлина се поврзувала со Скопје и Скопската Котлина. Тука луѓето континуирано живееле од неолитот до средниот век.

Наводи

  1. „Археолошки локалитет кај Јегуновце од доцниот неолит“ (на македонски). А1. 09.11.2002 00:00. http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=13767. Проверено на 2010-10-30. 
  2. Алексова Б., 1959, 217
  3. Микулчиќ И., 1971а, 466

 Микулчиќ И, ТИР 66.

Најново од: Култура и туризам

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

Македонскиот рубин – камен што го носи името на Македонија

Македонскиот рубин не е само скапоцен камен. Тој е природно богатство создавано во длабочините на македонската земја, минералошка реткост поврзана со прилепскиот крај и скапоценост што денес го носи името на Македонија во светот. Во белите мермери во околината на Прилеп природата оставила нешто навистина необично – кристали на корунд со розова, малинова и црвеникава […]

Струшки книжевни средби – 2026“: Празник на македонскиот пишан збор и книжевноста

На 20 септември се одржаа традиционалните „Струшки книжевни средби – 2026“, меѓународна книжевна манифестација што секоја година ги собира авторите и љубителите на литературата во Струга и Вевчани. Во градот на поезијата, каде што македонскиот пишан збор има длабоки корени и богата традиција, „Струшките книжевни средби“ и годинава живееја во ритамот на литературата, создавајќи простор […]

Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица

Дваесет и први септември е датум што во македонскиот историски и културен календар е поврзан со повеќе значајни личности и настани, а воедно има и особено место во духовниот живот на македонскиот народ. На овој ден Македонската православна црква – Охридска архиепископија го одбележува Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица. Според […]

Промоција на „Раскинување на договорот“ во „Матица македонска“ – Сотирис Минас, Гркот кој ја побара вистината и ја засака Македонија

Во присуство на бројна публика, на 19 септември во книжарницата „Матица македонска“ во Скопје беше промовирана двојазичната поетска збирка „Раскинување на договорот“ на грчкиот поет и преведувач Сотирис Минас – автор кој нема македонско потекло, но сам го научил македонскиот јазик и преку своето творештво отворено проговори за Македонија, македонскиот јазик, идентитетот и правото на […]

Новото истражување на Ставре Џиков отвора прашање кое води длабоко во минатото на овој стар христијански простор

Дали на Пеленица над Драчево навистина постоел манастир со необичното име „Свети Ерусалим“? Новото истражување на Ставре Џиков отвора прашање кое води длабоко во минатото на овој стар христијански простор. Документите го потврдуваат името „Свети Ерусалим“, додека археолошките наоди сведочат дека Пеленица била значајно христијанско место уште во доцната антика. На само неколку километри над […]

To top