Историја

Ферман за воспоставување Бугарска егзархија

Bulgarian Church Sveti Stefan Istanbul postcard

(Цариград, 11 март 1870 год.)

Bulgarian Church Sveti Stefan Istanbul postcard

“…Се соопштува дека владетелот го вложувал сиот свој можен скапоцен труд и на­пор, како би  населението и сите ните на нашата славна империја, во секој поглед да се чувствуваат слободни, сигурни…

Меѓутоа, помеѓу Грчката патријаршија и православното бугарско население, спро­тив­но на мојата желба, се појавиле некои непожелни неслоги и тоа околу сте­пе­нот на повр­за­нос­та на  бугарската црква, нивните митрополити, епископи и свеш­те­ници кон Грчката пат­ријаршија во Истанбул. По овој повод се преговарало и на кра­јот биле донесени след­ниве одлуки:

1.Треба да биде основана една духовна, верска установа, која официјално би би­­ла наречена Бугарска егзархија кон која ќе бидат приклучени сите мит­ро­по­лии, епис­копии и други места  и со кои ќе управува исклучиво таа Егзархија.

2. На чело на сите митрополии, во Егзархијата треба да биде поставен по чин нај­­­ви­­сок митрополит, кој ќе се вика “егзарх” и кој… треба да служи како прет­се­да­­­тел на високиот бугарски црковен совет – Синод.

3. Треба да биде донесена една уредба, која ќе се однесува на организацијата и вна-т­реш­ната управа на оваа Егзархија и која не ќе треба да се коси со основните правила на пра­вос­лав­ната црква и со изгласаните закони.Оваа уредба треба да биде потврдена од цар­скиот двор­…

4. Егзархот треба да биде нзазначен со издаден царски берат…

7. Потребното свето миро, Егзархјата треба да го побара и да го земе од Патри­јар­­ши­­јата во Истанбул….

10. Територијата на Бугарската егзархија ќе ги опфаќа епархиите на градовите Рус­­­чук, Си­листра, Шумен, Трново, Софија, Враца, Ловеч, Видин, Ниш, Шеќир Ќој (Пи­рот), Ќус­тендил, Са­моков и Велиса; а потоа одделеувајќи ги дваесетте села, по дол­жи­ната на Цр­но­ Море…и сета провинција на пловдивската митрополија со ис­клу­чок на ма­нас­ти­рите… За пона­та­мош­ните подробности околу одредувањето на територијата  да се реши помеѓу Пат­ријаршијата и Бугарската егзархија. Ако цело­куп­ното пра­вос­лав­но население во се­кое друго место, или пак нај­малку две тре­ти­ни, изразат жел­ба да се приклучат кон Бу­гарската егзархија, иа ко тоа би­де утв­рдено, на таквите тре­ба да им биде доз­во­лено да го сторат тоа. Но оние кои ќе ко­рис­­тат прилика и ќе предизвикуваат раздор, ќе бидат земени на одговорност…

Се напиша на ден 8 зихлиџе 1286 (11 март 1870) година.”

Бурмов Т., Б’лгаро-грцката ц’рковна распра, Софија, 1902, стр. 429-432;

 А. Матковски, Кануни и Фермани,  за Македонија…, бр. 36, стр. 444- 446;

Најново од: Историја

На денешен ден, 27 ноември 1919 година – Потпишан Нејскиот мировен договор, потврдена поделбата на Македонија

На 27 ноември 1919 година, во Неј на Сена, во близина на Париз, бил потпишан Нејскиот мировен договор меѓу Бугарија и силите победнички во Првата светска војна. Со овој договор, во голема мера била потврдена територијалната поделба на Македонија, воспоставена со Букурешкиот договор од 10 август 1913 година. Македонија повторно била предмет на меѓународни договори, […]

На 26 ноември 1904 година – Крвавата свадба во Зеленич, Леринско, Егејска Македонија

На 26 ноември 1904 година (13 ноември по стариот календар), во селото Зеленич, Леринско, во Егејска Македонија, се случил еден од трагичните настани во македонската историја, познат како „Крвавата зеленичка свадба“. Зеленич пред нападот Во 1904 година Македонија сè уште била под османлиска власт. По задушувањето на Илинденското востание, грчките андартски чети го засилиле своето […]

Ристо Никовски: Македонска небиднина

(септември 2021 година) Поминаа веќе 30 години откако се распадна југословенската федерација и Македонија стана самостојна држава. Иако тогашните македонски лидери не беа воопшто подготвени за независност, а распадот беше повеќе од очигледен, имавме многу повеќе среќа отколку знаење и умеење, зашто не бевме вклучени во војните кои следуваа. Гледано од денешен аспект, нашата среќа […]

АНТИМАКЕДОНИЗМОТ И „НАТРАПНИКОТ“

Војната во името на културата е војна против националниот идентитет Војната во име на културата претставува војна против националниот идентитет. Таа често се користи како изговор за владеење и наметнување доминација врз други народи, кои се прогласуваат за „некултурни“, „предавнички“ или „заблудени“. Таквите војни можат да се водат со оружје, но и преку политички, културни […]

Спорот за името (1913–2026)

Поделбата на Македонија во 1913 година претставува важен дел од историската заднина на спорот за името, кој се отвори по осамостојувањето на Република Македонија во 1991 година. Со Букурешкиот договор биле утврдени новите граници меѓу балканските држави по Втората балканска војна. Осум децении подоцна, употребата на името Македонија станала предмет на долгогодишен дипломатски спор со […]

ОБРАЌАЊЕ НА МАЛЕШЕВСКИТЕ ВОСТАНИЦИ ДО АНГЛИСКИОТ КОНЗУЛ ВО СОЛУН, 24 НОЕМВРИ 1878 ГОДИНА

Извор на документот: Документот е преземен од Фејсбук-профилот на Гоце Панговски. Историски документ: Протест на македонското население од Малешево против одлуките на Берлинскиот конгрес На 24 ноември 1878 година, населението од Малешевскиот крај упатило обраќање до генералниот англиски конзул во Солун, во кое ги изнесува своите страдања под османлиската власт и протестира против одлуките на […]

Кузман Шапкарев: Ние сме Македонци, а не Бугари! (1870)

На 30 ноември 1870 година, бугарскиот весник „Право“, кој излегувал во Цариград, објавил полемички текст за дејноста на охридскиот учител Кузман Шапкарев. Во написот весникот го обвинува Шапкарев дека се спротивставувал на употребата на книги напишани на бугарски јазик. Преку тие обвинувања, написот сведочи дека уште тогаш во печатот се расправало за посебноста на македонскиот […]

Како Александар Македонски го освоил Сур и го променил неговиот брег

Александар Македонски го напаѓа Тир (денешен Сур) од море. Гравура на Антонио Темпеста од 1608 година, Музеј „Метрополитен“, Њујорк. Сур е денешното арапско име на античкиот Тир, град во Либан. Со латиница често се пишува „Sour“. Во 332 година пр. н. е., војската на Александар Македонски се нашла пред утврден феникиски град чии ѕидини ги […]

To top