Дијаспора

Нашата сила е нашиот народ, нашиот народ е нашата држава

vmro4

Нашата сила е нашиот народ, нашиот народ е нашата држава, тоа е слоганот со кој ова година се одбележа 25 годишниот јубилеј на ВМРО ДПМНЕ во целиот свет.

vmro4

На 19 Август ова година се навршија 25 години непрекинато работење на ЗК на ВМРО ДПМНЕ од Перт, по тој повод на 23 Октомври на денот на ВМРО во анфи театарот на Едитх Цоњан Университѕ се одржа предавање на тема ВМРО ДПМНЕ 1990 – ВМРО ДПМНЕ 2015 каде беа присутни голем број на политичари од политичкиот живот на Австралија.

Најпрвин председателот на Задграничниот Комитет г-нот Трајковски ги поздрави присутните и зборуваше за значењето и делото на ВМРО ДПМНЕ како и кратка историа за формирањето на ЗК во Перт.

Големо внимание привлече професорот Адриан Пенистан, кој зборуваше за значењето и делото на ВМРО ДПМНЕ,

Наредниот ден во саботата навечер во просториите на МКЦ Илинден беше одржана централната прослава Комитска Вечер, во прекрасен амбиент.

Председателот Г-нот Трајковски на најстарите членови во името на ЗК им додели рачни часовници за нивниот придонес и афирмирање на ЗК. На истата вечер беа доделени и благодарници на активисти на ЗК на ВМРО ДПМНЕ како и на заслужни членови од Македонската заедница. Ова вечер беше збогатена со гости од ЗК на ВМРО ДПМНЕ од Аделаид Јужна Австралија председателот Тане Кузманов и секретарот г-нот Предраг Иваноски и представници на Македонските Организации и друштва од Перт.

Во неделата на 25 Октомври во Македонската Православна Црковна Општина Свети Никола во организација на ЗК на ВМРО ДПМНЕ а во служба на свештеникот протоореј отец Мирко Пеше беше организирана панихида во чест и спомен на сите починати членови и оснивачи на партијата, а во 12 часот беа положени венци и свежо цвеке пред бистата на великанот Гоце Делчев во просториите на Македонската Народна Општина Вардар.

Прославата заврши со пикник кој беше организиран во чест на гостите од ЗК на ВМРО ДПМНЕ од Адеалид Јужна Австралија, за која домакините припремија убава македонски специјалитети.

Македонска нација

vmro1

vmro2

vmro3

vmro5

vmro6

vmro7

vmro8

Најново од: Дијаспора

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

Дијаспората заборавени од историската слика за 8-ми септември

Идејата за самостојна Македонија не се роди непосредно пред референдумот во 1991 година. Таа долго живееше меѓу македонците во дијаспората, дури и кога јавното залагање за независност можеше да донесе прогон, затвор и уништен живот. По повод 8 Септември – Денот на независноста и 35-годишнината од создавањето на самостојната македонска држава, под покровителство на претседателката […]

Европратеничката Ирена Јовева – бранител на македонскиот јазик и македонскиот идентитет

Европската Унија е наднационален и меѓувладин сојуз на европски држави. Под ова име е основана во 1993 година, со Договорот за Европската Унија, познат како Договорот од Мастрихт. Сепак, голем број нејзини институции и механизми постоеле и претходно, врз основа на договорите што датираат уште од 1951 година. Активностите на Европската Унија опфаќаат бројни области […]

To top