Македонски легенди

Георги Занков

Georgi Zankov

Georgi ZankovГеорги Занков (25. I 1886 – 12. VII 1949) е деец на македонското револуционерно движење, војвода во Серскиот револуционерен округ и новинар. По Првата светска војна бил претседател на Друштвото „Илинден“, претседател на Илинденската организација (1923–1924) и преку гласилата „Илинден“ и „Пирин“ водел самостојна политика. По горноџумајските убиства (1924) емигрирал во Виена, каде што учествувал во создавањето на ВМРО(Об) и бил избран за член на ЦК (1925). Учествувал на Цариградската конференција (1929) на ВМРО (Об). Познат бил под псевдонимот Д. Огњанов, Дејан, Живко, Прван.

Георги Занков е роден на 25 јануари 1886 година во Самоков, Бугарија, во семејството на Христо Занков. По завршувањто на гимназија во Софија во 1904 година, тој се вклучува во ВМРО прво како четник во Серскиот револуционерен округ, а од 1907 година тој е војвода на самостојна чета. По Младотурската револуција, заедно со Дине Дробенов (Трлис, Егејска Македонија) и Стеван Чавдаров (Стара Загора, Бугарија) се обидува да ја воспостави револуцинерната мрежа во Серскиот округ во 1909 година. Меѓутоа, тие се судираат со левите сили на Организацијата, познати како Санданисти, кои се залагаат за децентрализација на Македонската револуционерна организација. Четата на Занков била разбиена помеѓу селата Трлис, Лески и Крчово од дваесетина милиционери предводени од Владимир Икономов, Таската Серски и Чедомир Кантарџиев. Дробенов заедно со четворица четници бил уапсен и обесен, Чавдаров бега во Драмско, а Занков се спасува во Горноџумајско.

Во 1910 година Занков учествува во создавањето на Бугарската народна-македонско-одринска рњволуционерна организација, која за цел има извојување на целосна политичка автономија на Македонија, како преодна етапа за духовно обединување со Бугарија. Во февруари 1911 година, оваа организација зад која стојат бугарските институции, врз основа на програмските документи ги испеглала разликите и се обединила со ВМРО на Тодор Александров. Дејците на оваа организација, Чернопеев и Занков се сретнале и со лидерот на третата фракција на македонското ослободително движење Јане Сандански, но тој ја одбил соработката.

Георги Занков учествувал во Балканските војни во кои покажал голема храброст. Во текот на Првата балканска војна, Георги Занков се наоѓа на чело на партизанска чета на македонското-одринско ополчение. Подоцна го предводи Серскиот одред и служи во 11 серска дружина и учествува во оспободување на Разлошко, Банско, Неврокопско, Драма и Серско. За покажаната храброст бил одликуван со ордените „За храброст“ IV степен и „Свети Александар“ VI степен, а бил назначен и за командант на Сер. Но, за да биде што подалеку од Македонија, како и другите македонски револуционери, бугарската армија го испраќа со четата во Булаир, блиску до Галиполе, каде влегува повторно во Македонско-одринското ополчение.

Во текот на Втората балканска војна Занков се истакнува во борбите на Султан тепе (Осоговска планина), Главовица, Чуриљак (Кочанско и Кратовско). Со својот личен пример на пожртвуваност го подигал духот на борците и за покажаната храброст добил офицерски чин.

Во периодот од 1914 до 1918 година Занков бил пратеник од Струмичко во Бугарското народното собрание, а по Првата светска војна бил општински советник (1920 – 1922) и помошник-кмет на Софија (1921). Исто така тој е еден од лидерите на македонската емиграција во Бугарија. Од 1921 година, Занков е претседател на друштвото „Илинден“, а по основањето на „Илинденската организација“ во 1923 година, тој е назначен за претседател.

Во 1923 година Арсениј Јовков и Георги Занков прават документарен филм за Македонија, кој се сретнува под името „Македонија во снимки“ или Македонија“. Исто така тие го снимаат пренесувањето на посмртните останки на Гоце Делчев во домот на Илинденската организација во Софија.

Георги Занков кој пишува во весниците „Илинден“ (1921 – 1926) и „Пирин“ (1923 – 1924),  водел самостојна политика и дошол во судир со ВМРО на Тодор Александров. Во 1924 година преставниците на Илинденската организација биле обвинети од Иван Михајлов дека подржувале контакти со луѓето кои учествувале во убиството на Тодор Александров. Но, за време на Горноџумајските настани, Арсениј Јовков бил убиен, а Георги Занков успеал да се спаси и да емигрира во Виена.

Во 1924 година, по убиството на редакторот Јовков, паднала под влијание на ВМРО – михајловистичка. На Вториот конгрес на Илинденската организација (12–13.VII. 1925), Георги Занков и Арсени Јовков (посмртно) биле исклучени од раководството.

Занков по доаѓањето во Виена учествува во основањето на ВМРО (обединета) и во 1925 година бил избран за член на Централниот комитет. Во 1926 година заминува во Албанија за да создаде база на Организацијата и и да воспостави канал за пренесување на пропагандниот материјал во Вардарска и Егејска Македонија. Истата година, по враќањето во Виена, тој соопштил дека пропагандниот материјалза Костурско и Леринско ќе се испраќа преку Корча – Биглишта – Врбник. Подоцна ЦК на ВМРО (об) се откажува од дејноста во Албанија поради недостаток на средства и сложената ситуација која настанува поради превратот на Ахмед Зогу.

Дел од членовите на ВМРО (об), Михаил Герџиков, Павел Шатев и Георги Занков  не го оправдуваат прекумерното прокомунистичко скршнување на Организацијата и се повеќе со нивните истомисленици работат на издвојување во посебна организација.

Во 1929 година Занков учествувал на Цариградската конференција на ВМРО (об), на која бил исклучен од Организацијата. Според списанието „Федерасион Балканик“ (1924 – 1932) и весникот „Македонско дело“ (1925 – 1933), Герги Занков и Михаил Герџиков имале неуспешен обид да создадат нова организација во Цариград.   

Всушност Нацинал Федералистите (во Цариград Михаил Герџиков, Георги Занков, Павел Шатев и Наум Терзиовски; во Софија Лазар Поповски, др Филип Атанасов и Христо Цветков; војводи Славе Иванов, Миша Шкатров, Петар Ацев, Христо Апов, Георги Кондов, Георги Гевгелиски и др. Даскалов) уверени дека македонското прашање ќе биде решено во идната балканска федерација, во Цариград решаваат да се издвојат во одделна организација и своите активности да ги спроведат на територијата на Југославија. Во средината 1929 година тие испраќаат до југословенската влада посебна декларација потпишана (29  јуни 1929) во има на ЦК од др. Филип Атанасов и Георги Занков, со која се бара да им се доволи во границите на Југославија да формираат Македонска Национална Револуционерна Организација која треба да го обедини македонскиот народ од трите дела на Македонија, во состав на Југословенската федерација, а истовремено ја известуваат дека веќе имаат свои организации во Виена, Цариград и Софија кои работат на спроведеување на политичките цели.

Меѓутоа, во 1930 година Герги Занков бил уапсен во Виена од австриските власти. По ветувањето дека нема повеќе да се меша во македонските дела, во 1931 година тој се вратил во Бугарија, каде што живеел до својата смрт. Умира на 12 јули 1949 во Софија.

Најново од: Македонски легенди

Ибе Паликуќа – една од најмладите народни хероини од Македонија

Ибе Паликуќа (Дебар, 1927 – Шутово, Кичевско, 22 септември 1944) била учесничка во Народноослободителната војна во Македонија и една од најмладите жени од Македонија прогласени за народни херои на Југославија. Како борец и политички активист, својот живот го загубила на само 17-годишна возраст. Ибе Паликуќа е родена во 1927 година во Дебар, во албанско семејство. […]

Христофор Жефарович – првиот македонски хералдичар

Христофор Жефарович (околу 1690 – 18 септември 1753) бил зограф, иконописец, бакрорезец, калиграф, калуѓер, трговец и печатар од Македонија. Се смета за прв македонски хералдичар и еден од најбараните уметници на просторот од Солун до Пешта во XVIII век. Во 1741 година во Виена ја објавил книгата „Стематографија“, во која се претставени грбовите на повеќе […]

„Македонија ќе биде слободна!“ – Александар Турунџев (1872–1905)

Александар Турунџев е роден во 1872 година во селото Горно Врбени, Леринско, а се самоубил 30 август 1905 година во Битола. Македонски револуционер, илинденец и војвода, тој останал запаметен како еден од симболите на непокорот и саможртвата во борбата за слободна Македонија. „Македонија ќе биде слободна!“ –тоа биле последните зборови на Александар Турунџев пред неговото […]

Драган Богдановски – живот посветен на слободна и независна Македонија

На 18 септември 1929 година во селото Клечовце, Кумановско, е роден Драган Богдановски, починал на 31 мај 1998 година во Данска, на пат од Шведска кон Германија. Подоцна бил погребан во Куманово Драган Богдановски е еден од најистакнатите македонски политички емигранти по Втората светска војна, долгогодишен борец за македонската национална кауза, претседател на ДООМ и […]

Лилјана Чаловска – писателка, борец и учесничка на АСНОМ

Лилјана Чаловска (3 декември 1920, Софија – 20 јули 1997, Скопје) е македонска писателка, учесничка во Народноослободителната борба и општествено-политичка дејка. Била делегат на Првото заседание на АСНОМ и член на Претседателството на АСНОМ, а значајна трага оставила и во македонското новинарство и литература. Лилјана Чаловска е родена на 3 декември 1920 година во Софија, […]

Владислав Ковачев – Македонец до срж, а малку познат меѓу Македонците

„Пет минути од деноноќието ѝ посветувам на маченицата Македонија, за да се соочам со мојата македонска свест и да се уверам дека не е ништо она што досега сум го сторил за неа. Ја сакам Македонија повеќе од сè друго на светот.“ Кој бил Владислав Ковачев? Владислав (Славчо) Михаилов Ковачев е роден на 5 јануари […]

Оскар Давичо – писателот што со перо сведочеше за борбата на партизаните на Маркос

Оскар Давичо е роден на 18 јануари 1909 година во Шабац, во еврејско семејство, а починал на 30 септември 1989 година во Белград. Бил истакнат српски и југословенски писател, поет, есеист, преведувач, новинар, револуционер и учесник во антифашистичката борба. Оскар Давичо потекнувал од сефардско еврејско семејство. Детството го минал во Шабац, а образованието го продолжил […]

Васил Ивановски – истраен борец за македонската национална посебност

Васил Ивановски (18 октомври 1906 – 1991) е македонски национален деец, комунист, публицист и историограф. Во своите трудови ги користел и псевдонимите Динко Динков и Бистришки. Васил Ивановски е роден на 18 октомври 1906 година во костурското село Ловраде, во Егејскиот дел на Македонија, а починал во 1991 година во Софија. Во 1907–1908 година, во […]

To top