Историја

Походите на Александар III Македонски (3 дел)

pohodite-na-aleksandar

pohodite-na-aleksandarВо 332 п.н.е, Александар Македонски трнал да го освојува Тир, стратешка крајбрежна база . Бидејќи не бил во можност да јуриша на градот, Александар поставил блокада на Тир седум месеци, но Тир издржал. Тој го искористил шутот од напуштениот град на копното за изградба на насип и кога ѕидовите на островот биле во домет почнал да ги бомбардира со опсадна машинерија и конечно го пробил утврдувањето. Александар бил толку лут заради начинот на самоодбраната на тирците и загубата на неговите војници, што за казна  срушил половина град. Сите 30,000 жители биле масакрирани или продадени во ропство.  

Hа крајот како ништо  да не се случило отишол да се помоли во храмот на Херакле.

Писмото од Дариј 

За време на опсадата Александар примил писмо од кралот Дариј 3-ти со понуда за примирје. Тој понудил да плати откупнина за неговото семејство од 1000 таленти и му се заблагодарил на Александар за нивната благосостојба. Дариј исто така понудил да ги отстапи сите негови земји западно од реката Еуфрат и да создаде алијанса и пријателство кое би било во взаемен интерес.

–  Генералот Парменион го посоветувал Александар да ја прифати понудата. Тој му рекол на Александар: 

Јас би прифатил, да бев   Александар. 

– Александар на тоа одговорил: 

И јас, да бев Парменион!”

Како одговор на писмото од Дариј, Александар одговорил: 

” Вашите предци извршија инвазија на Македонија  и така ни наштетија без ние први да им  наштетиме. Јас сум назначен за главен командант на Македонците и другите , преминав во Азија со цел да ги казнам Персијците, бидејќи вие сте агресори. Вие го поддржувавте Перинт, кој му наштети на татко ми, и прати војска во Тракија, која беше под наша власт. Татко ми умре од раката на заговорниците нарачани од Вас, како што и самиот се фалевте на сите во Вашите писма; Вие го убивте Арс со помошта на Багоа и се здобивте со тронот неправедно, спротивно на персиските обичаи, наштетувајќи им на Персијците. Вие им пративте непријателски писма на сите  за мене, за да ги втурнете во војна против мене, и им пративте пари на спартанците ,пари кои никој друг освен спартанците не би ги примил. Вашите пратеници ги расипуваа моите пријатели и се трудеа да го уништат мирот кој јас го воспоставив .

Затоа поведов експедиција против Вас и Вие ја почнавте расправијата. Но сега ги поразив сите Ваши  сатрапи, како и Вас лично и Вашата војска и ”по милост божја” јас владеам со земјата. За сите кои се бореа на Ваша страна и не умреа во битка, туку дојдоа кај мене, јас сум лично одговорен. Tие не се на моја страна под принуда, туку учествуваат во експедицијата по своја волја. Затоа пријдете ми како на господар на сета Азија. Ако се плашите да не Ви направам нешто ако дојдете лично, пратете некои од Вашите пријатели за да Ве уверам. Дојдете кај мене и побарајте ја Вашата мајка, жена, деца. Ќе ги добиете. Побарајте и било што друго. Што и да успеете да ме убедите да Ви дадам, ќе биде Ваше.

Во иднина кога комуницирате со мене, ословувајте ме како Господар на Азија. Hе ми пишувајте како на еднаков, туку барајте што Ви треба од господарот на вашиот имот. Доколку не го направите тоа, ќе Ве третирам како грешник. Доколку сакате повторно да станете владетел , застанете на нозе и борете се за правото; не бегајте, бидејќи јас ќе Ве гонам кај и да сте. ”

Кога Александар стигнал во Газа во Ерусалим градот бил под опсада,.. на крајот македонците стигнале до светиот храм ,..Храмот бил опколен со еврејски војници на чело со еден стар свештеник со бела коса и брада ма во раката држел еден меч. Aлександар пријдел до свештеникот , му се поклонил и ветил дека светиот храм ќе биде поштеден и ако сакал можел да ја шири еврејската вера по целата македонска империја,..
Македоннските генерали зачудено го прашале Александар :

” Kако е можно тој да се поклонува на еден старец?…    

Александар одговорил:

”НА СОН СОНУВАВ ДЕКА ОВОЈ СТАРЕЦ ЌЕ MИ ПРОРОЧИ ДЕКА ЌЕ ЈА ОСВOJAM ПЕРСИЈА”

Свештеникот му рекол на Александар  Македонски дека ќе му направи ”ВЕЧЕН СПОМЕНИК ” … така  ТОГАШ: 

ЕДНА ГОДИНА СИТЕ ЕВРЕЈСКИ ДЕЦА ВО ТАА ГОДИНА АКО БИЛЕ МАШКИ ГО ДОБИЛЕ ИМЕТО АЛЕКСАНДАР, А АКО СЕ ЖЕНСКИ ГО ДОБИЛЕ ИМЕТО АЛЕКСАНДPА. 

А самите индни еврејски свештеници го земале името Александар, а Александар и ја гарантирал слободата на вера .  

Од тогаш Евреите го славеле Александар како ослободител од Персијците,.. 

 Занимливо е тоа што денес Алекдандар е во меморијата на тие луѓе таму НО КАКО ТОЈ  ШЕТАЛ СО ЈАРЕШКИ РОГОВИ,..бидејќи  Александар имал дијадема на лик од јарешки рогови…така што го имитирал Дион  .

Во 332.год.п.н.е. Александар се обидел да ја освои Нубија, но наишол на силна воена формација предводена од кралицата Кандас, па решил да ги упати своите  сили кон Египет.

По воената кампања околу заземањето на Милет, Александр имал потреба малку да ја одмори својата војска од напорните војувања, истовремено било потребно да се даде време ранетите и болните повторно да се вклучат во воените операции, од тие причини, еден полк составен од изнемоштени и ранети војници бил пратен горе во Фригија каде што ранетите и болни Македонци опкружени со бројните стада овци, боровите шуми и Фригите кои зборувале на нивниот македонски јазик, се чуствувале како дома во Македонија, што допринело истите мошне брзо да ги залечат раните и излечат болестите.

Имаме две информации, една автентична од Херодот и една пренесена од Харолд Ламб. И во двете информации недвосмислено се укажува на фактот дека Фригите потекнуваат од Македонија каде се викале Бриги, а јазикот им е ист со јазикот на Македоните.

Херодот во “Историја, Полимија – книга 7, гл.73.”. има запишано:
“ Фригите имале опрема мошне слична на пафлагонската, и тие многу малку се разликувале. На Фригите по кажувањето на Македоните во времето додека живееле во Европа и биле соседи на Македоните, им било име Бриги, а кога се преселиле во Азија, ги промениле во исто време и татковината и името и се нарекле Фриги.

Армените биле наоружани исто како и Фригите, затоа што се потомци на Фригите. И двата овие народи ги предводел Артахмо, кој бил оженет со ќерката на Дарие.”

Александар, пак се упати кон Египет, каде што беше и порано и марширајќи од Газа на седмиот ден пристигна во Пелусиј во Египет. Неговата флота пловеше едновремено од феникија до Египет. И во Пелусиј ги најде закотвени корабите. Персиецот Масака, кој беше сатрап на Египет поставен од Дареј, кога разбра  и за настаните  во битката кај Ис и за срамното бегство на Дареј, како и дека и Феникија и Сирија и голем дел од Арабија беа заземени од Александар… Го прими пријателски Александар во градовите и во земјата….

…Преку пустината стаса во Хелиопол. Оттаму ја премина реката (Нил.) и пристигна во Мемфис. Од Мемфис заплови долж реката, удолу кон морето… Запре на местото токму каде  што сега се наоѓа градот Александрија, наречен според Александар. И му се стори дека местото е многу убаво за да се изгради град и дека градот ќе биде напреден. И го обзеде жед за работа, и самиот го постави основниот план за градот и каде треба да се постави агората, колку храмови треба да се изградат… И каде треба да се постави околната ѕидина…

Продолжува …

Најново од: Историја

На денешен ден, 27 ноември 1919 година – Потпишан Нејскиот мировен договор, потврдена поделбата на Македонија

На 27 ноември 1919 година, во Неј на Сена, во близина на Париз, бил потпишан Нејскиот мировен договор меѓу Бугарија и силите победнички во Првата светска војна. Со овој договор, во голема мера била потврдена територијалната поделба на Македонија, воспоставена со Букурешкиот договор од 10 август 1913 година. Македонија повторно била предмет на меѓународни договори, […]

На 26 ноември 1904 година – Крвавата свадба во Зеленич, Леринско, Егејска Македонија

На 26 ноември 1904 година (13 ноември по стариот календар), во селото Зеленич, Леринско, во Егејска Македонија, се случил еден од трагичните настани во македонската историја, познат како „Крвавата зеленичка свадба“. Зеленич пред нападот Во 1904 година Македонија сè уште била под османлиска власт. По задушувањето на Илинденското востание, грчките андартски чети го засилиле своето […]

Ристо Никовски: Македонска небиднина

(септември 2021 година) Поминаа веќе 30 години откако се распадна југословенската федерација и Македонија стана самостојна држава. Иако тогашните македонски лидери не беа воопшто подготвени за независност, а распадот беше повеќе од очигледен, имавме многу повеќе среќа отколку знаење и умеење, зашто не бевме вклучени во војните кои следуваа. Гледано од денешен аспект, нашата среќа […]

АНТИМАКЕДОНИЗМОТ И „НАТРАПНИКОТ“

Војната во името на културата е војна против националниот идентитет Војната во име на културата претставува војна против националниот идентитет. Таа често се користи како изговор за владеење и наметнување доминација врз други народи, кои се прогласуваат за „некултурни“, „предавнички“ или „заблудени“. Таквите војни можат да се водат со оружје, но и преку политички, културни […]

Спорот за името (1913–2026)

Поделбата на Македонија во 1913 година претставува важен дел од историската заднина на спорот за името, кој се отвори по осамостојувањето на Република Македонија во 1991 година. Со Букурешкиот договор биле утврдени новите граници меѓу балканските држави по Втората балканска војна. Осум децении подоцна, употребата на името Македонија станала предмет на долгогодишен дипломатски спор со […]

ОБРАЌАЊЕ НА МАЛЕШЕВСКИТЕ ВОСТАНИЦИ ДО АНГЛИСКИОТ КОНЗУЛ ВО СОЛУН, 24 НОЕМВРИ 1878 ГОДИНА

Извор на документот: Документот е преземен од Фејсбук-профилот на Гоце Панговски. Историски документ: Протест на македонското население од Малешево против одлуките на Берлинскиот конгрес На 24 ноември 1878 година, населението од Малешевскиот крај упатило обраќање до генералниот англиски конзул во Солун, во кое ги изнесува своите страдања под османлиската власт и протестира против одлуките на […]

Кузман Шапкарев: Ние сме Македонци, а не Бугари! (1870)

На 30 ноември 1870 година, бугарскиот весник „Право“, кој излегувал во Цариград, објавил полемички текст за дејноста на охридскиот учител Кузман Шапкарев. Во написот весникот го обвинува Шапкарев дека се спротивставувал на употребата на книги напишани на бугарски јазик. Преку тие обвинувања, написот сведочи дека уште тогаш во печатот се расправало за посебноста на македонскиот […]

Како Александар Македонски го освоил Сур и го променил неговиот брег

Александар Македонски го напаѓа Тир (денешен Сур) од море. Гравура на Антонио Темпеста од 1608 година, Музеј „Метрополитен“, Њујорк. Сур е денешното арапско име на античкиот Тир, град во Либан. Со латиница често се пишува „Sour“. Во 332 година пр. н. е., војската на Александар Македонски се нашла пред утврден феникиски град чии ѕидини ги […]

To top