Македонски легенди

Антон Мирчев – Пешковски

makedonski-glas

Антон  Мирчев – Пешковски (1890 – 1942) е македонски деец, истакнат член на Македонската колонија во Петровград, потписник на неколку нејзини акти во списанието „Македондки глас“ (Македонскій голосъ) и е член на Македонскиот револуционерен комитет во Петроград. Тој својот печат го стави на страниците на македонската и светската историја. Учествувал во Октомвриската револуција и бил близок соработник В. И. Ленин и К. Раковски.

makedonski-glas

Антон (Доне, Дончо)  Мирчев  (Мирчич) – Пешковски е роден во 1890 година во селото Тресонче, во маалото Пешковци. По завршувањето на образованието, неговиот брат Крсте Мирчевски ќе работи како учител, а Антон околу 1910 година го напушта родното место и емигрира во Русија.

По доаѓањето во Русија, Антон Мирчев – Пешковски работи како електромонтер во Санкт Петербург (Петроград). Во руската престолнина се приклучува на Македонската колонија, во која членуваат прврзаниците за независна Македонија. Во 1914 година тој потпишува неколку акти кои се објавени во списанието „Македонски глас“ (Македонскій голосъ), орган на Македонската колонија. Инаку, ова списание кое се појавува на 9.06.1913 година и има големо значење за македонската историја и го уредува Редакцискиот совет на Македонската колонија, излегува се 20.11.1914 год., кога под притисок на балканските монархии престана да се печати.

Во 1914 година, Антон Мирчев – Пешковски учествува во активностите на повеќе напредни групи во Русија. Во 1916 година по една полициска провала бил затворен и протеран во Сибир. Наредната година, по враќањето во руската престолнина, учествува во основањето на Македонскиот револуционерен комитет во Петроград.

На иницијатива на истакнатите македонски дејци како Димитрија Чуповски, Гаврил Константиновиќ, Глигор Угриновски, Антон Мирчев – Пешковски и др. во март 1917 г. се основа македонското национално револуционерно здружение (Македонскиот револуционерен комитет), кое  се залага за обединување на поделената Македонија, како и за урнување на монархиите на Балканот и за создавање на Балканска Федеративна Демократска Република, во која равноправно би се вклучиле Македонија, Грција, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Бугарија, Тракија, Хрватска и Словенија, на чело со еден Претседател, Сојузна влада и Совет кој би преставувал замена за Претседател.

По избувнувањето на Октомвриската револуција во 1917 година, Антон зема активно учество во револуционерните настани. Тој учествува во нападот на Зимскиот дворец и тесно соработува со Владимир Илич Ленин и Кристијан Раковски. Како член на петроградскиот револуционерен комитет, тој бил назначен за еден од раководителите на монополот за шпиритус и член на контролната петорка за снабдувањето и исхраната на Петроград.

Во јануари 1918 години во Петриград била формирана Група на балкански комунисти. Во групата која броела 18 членови влегуваат и македонците Антон Мирчев – Пешковски (Тресонче) Михаил Антонов (Неврокоп) и д-р Владимир Каваев (Струга), како и неговата сопруга д-р Елена Каваева (Полска), личен пријател на  Владимир Илич Ленин. Антон зема активно учество во работа на оваа група и учествува на првите два големи меѓународни митинзи одржани во јануари и декември 1918 година. Потоа се вклучува во Првиот интернационален баталјон на Црвената армија за борба против контрареволуционерите и интервенционистите.

Антон Мирчев – Пешковски станал и функционер во Комунистичката интернационала, како и министер во Владата на Украина, составена по Октомвриската револуција. Во 1920 година, како комунистички емисар ја посетил Југославија и Бугарија. По посетата на Македонија се враќа во Русија, каде се вклучува во борбата против интервенционистите и белогардејците. Како комесар на Црвената армија, тој учествува во борбите на западниот фронт.

Антон потоа завршува инжинерство и бил испратен во Сибир каде работел на изградбата на Магнитогорск. Во 1930 година тој им испратил своја фотографија на мајка си и на својот брат.

Смртта на овој наш македонски деец е обвиена со мистерија. Постојат две верзии за неговата смрт во 1942 година. Во првата верзија се зборува дека Антон Мирчев – Пешковски бил заболен од туберколоза и дека починал во болница во Москва, а во втората дека тој мистериозно исчезнал едно ноќ во 1942 година во Москва, кога германските војски биле пред портите на главниот град.

Најново од: Македонски легенди

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

To top