Фељтон

Македонија во периодот на Филип II Македонски (5)

filip-makedonski

ПРИДОНЕСОТ НА МАКЕДОНИЈА ВО СВЕТСКАТА ЦИВИЛИЗАЦИЈА

Кралот Филип II Македонски владеел со Македонија во периодот 359-336 година п.н.е. Тој многу брзо ги ликвидирал династичките борби и покажал високи државнички и воени способности. Појавата на оваа цврста личност во историјата, е поврзана со најголемите политички и воени успеси кои почнала да ги доживува Македонија, која многу брзо ја претворил во најмоќна држава на тогашниот свет.     

Филип II Македонски ја проширил својата држава на исток и ги ослободил Амфипол (357 година п.н.е.), Метона (354 година п.н.е.), Пинд, Потидеја и други градови на македонските брегови на Егејското Море, со што обезбедил излез на Средоземјето. Енергичниот крал на Македонија, уште на почетокот на владеењето, радикално го неутрализирал влијанието на Атина во внатрешната политика на Македонија и обезбедил влијание над соседните Илири, Пеони, Трибали, Тракијци, Тесалци, Олинчани и Епирци. Со растот на авторитетот на Филип и во самата Елада, се појавило промакедонско движење.

На планот на внатрешната политика, Филип II Македонски спровел општествени и воени реформи. Ги неутрализирал сепаратистичките тенденции на старата аристократија и истата ја ставил под контрола. Истовремено тој ги укинал локалните династии во северномакедонските области на Горна Македонија (Орестида, Линкестида, Елимеја), го зацврстил единството на државата и власта. Покрај тоа, вовел финансиски реформи и ја промовирал својата златна валута „македонски статер”, со што ги поткопал економските позиции на Персија и Атина.

Со ова придонел во развојот на трговијата, на останатите стопанства и на целокупното обезбедување на земјата од надворешните непријатели. Кралот направил големи инвестициски вложувања во изградбата на патишта, пристаништа, градови, тврдини и друго. Така на пример, во 344 година п.н.е., на многу погодно стратешко место во Пелагонија, е изграден градот Хераклеа, покрај денешна Битола, а нешто подоцна, во 356 година п.н.е., градовите Филипи и Филипопољ во Тракија.

Истовремено, Филип II Македонски спровел големи реорганизации во армијата на Македонија. Вовел нова стратегија и тактика на војувањето, со употреба на разни видови формации и комбинирани дејства. Главна ударна сила станала македонската фаланга, еден вид тешко вооружана пешадија, чија ударна сила немала на себе рамна во тогашниот свет. Тоа биле одреди на пешадијци, распоредени во тактички формации со длабочина од 16 редови, а вооружени, покрај останатото, со копја (сарисе) долги околу пет метра. Коњаницата станала многу важно средство за напад, изненадувања и маневри. Македонската воена и мирновременска морнарица, со бази во Термајскиот Залив, придонела во развојот на стопанството и заштита на бреговите.

Кралот на Македонија ги усовршил воената дисциплина, обуката на војниците и вооружувањето на својата армија. Вовел нови опсадни средства, дотогаш непознати, како и употреба на кучиња-трагачи и чувари за воени дејства, пред сè во планините на Тракија, Илирија и Грција. Тој ги проширил правата и привилегиите не само за припадниците на коњаничките единици составени од аристократски семејства, туку и за целата војска. Чувајќи ја старата македонска традиција на својата Аргеадска династија, Филип II Македонски бил врховен војсководец, судија, како и првосвештеник. На собрание на војската се решавале сите важни прашања. Собранието го потврдувало и новиот крал со акламација, го решавало прашањето за наследникот и претставувало врховен суд во случај на велепредавство.

Централизацијата на власта која ја спровел Филип имала општествена и интегративна функција. Ова многу критички го изнел Демостен (384-322) од Атина, кој рекол дека „Филип Македонски бил истовремено војсководец, благајник, политичар, дипломат и дека никој никогаш така не ја зоврел Европа како синот на Аминт”.

Вечниот антагонизам меѓу Македонија и Елада, освен Спарта, дошол повторно до израз за време на Светата војна во Средна Грција, кога Фокиѓаните го ограбиле Делфинското светилиште и со сета војска ја тероризирале цела Грција. Не можејќи да се справат со тоа, Грците му се обратиле на Филип за помош. Македонската интервенција во 352 година п.н.е. настапила со блескава победа, со казнување на Фокиѓаните и со проширување на македонската власт од Тесалија до Термопил.

filip-makedonski

Во наредните осум години, Македонија се проширила од Јадран до Црното Море, а на Халкидики градовите паѓале еден по друг. Сето ова носело големи загуби во атинската трговија и престижот. Во настанатите прилики посебно бил изразен многу аграсивниот став на Атина, на чело со најголемиот беседник и водач на антимакедонската партија во Атина, Демостен (384-322).

Во 348 година п.н.е. Демостен ја одржал „Првата Филипика”, каде првпат отворено истапил против Филип и ги повикал Елините во борба против „македонските варвари”. Тој отворено истакнувал дека секој е варварин ако не е Елин, што уште еднаш потврдува дека Елините од тој период, Македонците не ги сметале за Елини. Непријателствата се ределе и покрај „Филократовиот мир”, кој следел меѓу Атина и Македонија, во 346 година п.н.е.

Во пролетта, 340 година п.н.е., македонскиот крал Филип II Македонски војувал во Тракија против Перинт, на Долен Дунав против Скитите и во Горна Мезија против Трибалите. Неговите успеси ја иритирале антимакедонската партија која не можела да се помири со фактот дека Атина ќе ја изгуби политичката хегемонија во егејскиот свет. Заради тоа Демостен не се плашел ниту од сојузот со Персијците, како и од земање на персиското злато за поттикнување војна меѓу Атина и Македонија.

До неминовниот конечен судир меѓу Македонците и обединетата елинска коалиција (Атина, Теба и други освен Спарта) дошло на 2 Август (Илинден), во 338 година п.н.е. во рамницата кај Херонеја во Беотија, каде елинската војска била потполно поразена. Прекалената македонска фаланга и нејзиниот генијален војсководец, кралот Филип II, извојувале голема победа над грчките сојузници. Оваа победа и денес ја симболизира велинчествениот споменик „Лавот Херонеј”.

Оваа значајна победа на воената и економска надмоќ на Македонците и непосредниот Сеелински конгрес, кој бил одржан во 338/337 година п.н.е. на Коринт, претставуваат крај не елинската независност во целина и на поединечните полис-држави посебно, воспоставување на македонска хегемонија и општ мир на Балканот. Во овој решавачки судир, во кој двајцата најмоќни непријатели на Македонија, Атина и Теба, биле совладани, дорска Спарта останала неутрална. Во Атина на Филип му е издигната почесна статуа, додека на неговиот син Александар му е дадено граѓанско право.

Прогнозите на Демостен не се обестиниле. Филип во текот на своето владеење од 24 години, создал многу модерна држава. Најпрво тој склучил спогодба за „општ мир” и сојузништво меѓу Македонија и Елада, а исто и меѓу полисите меѓусебно, со што престанале постојните меѓусебни војни. Морскиот сообраќај станал слободен, па трговијата добила нови можности. Кралот Филип II  Македонски станал врховен воен и политички водач. Потврдена е неприкосновеноста на приватната сопственост. Ги ослободил робовите, земјата ја поделил на селаните, со што ги задоволил следбениците на промакедонската партија во Елада.

Бидејќи персиската опасност била постојано присутна, кралот на Македонија го искористил „сојузништвото” со Елините и на Коринтскиот конгрес, 337/336 година п.н.е., е избран за хегемон на сите држави на Коринтскиот конгрес и врховен командант-стратег автократ во војната против Персија, со поcебни овластување.

Бидејќи ги уредил односите со Елините и ги извлекол сите политички консеквенци од својата победа, Филип се вратил во Македонија да се подготви за војна против Персија, бидејќи нивните интереси се судрувале на Егеј, Медитеранот, а посебно на Босфорот. Во пролетта 335 година п.н.е. Филип формирал македонски експедициски корпус, во состав од 10.000 војици под команда на Парменион и неговиот зет Атал, како претходница во Мала Азија. Корпусот без поголем отпор поминал преку Хелиспонт и ја зазел Троја, продрел до Магнезија на Меандра, кога до Парменион стасала веста дека кралот е убиен.

До убиството на македонскиот крал Филип II Македонски дошло за време на мажењето на неговата ќерка Клеопатра со египетскиот крал Александар. Филип бил убиен на свеченостите на дворот во старата македонска престолнина во Егам за време на гимнастичките натпревари.

Кога арената била полна, тргнала свечената поворка со учесниците кои носеле украсени статуи на олимписките богови и величествена статуа на кралот Филип на престол. Кога се појавил Филип, настанало големо воодушевување на присутните, а тој ги замолил своите телохранители да го следат од далечина. Тогаш ненадејно излегол младиот Македонец Паузанија со нож в раце и го извршил атентатот. Прераната смрт на македонскиот крал на 47 години, кој бил најголема воена, политичка и историска фигура, не само на Балканот туку и во Европа, довела до криза во воспоставувањето цврсти односи на Балканот посебно во Елада.

Филиповата смрт била ненадејна. Но неговите дела биле грандиозни. Тој пред сè ја изградил моќна Македонија, со сила ги смирил Елините и зад себе го оставил достојниот наследник Александар Македонски, чија слава не ја помрачила славата на неговиот истотака голем татко. Македонскиот крал Филип II е погребан во Егам во величествена кралска некропола, со гробница каква не е најдена слична во Елада, со должина од 110м, а височина 12 м.ßü

Пишуваат:

Академик Антоније Шкокљев-Дончо

slave-nikolovski-katin
Славе Николовски –
Катин

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top