Култура и туризам

Водениците во Прилепец и Чумово

tome-veljanovski

tome-veljanovskiНекогаш, во многу старо време, можеби и пред милион години, мариовската котлина, пелагониската рамнина и демирхисарската котлина биле полни со вода. Претставувале голема водена површина. Дошол некој жеден змеј да пие. Друг змеј, стопан на водата, се исплашил да не му ја испие сета вода, па му забранил и му наредил да престане, да не пие повеќе од неговата вода. Дошло до кавга. Се налутиле змејовите еден на друг и отвориле меѓусебна борба со сабји. Во тепачката ја пресекле планината меѓу Мариово и кавадаречко и водата од мариовско се испуштила и пред себе ги однесла градовите и селата, истекувајќи во Егејското Море.

Пелагониското Езеро се делело на два дела – долно и горно езеро. Долното држело од Скочивир до Тројкрсти и Новоселани. Оттука нагоре држело горното езеро до Гостиражни. Од Бучин нагоре држело демирхисарското езеро. Откако се испуштило мариовското море, водата од долното езеро создала силен притисок, браната кај Скочивир попуштила и водата од долното езеро, битолско поле преку празното мариовско езеро истекла во Егејско Море. Откако истекло долното езеро и водата од Пелагониското езеро во планинскиот масив меѓу селата Новоселани и Тројкрсти, ослабел притисокот во горното езеро кај прилепското поле. Со времето, од притисокот планинскиот насип меѓу Тројкрсти и Новоселани, бил пробиен и водата преку долното езеро и мариовската котлина истекла во Егејското море. И демирхисарското езеро ја поткопало природната брана кај Бучин и водата преку долното езеро, преку битолското езеро и преку мариовската котлина отишла во Егејското море.

Со истекувањето на водите со векови, се создале брзи реки низ планините, а езерското дно се претворило во ораница. Луѓето почнале да се населуваат и да создаваат селски и градски населби. Жителите покрај планинските реки направиле воденици – мелници на вода, за да го олеснат животот, да го мелат житото, место да го толчат, за да прават брашно како дотогаш. Се создала реката Црна, која од пелагонискиот предел преку Мариово и Вардар ги собира водите и ги носи во Егејското Море.

Приказната ја кажуваа дедовци, а Ристе Дамјанов Дамјаноски бил “експерт” за легенди.

На 4,5 км. источно од Прилеп се наоѓа селото Прилепец. Основано е покрај старото село Ивањевци и затоа го добило името Прилепец – прилепено. Селото лежи на западната страна од Селечка планина со врвот Коњарник од 1600 м. Синорот повеќе е планиниски. Поголемиот дел од обработливата земја е над селото со околу 30-тина домаќинства. Главно занимање на населението е земјоделието, жито, тутун, па и сточарство. Манастирот бил прочуен како туристичко место за лечење на нерви и хронични болести. Селска слава е Св. Никола летен, 3 јуни. Децата до четврто одделение одат на училиште во селото Волково, во непосредна близина.

Сета планинска вода се собира во прилепската река, која е доста голема и има услови за воденици – мелници. Имало девет прилепски воденици, и тоа: Петре Мангар со 2 воденици. Цветан Дурма, Стеван, Цветан Карандески, Трајан Саботкоски, Марко Џамоски и Дедо Васил имале по една воденица. А Клендовци со Ило Џамоски имале една заедничка воденица.

На шест километри југоисточно од Прилеп, во подножјето на брегот Волкојца, се наоѓа селото Чумово. Порано се викало Маломомци. Се наоѓало западно, меѓу денешните Чумово и Штавица. Остатоци од старото село Маломомци има во местото Шешерајца. Некогаш селото го фатила чума и повеќе од жителите изумреле. Преживеаните, од страв од чумата, се преселиле во густата шума. Новата населба ја заорале двајца браќа близнаци со два вола. Од тој себап, чумата не можела да прави пустош и да влезе во новата населба. Селото го сменило името од Маломомци во Чумово, лажејќи ја чумата како да не постојат повеќе жители од старото село Маломомци. Селото има 30 домаќинства. Повеќето се доселеници, отколку домородно население. Апостоловци дошле од  Клекоперци, кое Турците го изгориле за време на Мариовската буна во 1564/5 година. Јоновци се деленици. Риџовци, Марковци или Орленците се деленици, доселени од Орле, мариовско. Трипуновци по татково потомоство се од Палошовци од Клепач. Писокалците се доселени од некогашното село Писокал над Бонче. Крушејчаните се доселени од Крушејца, мариовско. Драпачовци се од племето Алтаманови од Рожден, Мариово. Талевци се доселиле од Прилепец.

Селаните се занимаваат во синарот со земјоделие… Селската корија е поделена на домаќинствата. Слава е Велигден. Има црква, Св. Никола и селско училиште градено во 1946/7 година. Низ Чумово минуваат две реки. Едната започнува одозгора до Волкојца и ги собира сите води над селото и со јаз е доведена над црква до местото за водениците. А втората вода често се меша во селото. Оттука почнуваат селските воденици. Ги има пет, од Блаже и Стеван Аџиовци, од Ристе Апостолоски со Димо, од Блаже, Илија Риџовџи, од Трипуновци со Петре и Крсте Бапковци или Чукаловци, од Апостоловци со Јоновци, Писокалците, Крушејчаните и Мустевци, кои имале по една заедничка.

vodenicite-vo-prilepec

Најново од: Култура и туризам

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

Македонскиот рубин – камен што го носи името на Македонија

Македонскиот рубин не е само скапоцен камен. Тој е природно богатство создавано во длабочините на македонската земја, минералошка реткост поврзана со прилепскиот крај и скапоценост што денес го носи името на Македонија во светот. Во белите мермери во околината на Прилеп природата оставила нешто навистина необично – кристали на корунд со розова, малинова и црвеникава […]

Струшки книжевни средби – 2026“: Празник на македонскиот пишан збор и книжевноста

На 20 септември се одржаа традиционалните „Струшки книжевни средби – 2026“, меѓународна книжевна манифестација што секоја година ги собира авторите и љубителите на литературата во Струга и Вевчани. Во градот на поезијата, каде што македонскиот пишан збор има длабоки корени и богата традиција, „Струшките книжевни средби“ и годинава живееја во ритамот на литературата, создавајќи простор […]

Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица

Дваесет и први септември е датум што во македонскиот историски и културен календар е поврзан со повеќе значајни личности и настани, а воедно има и особено место во духовниот живот на македонскиот народ. На овој ден Македонската православна црква – Охридска архиепископија го одбележува Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица. Според […]

Промоција на „Раскинување на договорот“ во „Матица македонска“ – Сотирис Минас, Гркот кој ја побара вистината и ја засака Македонија

Во присуство на бројна публика, на 19 септември во книжарницата „Матица македонска“ во Скопје беше промовирана двојазичната поетска збирка „Раскинување на договорот“ на грчкиот поет и преведувач Сотирис Минас – автор кој нема македонско потекло, но сам го научил македонскиот јазик и преку своето творештво отворено проговори за Македонија, македонскиот јазик, идентитетот и правото на […]

Новото истражување на Ставре Џиков отвора прашање кое води длабоко во минатото на овој стар христијански простор

Дали на Пеленица над Драчево навистина постоел манастир со необичното име „Свети Ерусалим“? Новото истражување на Ставре Џиков отвора прашање кое води длабоко во минатото на овој стар христијански простор. Документите го потврдуваат името „Свети Ерусалим“, додека археолошките наоди сведочат дека Пеленица била значајно христијанско место уште во доцната антика. На само неколку километри над […]

To top