Историја

Венијамин Мачуковски составува граматика на македонски јазик и учениците успешно ја изучуваат

venjamin-macukovski

venjamin-macukovski

(“Објава за Бугарската граматика на Македонското наречие”, 16 септември 1872 во Кукуш)

“Изучувањето на  Бугарската граматика во македонските училишта е еден од најтешките предмети за учениците, заедно со тоа е и најбестолковен. Тој им одзема доста долго време, и тоа не им пречи пак да немаат поим од граматиката. Тоа произлегува од несообразноста во граматичките форми на досегашните издадени буг.(арски) граматики со оние на македонското наречје. Тоа ми даде повод од време уште да обрнам внимание врз нашето наречје и да го подведам под граматички форми и пра-вила. Го имам веќе наредено првиот дел за граматиката, и од успехот што го покажаа учениците во изучувањето на овој предмет по моите записки, наполно се убедив во постигнувањето на мојата цел.

За да им дадам едно лесно  раководство и на другите ученици во Македонија, и да ги избавам своите од препишувањето, се решив да го напечатам овој мој трудец; но единствената стапка се средстварта  што ми пречат да го направам тоа.

Поради тоа се обраќам со покорна молба кон господата учители по Македонија да се погрижат да ми соберат помошти, од кои исклучиво зависи издавањето на мојата книшка.

Помоштите се праќаат до мене во Кукуш, придружени со 3 гроша претплата за половината цена на книгата.”

Блаже Конески, Кон македонската преродба, Македонските  учебници од 19 век, II издание, ИНИ, Скопје 1959, стр. 84-85;
Блаже Ристовски, Портрети и процеси, I, Култура, Скопје 1989, стр178;

ПЕТАР ИВАНОВ ГО НАПАЃА МАЧУКОВСКИ ЗА НЕГОВАТА МАКЕДОНСКА ГРАМАТИКА

(30 септември1872 год.)

“Човекот пишува граматика бугарска по македонското наречје. Што сакате да покажете со тоа г-не Мачуковски? Не ни стигаат ли 4-5 граматики турли би турли, ами и вие сакате да се прочуете  како Најден граматикот? Или нешто друго мислите со тоа? Ни давате причини да се сомневаме. Не сте ли согласни дека сите Бугари треба да имаме една писменост. Не сте ли согласни да бидеме целокупни? Не сте ли согласни сите Бугари да зборуваат еден правилен чист литературен јазик? Каква цел гоните со вашата Бугарска граматика на макенското наречје, која бидејќи е на македон.(ското) наречје, треба да ја на-речете Бугарска, а не Б’лгарска… Само што македонско нарече-ното наречје мошне многу се расипало под влијание на арнаут-ското, српското, цинцарското и грчкото наречје…Г-нот Мачуковски пак го молам да го одложи издавањето на својата граматика по македонското наречје додека Македонците не се от-кажат дека се Б’лгари или Бугари. Ако сме еден народ треба да имаме еден литературен јазик и една граматика.”

П. Иванов, Б’лгарската граматика по македонското наречие от. г. Мачуковски, “Право”ВИИ, 34, 30. Џ.1872, стр.3;

Љ. КАРАВЕЛОВ ГО КРИТИКУВА В. МАЧУКОВСКИ ЗА НЕГОВАТА МАКЕДОНСКА ГРАМАТИКА

(30 септември1872 год.)

“Во весникот “Право” пишувало оти некојси В. Мачуковски намислил да издаде Бугарска граматика по македонското наречје. Г-н В. Мачуковски уште еднаш ни докажува дека нашите писатели не знаат ни што прават, ни што мислат, ни што работат. Најнап-ред ние треба да го запрашаме г-нот Мачуковски, во што се состои различноста помеѓу тракиското, дунавското и македонското наречје? Ние мошне арно ги познаваме тие три на-речја и можеме да го увериме г-нот Мачуковски дека таа различност се состои не во конструкцијата на јазикот, а во некои одделни зборови. Слична разлика има и помеѓу кар-ловското, сопотското, коприштенското и др. наречје, но никому досега не му дошло на ум да составува сопотчанска граматика…По наше мислење г. Мачуковски многу подобро би направил ако би напишал споредбена граматика на бугарските наречја, и кое наречје ќе се покаже поправилно, тоа и да се прими за литературен јазик. Ние сме должни да ги зближуваме наречјата, а не да ги оддалечуваме…”

Книжевни известија, “ Слобода”, III, 14, Букурешт, 30.IX 1872, стр.112;
Блаже Ристовски, Портрети и процеси, I,.., стр 178;

Најново од: Историја

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Владеењето на Александар Македонски со провинциите Лидија и Карија

Историјата на Јонците покажува дека тие постојано го чувствуваа јаремот на туѓинецот како товар. Тие не се караа, туку ја почитуваа слободата како најголем благослов. Записот на Приен од третиот век ни дава благороден израз на оваа идеја кога вели: „Нема поголемо нешто за античкиот грчки човек од слободата“. На прашањето како Александар Македонски ги […]

Беличица во пламен – трагедијата од 19 септември 1944 година

На 19 септември 1944 година селото Беличица, во Горна Река, станало место на една од најтешките и најтрагичните борби во последните месеци од Народноослободителната војна во Македонија. Во нерамноправниот судир меѓу борците на Третиот тетовски партизански одред и многубројните балистички сили загинале 21 партизан, а по завршувањето на борбата биле убиени и 17 жители на […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

20 септември 1944: Во Софија се пишувало за правото на самоопределување на македонскиот народ

На 20 септември 1944 година, во период на крупни политички и воени промени на Балканот, во Софија било објавено пишување во весникот „Отечествен фронт“ во кое се говорело за правото на самоопределување на македонскиот народ и за значењето на АСНОМ. Документот, зачуван во збирка поврзана со Павел Шатев, претставува значајно сведоштво за политичката атмосфера непосредно […]

Дабничкиот масакр: крвавиот 19 септември 1942 кај Прилеп

На 19 септември 1942 година, во месноста Дабнички Завој, меѓу Прилеп и селото Дабница, се случил еден од најтрагичните настани од периодот на Втората светска војна во Македонија – Дабничкиот масакр. Настанот бил кулминација на повеќедневна акција на бугарските окупаторски власти против населението од Дабница и прилепските учесници и поддржувачи на Народноослободителното движење. Дабница – […]

Брз економски развој во Мала Преспа и голем отпор на населението против асимилацијата

Во периодот од 1926 до 1930 година во Мала Преспа бил забележан брз развој, особено во изградбата на нови куќи. Голем број луѓе кои по Грчко-турската војна заминале на печалба низ светот им испраќале значителни суми пари на своите семејства, а кога се враќале во родните села, со себе носеле и голем дел од заштедените […]

Почеток на битките на Александар Македонски во Мала Азија

Почеток на битките на Александар Македонски во Мала Азија Дел од романот „Александар Велики (Македонски)“ од Улрих Вилкен, во превод и приспособување на Славе Николовски-Катин – I дел Несомнено, како генерал на Лигата, првата должност на Александар Македонски била да ги ослободи античките грчки градови во Мала Азија од персискиот јарем. Меѓутоа, сè што било […]

To top