Култура и туризам

Големата Мајка, мегалит од околината на Прилеп – Македониа, 400.000 години македонска ера

solzana

„Солзана“

solzana

Монументалната скулптура на Големата Мајка со три лица висока 67 м. се наоѓа на Се­лечка Планина во Македониа, во насока на исток од градот Прилеп, на три километри источно од село Селце.

Скулптурата произлезена од Господовиот природен тек за создавањето на Македонија – рајот, дооформена со раката на обожествениот Македон, рамноправен на својот татко, доми­нира во просторот каде е поставена. Боговите Македонци со високи уметнички квалитети, со скриени пораки во стилот на божјиот Хермес, ни ја презентираат македонската монотеистичка религија на Големата Мајка, Господ Сонце и вселената.

Скулптурата во книгава е насловена „СОЛЗАНА“, мислејќи на Господова „солза“ што претставува Господов сончев зрак.

Господ Сонце со неговиот диск како божјо око се гледа. Господова солза е капка роса, која пристига од сонцето преку месечината. Солзата светла но студена, ја наросува вкупната жива природа на Земјата во вид на утринска роса. Таа светлина претставена е со самовилата „Солзана“ (Ана, Јана).

Скулптурата во себе крие три пораки – три лица.

Првото лице (сл. 47) е лице со израз на болка кое моли за изгрев на сонцето. Моли и за мигот на оплодувањето.

Второто лице го симболизира сончевиот зрак, како самовила Солзана. Нејзиното лице ги искажува следните зборови: „Јас и Сонцето во пролетта, со божјата семенка, утринската роса, осветлена со сон­чевте зраци, Господ е во мене“.

Третото лице (сл. 51) е израз на божјата МА како оплодена, со китка накитена, круна од златно-жолти цвеќиња на главата. Таа е породена – облизната во раст и милувана од сонцето. Таа е обожествена Македонка, родилка на рајот Македониа. Солзана е царица која бдее над своите деца, заштитничка на куќата и Македониа.

Извадок од книгата „Зета Македонија“ од Бранко Сотировски.

zeta-madonija
Зета Мадонија,Павлов, (денешна Чешка)

31.000 – 27.000 г. македонска ера. Реконструкција М. Герасимов

Мегалитот Солзана е инспирација за создавање стихови, за кои е напишана музика од композиторот Сашо Ливрински – Лаврод.

solzana2

Господ Сонце се гледа се слуша. Господ Сонце е ОКО, од Господовото око излегува или паѓа Господовата СОЛЗА. Господовата солза е самовила, сончав зрак, утринска роса. Господовата солза е светлост, УМ, словарница и слово божјо. Од Господовата солза се раѓа Македонија рајот. Од Господовата солза се раѓа „Божја Солзана на Зета Македонија“. За македонија рајот пее Сузана Спасовска.

„Зета Македонија“ – Бранко Сотировски

Најново од: Култура и туризам

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

Македонскиот рубин – камен што го носи името на Македонија

Македонскиот рубин не е само скапоцен камен. Тој е природно богатство создавано во длабочините на македонската земја, минералошка реткост поврзана со прилепскиот крај и скапоценост што денес го носи името на Македонија во светот. Во белите мермери во околината на Прилеп природата оставила нешто навистина необично – кристали на корунд со розова, малинова и црвеникава […]

Струшки книжевни средби – 2026“: Празник на македонскиот пишан збор и книжевноста

На 20 септември се одржаа традиционалните „Струшки книжевни средби – 2026“, меѓународна книжевна манифестација што секоја година ги собира авторите и љубителите на литературата во Струга и Вевчани. Во градот на поезијата, каде што македонскиот пишан збор има длабоки корени и богата традиција, „Струшките книжевни средби“ и годинава живееја во ритамот на литературата, создавајќи простор […]

Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица

Дваесет и први септември е датум што во македонскиот историски и културен календар е поврзан со повеќе значајни личности и настани, а воедно има и особено место во духовниот живот на македонскиот народ. На овој ден Македонската православна црква – Охридска архиепископија го одбележува Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица. Според […]

Промоција на „Раскинување на договорот“ во „Матица македонска“ – Сотирис Минас, Гркот кој ја побара вистината и ја засака Македонија

Во присуство на бројна публика, на 19 септември во книжарницата „Матица македонска“ во Скопје беше промовирана двојазичната поетска збирка „Раскинување на договорот“ на грчкиот поет и преведувач Сотирис Минас – автор кој нема македонско потекло, но сам го научил македонскиот јазик и преку своето творештво отворено проговори за Македонија, македонскиот јазик, идентитетот и правото на […]

Новото истражување на Ставре Џиков отвора прашање кое води длабоко во минатото на овој стар христијански простор

Дали на Пеленица над Драчево навистина постоел манастир со необичното име „Свети Ерусалим“? Новото истражување на Ставре Џиков отвора прашање кое води длабоко во минатото на овој стар христијански простор. Документите го потврдуваат името „Свети Ерусалим“, додека археолошките наоди сведочат дека Пеленица била значајно христијанско место уште во доцната антика. На само неколку километри над […]

To top