Дијаспора

Браво Претседателе на Република Македонија Д-р Ѓорге Иванов

ivanov-tusk

Пишува: Јанко ТОМОВ

Во “Утрински весник” од 22 ноември, стои наслов: “Туск дочекан со критики и барање”

ivanov-tusk

“Шефот на државата, Ѓорге Иванов, му приреди непријатно добредојде на првиот човек на Европската унија, Донал Туск, кому ова му е прва посета на нашата држава откако е на функцијата. “Посетата ви е задоцнета”, му рече Иванов на Туск, бидејќи според него, граѓаните се заморени од блокадата на евроинтеграцијата и од нерешителноста на Советот на ЕУ”, пишува Слободанка Јовановска.

Ова преставува вистинскка пријатна новина, од претседателот на Република Македонија, д-р Ѓеорге Иванов, за која патриотите и антикомунистите од диаспората посебно го ценат таквиот гест на почитуваниот Претсаедател. По наше мислење и став, секој  западен политичар, дипломат или лидер, специјално на ЕУ и НАТО, било дали званично или незванично го признава Уставот на Македонија, тој како преставник на својата држава или на ЕУ или на НАТО, при изговарањето погрешно  името на Републикиа Македонија, како и погрешното името за Македонците, да биде предупреден на лице место или пред да дојде во Македонија, дека ако тоа повторно го прави, ке биде недобродојден или едноставно прогласен за персона нон грата.

Така треба да се дочекуваат преставници лидери на ЕУ, НАТО и од политичката партија на  “демократите” на САД, за да им стане јасно дека неможе повеке да истрпи македонскиот народ со негирање и омаловажување иако американските Републиканци во 2004 година, го  признаа  уставното име. Македонците се подвргнати на делби и притисоци, од економски до фашистички човекови тротури, кои не се памтат досега, от тие кои треба да ги заштитуваат послабите со економии, војни сили народи, но со големи желби и амбиции да го помогнат мировнио свет. Западната политика према македонците и Република Македонија е фашистичка, во повеќе  погледи, која има влијанија и во големите држави, како САД, Канада, Европа и Австралија, во кои емигрираа македонско иселеништво, посебно патриотското, кое придонесе за падот на комунизмот во Источна Европа, со познати активности на Македонското движење во диаспората.

Ние македонците во Австралија, посебно сме малтретирани од институциите,  на власта или австралијското општество, кога е во прашање да ја најдат државата Република Македонија, на нивните компјутери, од кои сме емигрирале во последните 4-5 децении. Така чекајки болни и свиткани од болки, по здравствените институции на брза помош, болниците за хитни операции и сл., за да ја најдат државата Република Македонија, која званично Федералните власи не  и го признаваат Уставното име, барајки во нашите документи за  лични информации. Многу пати и самите службеници и медицински персонал, прикажуваат длабоко жалење за нас, но не и политичарите кои се желни за слава и владеење, за кои ние им го даваме својот глас, на сите парламентарни и државни избори.

Таквото  малтретирање, понижување  и добивање нервоза и висок крвен притисок, го добиваме ние македонското иселеништво и преку поедини државни или приватни корпорации и јавни претпијатија, како што се поштите, кога сакаме да пратиме финансова помош на наши роднини или пријатели во Република Македонија, што им треба многу време  да го најдат името на ова наша родна Македонија, посебно кога добар дел на иселеништвото не знае или несака да ја објасни и проговори навредувачката рефереца  ПЈРМ.

Сета траума и нервоза на македонското иселеништво, доаѓа од нехуманите притисоци на владите на Р. Грција, а донекаде и од Р.Бугарија, кои преку своите лоби групи, распространети во опшествата, парламентите и образовните системи на Австралија, САД, Канада и Европа им ги вршат, можеби, тајни криминални финансови поткупувања или желба за власт по секоја цена и по цена на непризнавање на еден од најстарите историјски и библијски народи на Медитеранот и Европа, од која преисторијска и античка култура е напоен западниот свет.

Бидејки досега актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, како и раководството на актуелната коалициона власт на републиката, одбиваат понади од невладините организации во Македонија и од диаспората, за решавање на признавање на уставното име, од страна на Генералнопто собрание на Обединетите нации, останува претседателот д-р Ѓеорге Иванов, да  поднесе официјално барање за хитно решавање, за која цел треба да го ангажира Проф.д-р Јанев, правник, Македонец кој живее во Р. Србија, а и група Македонски правници од правосудните органи на републиката.

Ако не се постави званично барање до Генералното собрание на Обединетите нации, за хитно признавање на уставното име на Македонија, тогаш треба да се поднесе официјално барање до Советот за Безбедност и до Генералното Собрание на ОН, за прогласување на ВОЈНА НЕУТРАЛНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.

Така не ни е потребно ниту членство во ЕУ и НАТО, ниту прикључување кон било каков воен блок. Сите институции на ЕУ и НАТО, кои не го изговараат или не го признаваат уставното име, да ја напуштат Република Македонија и владата да ги прекинат односите со нив, а републиката да воспостави пријателски, економски и културни односи со сите джави и народи во светот.

Со горното ке се стопира федерализација на републиката и воспоставување на двојазичност-Македонски и Албански јазик, исто така ќе се спречи гинење на фронтовите, во случај на војна, кои се спемаат од западот, а против народот на Руската федерација,чив народ е наш БРАТСКИ СЛАВЈАНСКИ. А што е најважно ке се спречи уништување на уставното име на Македонија.

Најново од: Дијаспора

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

Дијаспората заборавени од историската слика за 8-ми септември

Идејата за самостојна Македонија не се роди непосредно пред референдумот во 1991 година. Таа долго живееше меѓу македонците во дијаспората, дури и кога јавното залагање за независност можеше да донесе прогон, затвор и уништен живот. По повод 8 Септември – Денот на независноста и 35-годишнината од создавањето на самостојната македонска држава, под покровителство на претседателката […]

Европратеничката Ирена Јовева – бранител на македонскиот јазик и македонскиот идентитет

Европската Унија е наднационален и меѓувладин сојуз на европски држави. Под ова име е основана во 1993 година, со Договорот за Европската Унија, познат како Договорот од Мастрихт. Сепак, голем број нејзини институции и механизми постоеле и претходно, врз основа на договорите што датираат уште од 1951 година. Активностите на Европската Унија опфаќаат бројни области […]

To top