Историја

Извештај на рускиот конзул во Битола за насилствата и убиствата во Западна Македеонија (1875 и 1876 год.)

ruski-konzul-bitola

ruski-konzul-bitola

“…Во извештајот од 4 минатиот октомви Nо 194 имав чест да му поднесам податоци на Вашето Превасходство за тоа дека стануваат многу пљачкања и убиства во ре­о­нот на довереното ми конзулство… положбата уште повеќе се влоши: убис­т­ва­та на хрис­ти­јаните зачестија и зедоа многу пожесток и поодвратен ка­рак­тер. Како и порано, турската власт ги остава престапите без гонење; ако ова се врши, мус­ли­ма­ните лесно се ослободуваат од затвор поради немање све­до­ци, кои често се пов­лекуваат да сведочат од страв да не им се одмазди осло­бо­де­ниот од судењето кој да­ва контра сведоци а муслимани, чии изјави се секогаш поп­рави пред шеријатот от­кол­ку изјавите на христијаните.

Оваа несносна положба на рајата предизвика од половината на овој месец ноември испраќање телеграмии од страна на жителите од Прилеп и Охрид до великиот везир во кои овие, жалејќи се на својата незаштитеност, молат да им се стави крај на нив­ни­те страдања.

Честото обраќање на роднините од убиените за заштита во нашето императоско кон­­зулство не еднаш ме натерало да се обраќам кон Али-Саиб паша со пријателски при­­ватни изјави дека е нужно да се преземат вистински мерки за намалување на ова зло што безмилосно ја измачува земјата. Но јас разбрав дека не ја наоѓам кај валијата онаа добра волја и енергија…Али-Саиб паша потполно се приспособи кон средината која го опкружува, составена од бегови што неретко ги кријат во своите чифлици убиј-ци­те, ги употребува сите свои усилби, не гнасејќи се од лаги само да не излезат над­вор гласовите за она што станува внатре. Оваа апатија… на валијата за испол­ну­ва­ње на неговите задолженија има карактер на несознателно попушптање на моха­ме­дан­­ците, особено е чудна сега  предвид искажуваната добронамерност на цен­трал­на­та влада кон рајата.

Сето горекажано, а особено брзата потреба од надворешна заштита на сегашните христијани и нивната тврда вера во помошта на императорската влада ме гонат мене нај­учтиво да го претставам на Вашето Превасходство списокот на убиствата изв­р­ше­­ни од Турците над христијаните во текот на последниве 8 недели во дове­ре­ни­от ми ре­он.

Во Битолска околија:

1. На 3 октомври близу с. Света бил отепан овчарот Васил со три куршуми од пушките на Турците Малик Хамза, Садик и Петах…

2. На 21 октомври во с. Крапа бил отепан христијанин…Малик во денот на извр­ше­ното убиство останал во Битола, го ослободило убиецот од гонење.

3, На 27 октомври бил отепан со куршум од пушпка и исечен на парчиња од Тур­чи­нот жител на с. Прибилци, младиот селанец од с. Сопотница, Силјан Велјанов. Абдула , испратен во затвор по жалбата на таткото на убиениот син сега се ослободи од судот по немање сведок за убиството…Мотив за овој престап бил што Силјан откажал да ми ги донесе штиците  од Битола на Абдула.

4. и 5. На 3. ноември тројца Турци влегле во куќата на христијанинот во с. Врановци и му побарале пари… Се чуло пукање и старецот куршумот во главата го оставил на ли­це место мртов. Дотрчаниот на помош поголем син на несреќниот татко бил иска­са­пен со јатаганот….

6. Бившиот селски старешина, селанецот Ристе, бил отепан на 10 ноември близу с. Цапари од четворица Турци како одмазада за избирањето на полјакот христијанин на селото наместо муслимани. И ова убиство си помина без барање.

ВоградПрилепинеговатаоколијастаналеовиетурскизлочини:

7. на 15 октомври Турчинот Керкаваса го убил во град Прилеп селанецот воденичар и не бил за тоа гонет.

8 и 9. Никаква судска истрага не презела турската власт и по повод крвавиот нас­тан што станал во град Прилеп на 1 ноември овој месец, кога Турците пукале два­пати со пушки на група христијани што излегувале од домот на својот роднина от­ка-ко се св­р­шила свадбата. Притоа еден од христијаните паднал мртов, а другиот од раните ум­рел по ннеколку дена.

Циничкиот однос на муслиманите кон животот на рајата и увереноста дека не ќе бидат накажани го објаснуваат ова убиство.       

10. Селанецот од Црешнево,…не се жалел на турската власт за тоа што двајца Турци го опљчкале и го раниле на 31 октомври во својот сопствен дом; тој знае дека нема да најде правда во судот, а животот ќе го изложи на опасност, бидејќи тие луѓе бездруго ќе го убијат одмаздувајќи му се за поднесената жалба против нив.

11. Особено тежок впечаток на сите христијани оставила смртта на Божин Станков, 70-годишниот старец од с. Кривогаштани…На 11…ноември денски нападнале Турците на овој несреќник в шрума кога сечел дрва; му го откинакле јазикот; му ги изгореле со ба­рут очите и…му ги извадиле џигерите. Се згрозил градот Битола кога чул за овие ра­бо­ти…

Во градот Охрид и неговата околија христијаните паѓаат од куршумите и ножевите на Турците….Таква појава претставува по ред 12-тата смрт на Ефтим Ангелов отепан на 30 октомври во неговото лозје кога го берел грозјето. Очевидците на  престапот го фатиле Турчинот убиец и и го дале на полицијата, која му ја вратила слободата.

13. На истиот 30 октомври Христо Веселин бил отепан во град Охрид пред вратите на својата куќа, а убиството оставено без истрага.

14. Исто така без трага поминала смртта на христијанинот, отепан на 28 октомври во с. Мешеишта.

15. На  29 октомври во с. Губавци бил отепан христијанин овчар.

16 и 17….убиството на два попа во Слатина, поп Ангеле од Слатина и поп Никола од Ки­чевска околија. Нивниото убиство станало на 1 ноември, а мотивот бил единствено фа­натизмот на Турците против христијанските служители на олтарот.

18. и 19. На 18 ноемеври  во с. Подгорци Турците отепале две жени, од кои на едната од нив и го расекле стомакот и и ја извадиле внатрешноста – случка што предизвикува ужас во околијата но не предизвикала кај турската власт желба за откривање на прес­тап­ниците.

…20 и 21. Во с. Екши-Су, Леринска околија …бил убиен од Турците еден христијанин, а жена му задавена.

22. Близу град Корча бил отепан синот на имашливиот овчар Пито.

…Карактеристична црта  со која се одликуваа сите овие престапи се состои во тоа што не ги вршат разбојнички банди, одметници од општеството против кои ова општество презема и мерки за заштита и кои во овој крај ги нема. Во основата на ка­рак­терот на сегашниве убијци не се крие опака и расипана волја што ги раководи прес­тап­­ниците во Евроопа. Овиеособининаевропскиотпрестапниксезаменетиовдесоуве­реностанамуслиманинотвонадмоќностанадхристијаните, коиуштеодсво­­етора­ѓањесеопределенидаодатвопеколотвокојколкупобргусеис­пра­тат, толкупо­доб­розаправоверниот”. Оттукаициничниотодносконжи­во­тотнахрис­тијаниноткојодноссеразвивалијакнелподзаштитанане­каз­ну­ва­њетонапрес­тапитепротивра­јата. Неизбежна последица од тоа е што агентите на тур­ската власт, не гледајќи по­не­когаш на европскиот надворешен сјај, бо дла­­бо­чи­на­та на својата душа наполно ги де­лат погледите на своите едноверни хрис­ти­јани…” 

А.М. Селишцев, СлавјанскоенаселениевАлбании,

Софија, 1931, стр.25-27; Љ. Лапе, Одбраните текстови…, II, стр. 188-192;

Најново од: Историја

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Владеењето на Александар Македонски со провинциите Лидија и Карија

Историјата на Јонците покажува дека тие постојано го чувствуваа јаремот на туѓинецот како товар. Тие не се караа, туку ја почитуваа слободата како најголем благослов. Записот на Приен од третиот век ни дава благороден израз на оваа идеја кога вели: „Нема поголемо нешто за античкиот грчки човек од слободата“. На прашањето како Александар Македонски ги […]

Беличица во пламен – трагедијата од 19 септември 1944 година

На 19 септември 1944 година селото Беличица, во Горна Река, станало место на една од најтешките и најтрагичните борби во последните месеци од Народноослободителната војна во Македонија. Во нерамноправниот судир меѓу борците на Третиот тетовски партизански одред и многубројните балистички сили загинале 21 партизан, а по завршувањето на борбата биле убиени и 17 жители на […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

20 септември 1944: Во Софија се пишувало за правото на самоопределување на македонскиот народ

На 20 септември 1944 година, во период на крупни политички и воени промени на Балканот, во Софија било објавено пишување во весникот „Отечествен фронт“ во кое се говорело за правото на самоопределување на македонскиот народ и за значењето на АСНОМ. Документот, зачуван во збирка поврзана со Павел Шатев, претставува значајно сведоштво за политичката атмосфера непосредно […]

Дабничкиот масакр: крвавиот 19 септември 1942 кај Прилеп

На 19 септември 1942 година, во месноста Дабнички Завој, меѓу Прилеп и селото Дабница, се случил еден од најтрагичните настани од периодот на Втората светска војна во Македонија – Дабничкиот масакр. Настанот бил кулминација на повеќедневна акција на бугарските окупаторски власти против населението од Дабница и прилепските учесници и поддржувачи на Народноослободителното движење. Дабница – […]

Брз економски развој во Мала Преспа и голем отпор на населението против асимилацијата

Во периодот од 1926 до 1930 година во Мала Преспа бил забележан брз развој, особено во изградбата на нови куќи. Голем број луѓе кои по Грчко-турската војна заминале на печалба низ светот им испраќале значителни суми пари на своите семејства, а кога се враќале во родните села, со себе носеле и голем дел од заштедените […]

Почеток на битките на Александар Македонски во Мала Азија

Почеток на битките на Александар Македонски во Мала Азија Дел од романот „Александар Велики (Македонски)“ од Улрих Вилкен, во превод и приспособување на Славе Николовски-Катин – I дел Несомнено, како генерал на Лигата, првата должност на Александар Македонски била да ги ослободи античките грчки градови во Мала Азија од персискиот јарем. Меѓутоа, сè што било […]

To top