Македонски легенди

Паскал Митревски

paskal-mitrevski

paskal-mitrevskiПаскал Митревски (1912 – 11. XI 1978) е истакнат македонски нацинален деец од Егејска Македонија, борец за националните права на Македонците во Грција. Во периодот од 1943 до 1949 година бил учесник е во грчкото движење на отпорот (ЕЛАС), секретар на СНОФ во Костурско (1943), секретар на Политичката комисија на Македонците под Грција (1944), а за време на Граѓанската војна во Грција бил и министер на Привремената демократска влада на Грција (1948). По војната, бил уапсен од страна на КПГ во Албанија во 1949 година,  а потоа префрлен во СССР, каде бил осуден на 25 години затвор. Во Македонија доаѓа во 1955 година.

Паскал Митревски е роден 1912 година во селото Чука, Костурско, Егејскиот дел на Македонија. Живеел во селото Рупишта каде завршил основно образование, а со гимназиско образование се стекнал во градот Костур. Потоа образованието го продолжил на Правниот факлутет во Солун и по завршувањето работел како адвокат.

Пред Втората светска војна, Митревски се поврзал со левицата, а по окупацијата на Грција во 1941 година тој постепено се ориентира кон грчкото комунистичко движење. На 16 јуни 1943 година тој стапил во редовите на Грчката народно ослободителна војска (ЕЛАС), во Костурско. Како дипломиран правник, Митревски потоа учествувал во создавањето на програмите и дејноста на македонските народноослободителни организации  како Славјано –македонскиот народно ослободителен фронт (СНОФ) и Народно ослободителниот фронт (НОФ).

Митревски се вклучува во формирањето на Првиот партизански одред на ЕЛАС во Рупишта. Прво бил заменик-командир, а потоа во јули 1943 година бил назначен за командир на македонската партизанска единица во Костурско. По формирањето на СНОФ, во декември 1943 година, тој бил избран за секретар на Окружниот одбор за Костурскиот округ.

По спогодбите во Либан и Казерта, со која народноослободителното движење на грчкиот народ се предаде во рацете на англиската воена команда на Средниот Исток, стравувајќи дека Македонците ќе создадат силна војска, која би била силен фактор во Егејскиот дел на Македонија, ЦК на КПГ во мај 1944 година издал наредба за расформирање и разоружување на македонските батаљони на СНОФ.

Меѓутоа, еден дел од македонските команданти кои биле незадоволни од решението на КПГ заедно со единиците преминуваат во Вардарскиот дел од Македонија, каде се ставиле под команда на ГШ на НОВ на Македонија. Од нив во близина на Битола била формирана Првата егејска ударна бригада која потоа учествувала во завршните операции за ослободување на Македонија и била испратена на Сремскиот фронт. На 3 декември 1944 година, Паскал Митревски бил поставен за секретар на Политичката комисија на Македонците во Егејска Македонија формирана во Битола.

По завршувањето на Втората светска војна, откако КПГ се ориентирала кон политичка борба, а десницата го продолжила теророт и понижувањата на македонскиот народ, Македонците од Костурско, Воденско и Леринско се организираат за борба против монархофашистите. Паскал Митревски, Михајло Керамитчиев, Георги Урдов, Атанас Коровешов, Павле Раковски и Минчо Фотев, на 23 април 1945 година, го формираат Народно ослободителниот фронт (НОФ). Правникот Паскал Митревски бил поставен за секретар на Главниот одбор на НОФ.

Додека КПГ сеуште смета дека е можен договор со десните реакционерни сили, македонските единици на НОФ веќе водат повеќе битки со монархофашистите. Кога НОФ се претвора во моќен фактор во Егејска Македонија, а бројот на нејзините борци бил трипати поголем од левицата, КПГ се решава да започне преговори со нив. Преговорите во име на НОФ ги водат Паскал Митревски и Михајло Керамитчиев, а од страна ма КПГ Марко Фавијадис.

По обединувањето на силите на НОФ и ДАГ во ноември 1946 година, Паскал Митревски бил  назначен за член на Покраинскиот комитет на КПГ за Македонија и инструктор на ГКП, одговорен за НОФ. Во јануари 1948 година повторно бил поставен за секретар и претседател на НОФ, но во август 1948 год. бил испратен како политички секретар на 14 бригада на ДАГ.

Паскал Митревски повторно бил назначен за секретар на НОФ на 3 февруари 1949 година, откако на Петтиот пленум на ЦК на ГКП одржан на крајот на јануари 1949 година било донесено решение за правото за самоопределување на Македонците во Грција. Потоа, како преставник на НОФ, на 3 април 1949 година бил назначен за министер за снабдување на Привремената демократска влада на Грција.

По поразот на ДАГ во граѓанската војна во Грција, на 3 октомври 1949 година, Паскал Митревски како „Титов агент“ бил уапсен од КПГ во Албанија и пренесен во СССР. Во 1952 година, Врховниот суд на СССР го осудил на 25 годишна робија и испратен во логорот во Варкута. Но набргу, по смртта на Сталин бил ослободен и во 1955 година се вратил во СР. Македонија. На 26 јуни бил избран за судија на новоформираниот Уставен суд на Македонија.

Паскал Митревски починал на 10 февруари 1978 година во Скопје.

Најново од: Македонски легенди

Ибе Паликуќа – една од најмладите народни хероини од Македонија

Ибе Паликуќа (Дебар, 1927 – Шутово, Кичевско, 22 септември 1944) била учесничка во Народноослободителната војна во Македонија и една од најмладите жени од Македонија прогласени за народни херои на Југославија. Како борец и политички активист, својот живот го загубила на само 17-годишна возраст. Ибе Паликуќа е родена во 1927 година во Дебар, во албанско семејство. […]

Христофор Жефарович – првиот македонски хералдичар

Христофор Жефарович (околу 1690 – 18 септември 1753) бил зограф, иконописец, бакрорезец, калиграф, калуѓер, трговец и печатар од Македонија. Се смета за прв македонски хералдичар и еден од најбараните уметници на просторот од Солун до Пешта во XVIII век. Во 1741 година во Виена ја објавил книгата „Стематографија“, во која се претставени грбовите на повеќе […]

„Македонија ќе биде слободна!“ – Александар Турунџев (1872–1905)

Александар Турунџев е роден во 1872 година во селото Горно Врбени, Леринско, а се самоубил 30 август 1905 година во Битола. Македонски револуционер, илинденец и војвода, тој останал запаметен како еден од симболите на непокорот и саможртвата во борбата за слободна Македонија. „Македонија ќе биде слободна!“ –тоа биле последните зборови на Александар Турунџев пред неговото […]

Драган Богдановски – живот посветен на слободна и независна Македонија

На 18 септември 1929 година во селото Клечовце, Кумановско, е роден Драган Богдановски, починал на 31 мај 1998 година во Данска, на пат од Шведска кон Германија. Подоцна бил погребан во Куманово Драган Богдановски е еден од најистакнатите македонски политички емигранти по Втората светска војна, долгогодишен борец за македонската национална кауза, претседател на ДООМ и […]

Лилјана Чаловска – писателка, борец и учесничка на АСНОМ

Лилјана Чаловска (3 декември 1920, Софија – 20 јули 1997, Скопје) е македонска писателка, учесничка во Народноослободителната борба и општествено-политичка дејка. Била делегат на Првото заседание на АСНОМ и член на Претседателството на АСНОМ, а значајна трага оставила и во македонското новинарство и литература. Лилјана Чаловска е родена на 3 декември 1920 година во Софија, […]

Владислав Ковачев – Македонец до срж, а малку познат меѓу Македонците

„Пет минути од деноноќието ѝ посветувам на маченицата Македонија, за да се соочам со мојата македонска свест и да се уверам дека не е ништо она што досега сум го сторил за неа. Ја сакам Македонија повеќе од сè друго на светот.“ Кој бил Владислав Ковачев? Владислав (Славчо) Михаилов Ковачев е роден на 5 јануари […]

Оскар Давичо – писателот што со перо сведочеше за борбата на партизаните на Маркос

Оскар Давичо е роден на 18 јануари 1909 година во Шабац, во еврејско семејство, а починал на 30 септември 1989 година во Белград. Бил истакнат српски и југословенски писател, поет, есеист, преведувач, новинар, револуционер и учесник во антифашистичката борба. Оскар Давичо потекнувал од сефардско еврејско семејство. Детството го минал во Шабац, а образованието го продолжил […]

Васил Ивановски – истраен борец за македонската национална посебност

Васил Ивановски (18 октомври 1906 – 1991) е македонски национален деец, комунист, публицист и историограф. Во своите трудови ги користел и псевдонимите Динко Динков и Бистришки. Васил Ивановски е роден на 18 октомври 1906 година во костурското село Ловраде, во Егејскиот дел на Македонија, а починал во 1991 година во Софија. Во 1907–1908 година, во […]

To top