Историја

Традиционален марш до планината Петлец

dame-gruev

dame-gruev

На 22 декември 1906 година, Груев идејќи oд Струмица, од малешевскиот околиски војвода Сандо Китинов од с. Лешко, Горноџумајско, решиле да преноќат во најдобро организираното село за тоа – Русиново…
Сакале да се сместат во куќата на Димитар Алаѓозов…

Домаќинот објаснил дека утре, на 23 декември, ќе дојдат по наемнината за пасиштето газдите на тоа пасиште – Турци од Пехчево и затоа не е можно во неговата куќа да останат четниците’, напишал Русински.
Но, селскиот војвода Иван Белчев не сакал ни да чуе за тоа, па по негово убедување, Груев, Китанов и четниците, сепак, отседнале во куќата на Алаѓозов.

Токму тоа, се покажало како кобно:
Четниците разговаралe со висок тон.
Вратата била полуотворена, па смеата се слушала и на скалите, а кучето било затворено.

Мула Алиов, газдата на пасиштето, заедно со еден заптија дошол во селото и се упатил право кон куќата на Алаѓозов.
Затвореното куче не лаело кога овие дошле затоа што било затворено.
Двајцата Турци се качиле по скалите, слушнале разговор, се качиле уште 5-6 скали и низ полуотворената врата ги виделе четниците.
Веднаш се вратиле назад.
И четниците ги виделе.
Турцитв не избегале, туку се сокриле зад западниот агол на куќата.

Прв се симнал Сандо Китанов.
Турците пукале, но не го погодиле.
По него се симнал Даме, a куршум го погодил во десната нога.

Четникот Георги Поп Стојанов, од Владимирово, кој одел по Китанов, обидувајќи се да се префрли преку оградата, бил убиен со два куршуми.
Тој бил првата жртва.
Сандо Китанов излегол неповреден од куќата, но еден куршум го погодил во главата и тој умрел на самото место.

Дамв Груев и неговиот верен другар и соборец Горги Карчев, заедно со курирот Григор Митев Крапев, решиле да се упатат кон планините.
Курирот Карпев бил без оружје, но ги довел источно од месноста Петлец и тука тие можеле да се сокријат.

Но, крвта која течела од Даме, оставала траги по пресниот снег.
Кај месноста Валмово, ги стигнала и потерата од Безгаштево, а дошла и војска од Берово. Даме тогаш му наредил на куририрот да си оди и да се спаси, за да не падне и тој како жртва’, опишал Русински.
Тогаш бил ранет и Карчев,и нему и на Даме им било јасно дека не можат да се извлечат. Селаните слушале пукотници и знаеле дека двајцата се борат со стотина турски војници. Потоа се замолкнало.

До денес, не е утврдено дали двајцата се самоубиле или пак загинале од турските куршуми.

Најново од: Историја

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Владеењето на Александар Македонски со провинциите Лидија и Карија

Историјата на Јонците покажува дека тие постојано го чувствуваа јаремот на туѓинецот како товар. Тие не се караа, туку ја почитуваа слободата како најголем благослов. Записот на Приен од третиот век ни дава благороден израз на оваа идеја кога вели: „Нема поголемо нешто за античкиот грчки човек од слободата“. На прашањето како Александар Македонски ги […]

Беличица во пламен – трагедијата од 19 септември 1944 година

На 19 септември 1944 година селото Беличица, во Горна Река, станало место на една од најтешките и најтрагичните борби во последните месеци од Народноослободителната војна во Македонија. Во нерамноправниот судир меѓу борците на Третиот тетовски партизански одред и многубројните балистички сили загинале 21 партизан, а по завршувањето на борбата биле убиени и 17 жители на […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

20 септември 1944: Во Софија се пишувало за правото на самоопределување на македонскиот народ

На 20 септември 1944 година, во период на крупни политички и воени промени на Балканот, во Софија било објавено пишување во весникот „Отечествен фронт“ во кое се говорело за правото на самоопределување на македонскиот народ и за значењето на АСНОМ. Документот, зачуван во збирка поврзана со Павел Шатев, претставува значајно сведоштво за политичката атмосфера непосредно […]

Дабничкиот масакр: крвавиот 19 септември 1942 кај Прилеп

На 19 септември 1942 година, во месноста Дабнички Завој, меѓу Прилеп и селото Дабница, се случил еден од најтрагичните настани од периодот на Втората светска војна во Македонија – Дабничкиот масакр. Настанот бил кулминација на повеќедневна акција на бугарските окупаторски власти против населението од Дабница и прилепските учесници и поддржувачи на Народноослободителното движење. Дабница – […]

Брз економски развој во Мала Преспа и голем отпор на населението против асимилацијата

Во периодот од 1926 до 1930 година во Мала Преспа бил забележан брз развој, особено во изградбата на нови куќи. Голем број луѓе кои по Грчко-турската војна заминале на печалба низ светот им испраќале значителни суми пари на своите семејства, а кога се враќале во родните села, со себе носеле и голем дел од заштедените […]

Почеток на битките на Александар Македонски во Мала Азија

Почеток на битките на Александар Македонски во Мала Азија Дел од романот „Александар Велики (Македонски)“ од Улрих Вилкен, во превод и приспособување на Славе Николовски-Катин – I дел Несомнено, како генерал на Лигата, првата должност на Александар Македонски била да ги ослободи античките грчки градови во Мала Азија од персискиот јарем. Меѓутоа, сè што било […]

To top