Македонски легенди

Наум Тахов

naum-tahov

naum-tahovНаум Тахов (1867 – 1913) е слеп народен пејач од Крушево, собирач на народни умотворби и автор на песни. Во 1895 година, во Софија го отпечатил и издал својот зборник со македонски народни песни. Десетина песни му ги отстапил Марко Цепенков. Објавени се и 40 влашки песни. Голем број од песните се однесуваат за личности од ослободителното движење од тој период. Некои од песните се негови лични творби. Во 1904 година објавил и посебна збирка „Македонска солза“ со лични и народни песни посветени на Илинденското востание.

Наум Тахов е роден во 1867 година во Крушево, во влашко семејство. Како мал имал некаква болест на очите и некаква неука бајачка го лекувала со жежок ориз, по што светлината во нив засекогаш згаснала. Во светот на темнината, единствено светло му се песните кои ги учи напамет. Знае неколку стотини песни од кои најмногу за македонските војводи.

Цели седум години Наум собирал песни од кои потоа ќе ги објави во јавноста. Голем дел од песните (160) тој ги добил од бабата Дафа Цепенкова, родена во градот Прилеп, а која долго живеела во Крушево. Таа била неисцрпен извор на народни песни, но починала на 103 годишна возраст и со себе однела во гроб многу песни, кои Наум не успеал да ги „забележи“. Освен баба Дафа, Наум собрал и 32 песни од Георги Стојчев од Крушево, а добил од Марко Цепенков од Прилеп уште десет песни. Останатите ги слушал и запишал од разни пејачи од Крушево. Покрај македонски Наум собирал и влашки песни.

Во 1890 година емигрира во Бугарија и се населува во Софија. Таму формира семејство и има три ќерки: Донка, Захарија и Евдокија. Македонската емиграција го канат на собири и панаѓури за да им пее песни за македонските војводи, а неговиот дом станал вистинско собиралиште на македонските револуционери. Во неговиот дом престојувале Кимо Георгиев, Тане Кљанџов, Антон Попстојанов, Веле Марков, браќата Никола и Питу Гули и многу други.

Неговата ќерка Евдокија ќе остави сведоштво дека и Гоце Делчев престојувал во нивниот дом. Тој долго разговорал со нејзиниот татко и една недела потоа човек на Далчев го испратил Наум на железничката станица за да пренесе пошта во Цариград. Турците верувале дека слепите се бележани од бога и дека не треба да се претресуваат, па така Наум, слепиот пеач од Македонија, станал курир и патувал повеќе пати со пошта во Цариград, Битола, Штип, Сер и други места. Доаѓал и во Куршумли ан од каде преземал и им носел писма од осудените.

Најголемиот дел од песните кои Наум Тахов – Унче ги собрал, ќе бидат запишани и објавени на чист Крушевско-Прилепски дијалект (македонски јазик), а слабостите кои се појавуваат во нив ќе му бидат препишани на оној кој му помага при нивниот запис. Во 1895 година во Софија, во печатницата на браќата П. Спиркови, Наум го печати својот прочуен зборник со македонски народни песни, кој по упаство на бугарските коректори, ќе биде насловен како „Македонски бугарски народни песни“.

Зборникот во кој се објавени покрај собраните македонски народни песни и негови лични творби, преставува исклучителен македонски еп! Голем дел од песните се однесуваат на личности од ослободителното движење во Македонија од овој период.  Во нив се пее за македонските војводи како Филип, Милан, Панајот, Стефан, Васил, Ангел, Митре, Марко и др..

Покрај најголемиот број македонски песни, во Зборникот се објавени и 40 влашки песни. Наум, кој по потекло е и самиот Влав, едноставно неможел да остане равнодушен на теророт и прогоните на кои биле изложени Македонците и Власите од страна на турските власти, Арнаутите и гркоманите. Слепиот пејач од Крушево, иако хендикепиран, на на свој начин се вклучува во преродбенската борба и дава допринос во македонското ослободително движење.

По Илинденското востание 1903 година, Наум ја издава „Македонска солза“, по што бугарскиот фолклорист и историчар Михаил Арнаудов, со потекло од тетовското село Вратница, ќе го нарече Наум Тахов „нашиот Хомер од Илинден“.

Животот на Наум Тахов од Крушево преставувал вистински подвиг. Ослепен по раѓањето, тој гледал, како што вели „со очите на својата душа“. По извршената курирска мисија во Дупница, на враќање умира во близина на Централната железничка станица во Софија во 1913 година.

Најново од: Македонски легенди

Ибе Паликуќа – една од најмладите народни хероини од Македонија

Ибе Паликуќа (Дебар, 1927 – Шутово, Кичевско, 22 септември 1944) била учесничка во Народноослободителната војна во Македонија и една од најмладите жени од Македонија прогласени за народни херои на Југославија. Како борец и политички активист, својот живот го загубила на само 17-годишна возраст. Ибе Паликуќа е родена во 1927 година во Дебар, во албанско семејство. […]

Христофор Жефарович – првиот македонски хералдичар

Христофор Жефарович (околу 1690 – 18 септември 1753) бил зограф, иконописец, бакрорезец, калиграф, калуѓер, трговец и печатар од Македонија. Се смета за прв македонски хералдичар и еден од најбараните уметници на просторот од Солун до Пешта во XVIII век. Во 1741 година во Виена ја објавил книгата „Стематографија“, во која се претставени грбовите на повеќе […]

„Македонија ќе биде слободна!“ – Александар Турунџев (1872–1905)

Александар Турунџев е роден во 1872 година во селото Горно Врбени, Леринско, а се самоубил 30 август 1905 година во Битола. Македонски револуционер, илинденец и војвода, тој останал запаметен како еден од симболите на непокорот и саможртвата во борбата за слободна Македонија. „Македонија ќе биде слободна!“ –тоа биле последните зборови на Александар Турунџев пред неговото […]

Драган Богдановски – живот посветен на слободна и независна Македонија

На 18 септември 1929 година во селото Клечовце, Кумановско, е роден Драган Богдановски, починал на 31 мај 1998 година во Данска, на пат од Шведска кон Германија. Подоцна бил погребан во Куманово Драган Богдановски е еден од најистакнатите македонски политички емигранти по Втората светска војна, долгогодишен борец за македонската национална кауза, претседател на ДООМ и […]

Лилјана Чаловска – писателка, борец и учесничка на АСНОМ

Лилјана Чаловска (3 декември 1920, Софија – 20 јули 1997, Скопје) е македонска писателка, учесничка во Народноослободителната борба и општествено-политичка дејка. Била делегат на Првото заседание на АСНОМ и член на Претседателството на АСНОМ, а значајна трага оставила и во македонското новинарство и литература. Лилјана Чаловска е родена на 3 декември 1920 година во Софија, […]

Владислав Ковачев – Македонец до срж, а малку познат меѓу Македонците

„Пет минути од деноноќието ѝ посветувам на маченицата Македонија, за да се соочам со мојата македонска свест и да се уверам дека не е ништо она што досега сум го сторил за неа. Ја сакам Македонија повеќе од сè друго на светот.“ Кој бил Владислав Ковачев? Владислав (Славчо) Михаилов Ковачев е роден на 5 јануари […]

Оскар Давичо – писателот што со перо сведочеше за борбата на партизаните на Маркос

Оскар Давичо е роден на 18 јануари 1909 година во Шабац, во еврејско семејство, а починал на 30 септември 1989 година во Белград. Бил истакнат српски и југословенски писател, поет, есеист, преведувач, новинар, револуционер и учесник во антифашистичката борба. Оскар Давичо потекнувал од сефардско еврејско семејство. Детството го минал во Шабац, а образованието го продолжил […]

Васил Ивановски – истраен борец за македонската национална посебност

Васил Ивановски (18 октомври 1906 – 1991) е македонски национален деец, комунист, публицист и историограф. Во своите трудови ги користел и псевдонимите Динко Динков и Бистришки. Васил Ивановски е роден на 18 октомври 1906 година во костурското село Ловраде, во Егејскиот дел на Македонија, а починал во 1991 година во Софија. Во 1907–1908 година, во […]

To top