На прво место

МПЗ “ТОДОР АЛЕКСАНДРОВ” СО ПОДРШКА ДО ВЛАДАТА НА Р.МАКЕДOНИЈА

111

111МПЗ “ТОДОР АЛЕКСАНДРОВ” СО ПОДРШКА ДО ВЛАДАТА НА Р.МАКЕДOНИЈА ЗА НОВИОТ УНИВЕРЗИТЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ ДА ГО НОСИ ИМЕТО НА КОРИФЕЈОТ ДАМЈАН ГРУЕВ

Македонското Патриотско Здружение “Тодор Александров” му дава целосна подршка на владата на Република Македонија во одлуката новиот универзитет за национлна одбрана,безбедност и мир да го носи името Дамјан Груев.Едноставно сме згрозени и се прашуваме зошто на СДСМ им пречи новиот универзитет да го носи името на легендарниот македонски револуционер и корифејот на македонското револуционерено движење Дамјан Груев.Имено Дамјан Груев е носителот на борбата за независна македонска држава.Дамјан Груев залсужено треба да го носи епитетот “татко” на Македонската револуционерна организација бидејќи е нејзин творец и е еден од главните носители на борбата за незавсина македонска држава на македонскиот народ.

Реакциите на СДСМ и обидите за спречување и блокирање на основањето на нов универзитет за безбедност,одбрана и мир,претсавува еден антимакедонски чин преку кој СДСМ уште еднаш потврдуваат дека се против формирање универзитет од кого ќе произлегуваат добро обучени кадри кои со својата компетентност ќе бидат носители на безбедноста и одбараната на Република Македонија.Со оваа реакција СДСМ уште еднаш го потврди непочитувањето на великаните и македонски револуционери, носители на борбата за самостојна македонска држава како Дамјан Груев.

Дамјан Груев е бескомромисниот борец за Независна Македонија,револуционер кој ќе го предводи главниот востанички штаб во виорот на Илинденското востание како симбол на македонскиот народ во борбата за незавсина држава.

Впрочем СДСМ како директен наследник на Сојузот на комунисти СКМ-ПДП и никогаш не ја посакува независноста на Р.Македонија.

СДСМ во 90’-сетите години се залагаа Македонија да остане во СФР Југославија и никогаш не ги почитувале македонските револуционери од илинденскиот период,а ги потценуваа и македонските борци од плејадата на НОБ како Методија Андонов-Ченто,Павел Шатев,Панко Брашнаров,Методија Шаторов-Шарло,Петре Пирузе Мајски кои бараа поголема автономност на Македонија и македонскиот народ во рамките на југословенската комунистичка федерација.Овие македонски револуционери од НОБ се дејци на ВМРО (Обединета) кои Лазар Колишевски,Светозар Вукмановиќ-Темпо,Страхил Гигов и др, ги прогонуваа,затвораа испраќаа на Голи Оток. Најголем дел од овие македонски револуционери како Ченто,Брашнаров,Шатев и други беа прогонувани и затворани од Колишевски и неговата влада,овие чесни македонски патриоти ги оставија своите коски по комунистичките затвори.Приврзаниците на Колишевски ги прогонуваа македонските интелектуалци и сите македонски патриоти кои се бореа за идеалите на ВМРО и се залагаа за Независна Македонија под закрила на Америка со демократски акцент на нејзиното уредување.

Комунистичката историографија под диктат на комунистичката доктрина,анатемиса,оцрни или отфрли голем број на чесни македонски синови, македонски револуционери кои се бореа и загинаа за македонската кауза и вековниот стремеж на македонскиот народ за своја самостојна независина македонска држава.

МПЗ Тодор Александров се спротиставува на било какво потценување,понижување, отфрлање и деградирање на македонските револуционери кои се бореа за Незавсина Македонија.Македoнската историја има славни херои кои своите животи ги положија пред олтарот на македонското ослободително дело во борбата за слобода на македонскиот народ за создавање на самостојна независна македонска држава.Македонските револуционери од илинденскиот период Дамјан Груев,Гоце Делчев,Никола Карев,Питу Гули,Ѓорче Петров,Јане Сандански ,Васил Чакаларов,Христо Татарчев и други, се бореа за автономна и независна Македонија.Борбата за Незавсина Македонија ВМОРО ја продолжи и по кобниот за нас Македонците Букурешки мировен договор 1913 година.Од 1920 година ВМРО предводена од Тодор Александров ја продолжи борбата за Незавсина Македонаија, водејќи безкомпромисна пожртвувана борбa пртоив српските поробувачи во Вардарска Македонија,против грчките во Егејска Македонија,додека Пиринска Македонија ВМРО ја ослободи од Бугарија и ја имаше претворено во “држава во држава”.

Oд 1925 година ВМРО(обединета)предводена од Павел Шатев и Димитар Влахов ја продолжија борбата за Независна Македонија самостојна или како членка на идната балканска федерација.Во виорот на Втората светска војна и НОБ во Македонија , борбата протв фашистичката окупација македoнскиот народ и македонските партизани ја водеа во духот на Илинден и партизанските одреди ги носеа имињата на славните илиндиеци како Дамјан Груев и Гоце Делчев, а комунистите,нивните налседници денес и соросоидите сакаат да ги понижат и подценат.

Денес време е конечно да ги почитуваме сите македонски дејци и револуционери кои се бореа за самостојна независна македонска држава.Денес кога Република Македонија чекори кон ЕУ и НАТО,време е да се присетиме и да ги почитуваме корифеите како Дамјан Груев и нивните имиња да живаеат во светста на младите македонски генерации како патоказ за силна и стабилна Република Македонија.

МПЗ “Тодор Александров”

Најново од: На прво место

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

Археологијата поврзана со Александар Македонски открива нови наоди

18 септември 2026 година Новите ископувања во Кралската гимназија во античка Миеза во северна Грција откриваат повеќе за образованието во Македонија во текот на 4 век п.н.е. Локалитетот во близина на модерна Науса научниците го поврзуваат со местото каде што Аристотел го учел младиот Александар и другите македонски кралски наследници. Археолошката гимназија поврзана со Александар […]

Митрополит Григориј: Лажна, заблудувачка и заведувачка презентација на Љубомир Фрчкоски

Пишува: Митрополит Кумановско-осоговски г. Григориј Фрчкоски произнесе колосална манипулација, креирајќи јавно мислење дека „Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ – ОА) не е автокефална Помесна православна црква (ППЦ)“. Тој емитуваше оркестрирана кампања – Lügenfabrik („фабрика за лаги“) – против автокефалноста на МПЦ – ОА, и тоа преку: Погрешни информации (misinformation) – лажни информации создадени […]

Мицкоски со американската воена индустрија – а замислете на масата да седнеше некој од „стратезите“ на СДС

Премиерот на владата на Република Македонија одржа средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД, како и со официјални претставници од американската администрација задолжени за оваа област. Разговарано е за потенцијални инвестиции, проширување на инвестициските планови и ставање на располагање на расположливите ресурси. Нашата цел е преку сериозни и долгорочни партнерства да отвораме нови можности […]

Петрушевски: Со измените во Законот за пратениците се забранува двојно државјанство – лагите на СДС се демантираат

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, во интервју за емисијата „Траги“ на Алсат-М се осврна на поднесените измени на Законот за пратениците, со кои се предлага пратениците да не можат да имаат двојно државјанство. Според него, со ова законско решение ВМРО-ДПМНЕ сака да ги демантира тврдењата на СДС дека пратеници од партијата поседуваат бугарски пасоши. Петрушевски […]

Мицкоски имаше разговорот со Марко Рубио: Македонско-американското стратешко партнерство продолжува да се зајакнува

Разговорот меѓу Мицкоски и Рубио се одржа во Њујорк, а премиерот посочи дека ваквите контакти на високо политичко ниво имаат особено значење за односите меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави. Според Мицкоски, директната комуникација со американските партнери претставува можност за размена на ставови за прашања од заеднички интерес, продлабочување на билатералните односи и натамошно зајакнување […]

Струшки книжевни средби – 2026“: Празник на македонскиот пишан збор и книжевноста

На 20 септември се одржаа традиционалните „Струшки книжевни средби – 2026“, меѓународна книжевна манифестација што секоја година ги собира авторите и љубителите на литературата во Струга и Вевчани. Во градот на поезијата, каде што македонскиот пишан збор има длабоки корени и богата традиција, „Струшките книжевни средби“ и годинава живееја во ритамот на литературата, создавајќи простор […]

Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица

Дваесет и први септември е датум што во македонскиот историски и културен календар е поврзан со повеќе значајни личности и настани, а воедно има и особено место во духовниот живот на македонскиот народ. На овој ден Македонската православна црква – Охридска архиепископија го одбележува Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица. Според […]

To top