Култура и туризам

Свадбени обичаи и песни од Разлошко

selo-banja-razlog

selo-banja-razlogОд село Бања

Неколку дена пред свадбата  се прави феруглица (бајрак) кој се става на покривот од куќата од источната страна. Кога се прави феруглицата се пее оваа песна:

Мари фертугличице,
Мари бела – црвена,
Мари сиља – зелена,
Не распаждај облаците
Да зароси росица,
Да ороси два млада.

Кога се вее венецот на старосватот се пее:

Свате ле, старисвато,
Кум те е калесал,
Старисват да б’деш.

На младоженските венци се пее:
Вила Вела веноќ, вила и пејала:
Венче бел босилче, та кату те вија,
Кердоса ле ќу те, ели ќе те друг кердоса.

На замесување на лебовите од кумот и старосватот се пее:
Сејала Драгана по море лозе,
По Дунав дјуни.

На венецот од деверот се пее:
Оти не ќеш, мари Јове, девер да си.
На брата ти, мари Јове, постарија?
Ели немаш, маре Јове, врана коња,
Ели немаш, маре Јове, сињо седло,
Ели немаш, маре Јове, златна узда?
– Имам, имам да и немам:
Од далек ми маќа мома зела,
Та не мога да ја виде,
Танка ле е, та висока,
Бела ли е, црноока.

Кога се вие венецот на момата се пее:
Венче, бел босилче,
Та кату те вија,
Ќердоса ле ќу те,
Ели ќе те друг ќердоса?

Кога се бричи младоженецот му се пее:
– Радо, бела Радо, дојди до вечера,
Да видиш Радо ле, рабер се пременува,
Сињо, зелено соблачи, бело црвено облачи.

Кога другарките и ја плетат косата на момата, со солзи ја пеат оваа песна:
Убаво ме, мили дружки уплетете,
Ке ќу д’ида, мили дружки, в чужда кашта,
В чужда кашта, мили дружки, в чужди људе,
В чужди људе, мили дружки, непознати,
Чужда маќа, мили дружки, маќа да е,
Чужди башта, мили дружки, башта да е,
Чужди браќа, мили дружки, браќа да са,
Чужди сестри, мили дружки, сестри да са.

Кога ја изведуваат невестата од домот на родителите и пеат:
Крадом, крадом, девојче,
Окрадохме девојче,
От милната маќа,
От милнија башта…

Кога се воведува момата во дворот на момчето се пее:

Ја излези момкова мале,
Да видиш какво добро на двор стои.

И друга:

Девер снаа по двор води,
снаа му се милно моли:
– Кротком, кротком, мил деверју,
Ќе са кални дворовето,
Ќе ми са нови папуци.

Кога ќе ја воведат невестата за прв пат во дворот на момчето, среде дворот стават маса со леб и чаша вино, а невестата со деверот и кумата обиколуваат три пати околу масата, момите пак ја пеат следната песна:
Девер снаа по двор води,
Снаа му се милно моли:
Деверју, мили деверју,
Скриј ме деверју од брата ти,
От брата ти поголемија,
Скриј ме, деверју, в сиво стадо,
А девер и отговори:
Снао мила снао,
Ја не смеја в очи да те гледам,
А камо ле да те скрија в сиво стадо.

Армасувањето се правеше во куќата на момата, а венчавањето во куќата на момчето.
Кога на трпезата се изнесува лебот од кумот се пее:
Куме ле куме млад куме,
Ага си мислил, куме,
кум да бидеш,
што не си личил по се градове,
По се градове и по нов пазар,
Да купиш, куме ле, да купиш,
На кумицата ж’ти папуци.

А на лебот на старосватот се пе:
Свато, старисвато ле,
ага си мислил, свато,
Старисват да  бадеш… итн.

Кога ја водат невестата на вода се пее:
Шетнала се е Милица,
За студена водица… итн.
Запишал свештеник Иван п. Панајототов Асјанчин.

Најново од: Култура и туризам

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

Македонскиот рубин – камен што го носи името на Македонија

Македонскиот рубин не е само скапоцен камен. Тој е природно богатство создавано во длабочините на македонската земја, минералошка реткост поврзана со прилепскиот крај и скапоценост што денес го носи името на Македонија во светот. Во белите мермери во околината на Прилеп природата оставила нешто навистина необично – кристали на корунд со розова, малинова и црвеникава […]

Струшки книжевни средби – 2026“: Празник на македонскиот пишан збор и книжевноста

На 20 септември се одржаа традиционалните „Струшки книжевни средби – 2026“, меѓународна книжевна манифестација што секоја година ги собира авторите и љубителите на литературата во Струга и Вевчани. Во градот на поезијата, каде што македонскиот пишан збор има длабоки корени и богата традиција, „Струшките книжевни средби“ и годинава живееја во ритамот на литературата, создавајќи простор […]

Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица

Дваесет и први септември е датум што во македонскиот историски и културен календар е поврзан со повеќе значајни личности и настани, а воедно има и особено место во духовниот живот на македонскиот народ. На овој ден Македонската православна црква – Охридска архиепископија го одбележува Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица. Според […]

Промоција на „Раскинување на договорот“ во „Матица македонска“ – Сотирис Минас, Гркот кој ја побара вистината и ја засака Македонија

Во присуство на бројна публика, на 19 септември во книжарницата „Матица македонска“ во Скопје беше промовирана двојазичната поетска збирка „Раскинување на договорот“ на грчкиот поет и преведувач Сотирис Минас – автор кој нема македонско потекло, но сам го научил македонскиот јазик и преку своето творештво отворено проговори за Македонија, македонскиот јазик, идентитетот и правото на […]

Новото истражување на Ставре Џиков отвора прашање кое води длабоко во минатото на овој стар христијански простор

Дали на Пеленица над Драчево навистина постоел манастир со необичното име „Свети Ерусалим“? Новото истражување на Ставре Џиков отвора прашање кое води длабоко во минатото на овој стар христијански простор. Документите го потврдуваат името „Свети Ерусалим“, додека археолошките наоди сведочат дека Пеленица била значајно христијанско место уште во доцната антика. На само неколку километри над […]

To top