Дијаспора

Австралија за Македонците е и далечна и блиска (3)

happy-australian-day

happy-australian-day

ДЕЛ ОД КНИГАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“

Кога се форматираше сликата за Австралија во која нашите патувања беа врзани со активностите и пос­тиг­нувањето на Македонците, не е на одмет да се додадат и некои други податоци за оваа земја. Така, главен град на Австралија е Канбера и се наоѓа на територијата на федералната влада. Сиднеј е главен град на Нов Јужен Велс, Мелбурн на Викторија, Бриз­бен на Квинсленд, Аделаида на Јужна Ав­стра­лија, Перт на Западна Австралија, Хобарт на Тас­ма­нија и Дарвин на Северната Територија. Најголеми пла­нини се Австралиските Алпи и Сините Планини на исток и југоисток.

На овој континент има степи, по­лу­пус­ти­ни и пустини (Големата песочна пустина и Го­ле­ма­та Вик­то­риина пустина). Таму владее тропска кли­ма на се­вер, умерена и суптропска на југ и на ју­го­ис­ток, троп­­­скопустинска и степска во најголемиот дел на континентот, а има мало количество врнежи. Во Австралија  има малку реки, најголема од нив е реката Мери со дес­на­­та притока Дарлинг, долга 3. 490 км и која се влева во Индискиот Океан.

Денес Австралија е една од најразвиените ин­дус­триски и економски сили и има значајна улога во светот. Австралиската нација, која на картата на светот постои околу 250 години, а која е составена од ­многу нации и етнички групи, претставува пример за многу на­роди и земји. Етничките групи со своето заедничко жи­веење го градат познатиот австралиски мул­ти­на­ционален мозаик на културите на народите што жи­веат на тие простори.

Патникот кој бил во Австралија, а не ги видел нејзините пасишта со стадата овци кои обично бро­јат по неколку десетици илјади, тешко може да каже дека навистина ја запознал оваа земја. Околу 200 милиони овци, а од нив повеќе од 100 милиони од расата – мерино, се темел на сите стопански за­фа­ти на австралиската влада и австралискиот на­род. Треба да се додаде дека бројни македонски семејства, особено од Бе­ло­мор­ска Македонија кои живеат во Западна Австралија се занимаваат со овчарство. Според некои податоци ако се смета дека секое семејство просечно има по че­тири членови, тогаш произлегува дека секое семеј­ство во Австралија има стадо од околу 60 овци. Кога ќе се каже дека на секое семејство му припаѓаат по околу 7 го­веда, се добива приближно јасна слика за бас­но­словното богатство што Австралија го има на своите па­сишта.

ovca-koala

Во оваа пригода ќе нагласиме дека за молзење на овците во Австралија, ниту струч­њаците за овчарство никогаш не слушнале. Ко­га на еден од нив му кажувавме за нашите шар­пла­нин­ски и пелистерски бачила, за одличното млеко и си­рење, солзи му потекле од смеење, бидејќи и са­ма­та помисла на молзење овци му беше смешна. По тој наш терк, сите жители на Австралија би морале да се занимаваат со молзење, за да може околу 200 милиони овци секој ден да се молзат. Што би останало од продуктивноста на трудот и имотите кога неговите вработени би се за­ни­мавале, меѓу другото  и со таа работа – молзење?

Затоа, овчарските фар­ми во Австралија сè повеќе ги освојуваат ненаселените прос­тори на континентот. Големото „море“ со темна боја и засушена трева на тропската горештина во Квин­сленд е полно со мекорунести овци и друг до­биток што ја прават Австралија земја на месото.

На аеродромот во Сиднеј нè пречекаа голем број нашинци како што и во минатото пречекувале голем број гости од Македонија. Средбата беше пријателска и многу срдечна. По пристигнувањето бевме сместени во еден убав хотел од каде можеше да се види голем дел од метрополата. Нашата љубопитност да се сретнеме со Македонците во Сиднеј беше голема. Затоа домаќинот не прошета низ повеќе интересни квартови и делови каде се доселиле голем број Македонци, особено од Битолскиот крај.

Во тие почетни моменти во новата средина, домаќините ни укажаа прилика да присуствуваме и да бидеме гости на концерт на македонски ора и песни што го приреди Македонското културно-уметничко друштво „Илинден“ од Рокдеил. Задоволството беше големо. Се интересиравме за историскиот развој на „Илинден“, за минатото, сегашноста, за идните планови и перспективи.. Притоа, бевме информирани дека тоа е едно од најактивните македонски друштва на петтиот континент, а работи во состав на МПЦО „Света Петка“. Во него членови се млади играорци, музичари, пејачи и други ентузијасти, претежно родени во Австралија.  Ни беше речено дека членството на КУД „Илинден“ учествувало на бројни етнички фестивали, црковни и други манифестации и било достоен амбасадор на македонската игра и песна.

kengur-emu

Исто така разговаравме и се потсетивме за Културно уметничкото друштво „Илинден“ кога гостуваше во Република Македонија, каде учествуваше на бројни манифестации и постигна видни резултати, со бројни успешни концерти, за што учесниците добија награди и признанија. Авторот на овие редови се потсети и евоцираше спомени од  гостувањето на „Илинден“ во Македонија, кога публиката постојано ги наградуваше учесниците со аплаузи за успешната изведба на богатиот македонски фолклор.

Ова значајно македонско друштво, за кое со право се вели дека е ороводник меѓу бројните културно-уметнички друштва во државата Нов Јужен Велс беше формирано на 26 ноември 1966 година од група Македонци, ентузијасти, кои, одделени од Македонија, преку орото, песната и музиката ја изразуваа силната љубов кон родната земја.

Бевме информирани дека со отворањето  на портите на Македонската православна црква „Света Петка“, во ноември 1976 година, друштвото „Илинден“ навлегло во една нова фаза на постигнување резултати. Имено, во друштвото се формирал Одбор од голем број активисти кои во исто време имале задолженија и во црковната општина и кои решиле тоа да биде во состав на црквата. Членовите на друштвото на најдостоен начин го презентираат богатството на македонскиот фолклор пред македонските доселеници и другите етнички групи кои живеат на петтиот континент, во Австралија, земјата која за Македонците е и далечна и блиска.

Продолжува

slave-katin-1
Пишува: СЛАВЕ КАТИН


Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

www.slavekatin.com

Најново од: Дијаспора

Илјадници наши иселеници летово во Македонија

Фиданка Танаскова Посети и дружење за незаборав Д-р Ицо Најдовски Перин од Мелбурн помина два месеца во родната земја, исполнети со средби, патувања и дружење. Летово, во своја Македонија, на балканската крстосница во јужниот дел на Европа, допатуваа илјадници наши сонародници од различни генерации, кои низ годините заминале на разни страни од светот. Оживеаја многу […]

Градот Мелбурн им се извини на Македонците

Градскиот совет ги покани македонските играорци повторно да настапат на парадата Мумба во 2027 година, со дозвола да го истакнат знамето со Ѕвездата од Кутлеш.   Градот Мелбурн на 16 ноември 2026 година официјално ѝ се извини на македонско-австралиската заедница поради одлуката со која во март на македонските учесници на парадата Мумба им беше забрането […]

Мито Алексовски од Полска во 2010 година: Името Македонија му припаѓа на македонскиот народ

Името и другите државни вредности на Македонија не се приватни сопствености на политичарите а, ни на било која партија. Тоа се сопствености на целиот македонски народ. Исто така тоа не е стока за продавање и не постои  начин не можат да бидат тема на политички разговори или дипломатски трговии. Кој го прави тоа е предавник […]

Се одржа Јубилејна „Егејска вечер“ и семакедонската средба во Штип

Јубилејната „Егејска вечер“ и семакедонската средба во Штип ги собраа Македонците од Грција, Бугарија и Албанија, како и Македонците од Егејска Македонија кои денес живеат во Република Македонија. Од средбата беше упатена порака за зачувување на македонскиот идентитет, поцврсти врски меѓу заедниците и поголемо внимание од институциите кон нивните права. Едмонд Темелко, поранешен градоначалник на […]

Апел на Друштвото на Македонците во Полска од 28 мај 1994 година

Друштво на Македонците во Полска Гдањск, 28 мај 1994 година До Претседателот, Владата и Парламентот на Република Македонија АПЕЛ Ние, Македонци – бегалци од егејскиот дел на Македонија, здружени во Друштвото на Македонците во Полска, апелираме до Претседателот, Владата и Парламентот на Република Македонија да не се откажуваат од името „Република Македонија“, знамето, сонцето – […]

ОМД успешно ја заврши втората турнеја низ Германија

Од 2 до 8 ноември 2026 година, Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) посети пет германски града. Се сретнавме со македонските заедници, ја претставивме нашата работа и направивме нови чекори кон формирање на ОМД Германија. По првата турнеја во март, вториот дел собра семејства, професионалци, здруженија и институции. Еве краток преглед на секоја станица. Бретен (Карлсруе) 2 […]

Македонската црква Свети Кирил и Методиј во Чикаго

Македонската православна црква „Свети Кирил и Методиј“ во Чикаго е духовно собиралиште на македонските иселеници и место за зачувување на православната вера, македонскиот јазик и традициите од татковината. Во далечната 1979 година, Македонците од Чикаго го направиле првиот поголем чекор кон остварувањето на својот сон – купиле постара црква во Бервин, Илиноис, и веднаш започнале […]

Семакедонска средба на 14 ноември во Штип

Традиционалната Семакедонска средба годинава ќе се одржи на 14 ноември 2026 година, сабота, со почеток во 12:00 часот, во хотелот „Оаза“ во Штип. Организатори на средбата се Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ од Штип и Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија „МАКЕДОН“. За […]

To top