Историја

Ѓорче Петров за состојбата во Централниот Комитет на Организацијата

gorce-goce

gorce-goce

(1895 год.)

“Штом пристигнав во Солун, наеднаш бев зачленет во ЦК. Тоа беше во 1895 година во месец март. Како претседател на ЦК го затеков Татарчева; секретар беше Даме Груев; касиер Андон Димитров и член Хаџи Николов. Тие не беа одбрани. Немаше формалности, просто највидните другари се збираа и го сочинуваа ЦК. И јас влегов во ЦК како виден деец, просто без дискусија. Состаноците стануваа најчесто кај д-р Татарчев одвреме навреме во пооделни случаи. Протоколи, запишувања никакви. Веќе се добиваа писма од раководителите во доста многу градови, повеќе од Солунскиот крај и од град Битола. Доаѓаа по пошта, пишани со шифра и хемиско мастило на разни адреси; доаѓаа и по кираџии-курири. Имаше определени луѓе да ги примаат, да ги донесуваат. Даме, бидејќи беше целосно предаден на  оваа работа, ги вршеше најмногу практичните работи, особено за град Солун како и најдобро запознат со него. Дамета бев го гледал порано како селски учител во Битола, а по делото сега лично се запознав во Солун. Даме беШе отпуштен и од Егзархијата и макар што не бил формално ополномоштен за деловодител на Комитетот, фактички тој беше таков, тој најмногу трчаше зашто беше и слободен. Тој најмногу усно се разбираше за работите од селото со луѓе кои доаѓаа во Солун и најмногу тој ги пишуваше писмата за Солунско. За Битолско повеќе пишував јас. За Софија до Делчева пишувавме двајцата, а двајцата и ги дешифриравме. Ние двајцата останавме како посилно предадени на работата, а другите припаѓаа повеќе формално. Татарчев ги потпишуваше поважните писма. Сите писма што се добиваа, ги читавме сите заедно, а за поважните се дискутираше и се знаеше веќе кој ќе одговори. Повеќе работевме и по лични познанства – кој го познаваше војводата, кому требаше да му се пишува, ги дававме на некои членови да ги кријат. Потоа ги испраќаа откога прејдов во Софија, овде за да ги чувам (1896 и 1897 год. до крајот додека ЦК пропадна, до затворањето на ЦК). Систематска преписка  на ЦК како што сега се разбира, со околиите уште немаше. Централизирана власт – исто така немаше. Сооп-штенијата имаа повеќе карактер на информирање. Овде-онде стануваше случај да се даваат директиви со другарски карактер, а сосем ретко се даваа заповеди. Уште немавме како правилно да наложуваме. Кога пишуваше писмо Централниот ко-митет обично ја осветлуваше внатрешната положба во Бугарија. Сите се интересираа за комитските работи во Бугарија. Немавме уште јасни поими за тие работи, не бевме во врска.

Кога дојдов во Солун, Делчев беше во Штип и будно ја тераше работата таму, најбудно од сите. За време на распустот дојде Делчев во Солун за конгресот. Првпат се запознавме со него тогаш.

Работите по околиите се водеа речиси на самостојна нога. Раководството беше туку речи во единечни раце или барем ние си работевме со по едно лице по градовите. Нашите односи имаа секогаш карактер поскоро на едно другарство отколку на хиерархиска потчинетост. Касата ни беше секогаш слаба, се издржуваше повеќето од самиот град Солун; од провинцијата повеќе бараа отколку што даваа.”

Најново од: Историја

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Владеењето на Александар Македонски со провинциите Лидија и Карија

Историјата на Јонците покажува дека тие постојано го чувствуваа јаремот на туѓинецот како товар. Тие не се караа, туку ја почитуваа слободата како најголем благослов. Записот на Приен од третиот век ни дава благороден израз на оваа идеја кога вели: „Нема поголемо нешто за античкиот грчки човек од слободата“. На прашањето како Александар Македонски ги […]

Беличица во пламен – трагедијата од 19 септември 1944 година

На 19 септември 1944 година селото Беличица, во Горна Река, станало место на една од најтешките и најтрагичните борби во последните месеци од Народноослободителната војна во Македонија. Во нерамноправниот судир меѓу борците на Третиот тетовски партизански одред и многубројните балистички сили загинале 21 партизан, а по завршувањето на борбата биле убиени и 17 жители на […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

20 септември 1944: Во Софија се пишувало за правото на самоопределување на македонскиот народ

На 20 септември 1944 година, во период на крупни политички и воени промени на Балканот, во Софија било објавено пишување во весникот „Отечествен фронт“ во кое се говорело за правото на самоопределување на македонскиот народ и за значењето на АСНОМ. Документот, зачуван во збирка поврзана со Павел Шатев, претставува значајно сведоштво за политичката атмосфера непосредно […]

Дабничкиот масакр: крвавиот 19 септември 1942 кај Прилеп

На 19 септември 1942 година, во месноста Дабнички Завој, меѓу Прилеп и селото Дабница, се случил еден од најтрагичните настани од периодот на Втората светска војна во Македонија – Дабничкиот масакр. Настанот бил кулминација на повеќедневна акција на бугарските окупаторски власти против населението од Дабница и прилепските учесници и поддржувачи на Народноослободителното движење. Дабница – […]

Брз економски развој во Мала Преспа и голем отпор на населението против асимилацијата

Во периодот од 1926 до 1930 година во Мала Преспа бил забележан брз развој, особено во изградбата на нови куќи. Голем број луѓе кои по Грчко-турската војна заминале на печалба низ светот им испраќале значителни суми пари на своите семејства, а кога се враќале во родните села, со себе носеле и голем дел од заштедените […]

Почеток на битките на Александар Македонски во Мала Азија

Почеток на битките на Александар Македонски во Мала Азија Дел од романот „Александар Велики (Македонски)“ од Улрих Вилкен, во превод и приспособување на Славе Николовски-Катин – I дел Несомнено, како генерал на Лигата, првата должност на Александар Македонски била да ги ослободи античките грчки градови во Мала Азија од персискиот јарем. Меѓутоа, сè што било […]

To top