Историја

За солунската печатница на Даскал Камче

Daskal Kamce

СПОМЕНИ  НА ДИМИТАР МАКЕДОНСКИ ЗА СОЛУНСКАТА ПЕЧАТНИЦА НА ДАСКАЛ КАМЧЕ (1894 год.)

Daskal Kamce“Овие “Лични мои Спомени” се започнати да се пишуваат, според моите белешки, во 1889 година и беа наменети да се објавуваат по малку во секоја годишнина на ”Македонскиот Календар” што требаше да почне да излегува тогаш. За истиов “Календар” беше ја напишал и г. М. Дринов својата статија: “Првата бугарска типографија во Солун и некои од напечатените од неа книги”, којашто после, бидејќи се виде дека “Ка-лендарот” не може да се издаде, беше напечатена во кишката ЏЏЏИ на “Периодичното списание” и како одделна книшка. Во таа ина-ку прекрасна статија почитуваниот и неуморен бугарски писател и историограф вели и се мачи да докаже дека првата бугарска печатница во Солун била основана од Хаџи Теодосија. Тоа, меѓутоа, не е точно.

Како што се гледа од моите “Спомени”, основачот и сопственикот на таа печатница бил Даскал Камче од Ваташа, Тиквешко, Македонија. Податоците на многуважениот професор на Харковскиот универзитет во тој однос не се вистинити и точни. Синот на Даскал Камче, Димо Камчев е уште жив во Битопола и помни доста околности и подробности за печатницата на татка си. Во… август (1892) се видов и разговарав по истото прашање и со г. А. Шопов во Цариград, којшто ми соопшти дека и по неговите податоци, собрани во последно време при неговите патувања низ Македонија, основачот и сопственикот на солунската печатница бил Даскал Камче, а не Хаџи Теодосија, којшто бил само нејзин управник и си ги печател своите книги во неа.”

Д. В. Македонски, Из дневника на Един Б’лгарски учител (Лични в’споменанија). Част прва (Преди Русско-Турската војна)

 (1868-78), “С’гласие”, I, 1, Софија, 18.ВИ 1894, III.;

Најново од: Историја

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Владеењето на Александар Македонски со провинциите Лидија и Карија

Историјата на Јонците покажува дека тие постојано го чувствуваа јаремот на туѓинецот како товар. Тие не се караа, туку ја почитуваа слободата како најголем благослов. Записот на Приен од третиот век ни дава благороден израз на оваа идеја кога вели: „Нема поголемо нешто за античкиот грчки човек од слободата“. На прашањето како Александар Македонски ги […]

Беличица во пламен – трагедијата од 19 септември 1944 година

На 19 септември 1944 година селото Беличица, во Горна Река, станало место на една од најтешките и најтрагичните борби во последните месеци од Народноослободителната војна во Македонија. Во нерамноправниот судир меѓу борците на Третиот тетовски партизански одред и многубројните балистички сили загинале 21 партизан, а по завршувањето на борбата биле убиени и 17 жители на […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

20 септември 1944: Во Софија се пишувало за правото на самоопределување на македонскиот народ

На 20 септември 1944 година, во период на крупни политички и воени промени на Балканот, во Софија било објавено пишување во весникот „Отечествен фронт“ во кое се говорело за правото на самоопределување на македонскиот народ и за значењето на АСНОМ. Документот, зачуван во збирка поврзана со Павел Шатев, претставува значајно сведоштво за политичката атмосфера непосредно […]

Дабничкиот масакр: крвавиот 19 септември 1942 кај Прилеп

На 19 септември 1942 година, во месноста Дабнички Завој, меѓу Прилеп и селото Дабница, се случил еден од најтрагичните настани од периодот на Втората светска војна во Македонија – Дабничкиот масакр. Настанот бил кулминација на повеќедневна акција на бугарските окупаторски власти против населението од Дабница и прилепските учесници и поддржувачи на Народноослободителното движење. Дабница – […]

Брз економски развој во Мала Преспа и голем отпор на населението против асимилацијата

Во периодот од 1926 до 1930 година во Мала Преспа бил забележан брз развој, особено во изградбата на нови куќи. Голем број луѓе кои по Грчко-турската војна заминале на печалба низ светот им испраќале значителни суми пари на своите семејства, а кога се враќале во родните села, со себе носеле и голем дел од заштедените […]

Почеток на битките на Александар Македонски во Мала Азија

Почеток на битките на Александар Македонски во Мала Азија Дел од романот „Александар Велики (Македонски)“ од Улрих Вилкен, во превод и приспособување на Славе Николовски-Катин – I дел Несомнено, како генерал на Лигата, првата должност на Александар Македонски била да ги ослободи античките грчки градови во Мала Азија од персискиот јарем. Меѓутоа, сè што било […]

To top