Коментари

Странските инвеститори чувари на нашите граници

Петре Кривчевски

Во време на грчевита, од петни жили и сите сили борба (практично и војна!) за стабилност но и гол опстанок на нашата држава, се наметнува една старо-нова димензија, поточно стратегија на која малку или недоволно внимание и се посветува. Не барем од одредена структура која се самопрогласи за државотворна а за државата ја боли колку за „Ауди“. Конкретно: А-три! Сега на повозрасните веќе им се бистрат мислите, им се палат фитлите и им фрчат пцовките – ММЕ…! Имено, да го „доотворам“ муабетот. Целам да проговорам и ќе се обидам да посочам на значението на странските инвестиции, особено на познати компании во нови ем и мали држави.

Како    сопственик на едно парче хартија по економија од „вечерното“ во Прилеп, овде и сега сакам да им укажам нешто на големите транзициски магистри и доктори по измами кои што така маестрално ја извршија приватизацијата носејќи ја невработеноста до вртоглави 40% а стечајците до просјачки стап, контејнер или пак и гроб. Е тие тогашни властодршци а сега децениски опозиционери кукаат по судбината и платите на вработените во слободните зони. Е-де, многу малку пари им давале а премногу труд и работа барале. Брее, жал за работничката класа од нивната сатана, црвено-сината тиранија!

Вака! Неспорна е фактографијата: ниски плати – вложен труд, се нема дума. Но, дозволете, тоа е последица а јас сакам да ја нотирам причината за да ја разоткријам суштината. Море луѓе, млада и мала држава каде што се спорат граници, име, идентитет… опстанок од надвор а внатре по етнички состав ако не каша, попара сигурно, ти да во зародишот од нејзината независност поради пеликанската ненаситност по провизии и го избркаш германскиот и светски гигант „Ауди“ е приближно обид за државен удар или рамно на велепредавство. Оти навигатор на една држава можеби е политиката арно ама ескалатор (двигател) е економијата. И сите тие политички „игранки“ и „седенки“ по разно-разни алијанси, сојузи, совети, заедници, партнерства… и сл. се за постигнување на одредени економски цели а се друго се варијации на тема. Поинаку кажано и политиката и војната се вклучуваат или ставаат во служба на економијата. Така било, така еве и останало.

Нашите (к)умови од 90-тите, преименувана багра со гангстерска матрица, место да ги ускладат своите лични интереси (кариера, бизнис и пара) со државните, тие го сторија токму спротивното. Се што стигнаа приграбија, и со рака и со капа, преку акти и акции а не реални продажби или ваучери, за да преку ноќ од голтари и (деца на) пролетери станат газди и профитери. И сега баш тие исти транзициски мршојадци со хациенди и јахти се пењават, „другарски“ солзи ронат и фрлаат дрвја и камења против „експлоататорите“ во слободните зони. Опаа, буржоазијата „ја заболе“ за сиромаштијата!

Бре другари проле(фи)тери со мутирана, пожолтена петокрака на чело, лажна жал за народ во уста а вистински, евтини марифетлаци во ракав – по којпат да ви кажам. Одамна минаа 90-тите па сте повеќкратно видени, чуени, прочитани и искусени. Црниот 15-ти септември беше почеток на крајот на вашите црнила како владетели а сега како улични сеачи на ветер и магла можете да си џавкате до сто и една и назад. Башка празници. Со секоја странска инвестиција, или уште поточно со секое евро од неа растат и шансите за опстанок и развој на оваа држава, која сеуште мнозина од вас не своја ја чините. Особено тоа се однесува за компании од моќните економии и земји кои никако не инвестираат на слепо и кои со сите средства (економски, политички па и воени) го штитат и ќе го штитат својот капитал каде и да е распослан тој.

Туку, да дорасчитиме за платите. Констатиравме, неминовно е да се ниски при висока невработеност но со самото нејзино намалување тие ќе растат. Чиста пазарна економија но и логика. Да, во ред, држи и тезата (и вистината) дека пак со зголемувањето на платите дел од инвеститорите ќе „одлетаат“ (како што впрочем и највеќето „долетале“ кај нас) а дел затвораат (сосем природна работа). Меѓутоа постојат и механизми и стратегии за нивно задржување, како и тоа дека не е нималку лесно ти да испланираш, се решиш, закрениш, инвестираш а потоа за нешто повисоки плати да си ги собираш „парталите“ и се дислоцираш или пак затвораш. Секогаш и секаде борбата е инвеститорот прво да се доведе а сетне и што подолго да се задржи. Уште и уште, колку се може и колку тебе те бидува (поволна бизнис клима) а нему му се исплатува. Се насе тоа е тоа, никој не е улав да фрла пари по вода а понајмалку светските брендови.

Ах „Ауди“, „Ауди“, да не може човек да се изначуди: мајка ли беше или кучка тој ѕвер што го роди што за ненаситни лични апетити ни нанесе колективни долгорочни последици.

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top