Македонски легенди

Томо Смилјаниќ – Брадина

tomo-smiljanik

tomo-smiljanikТомо Смилјаниќ – Брадина (13. VI 1888 – 10. V 1969) е македонски етнограф, филолог, поет, прозаист, драмски автор и публицист. Тој е првиот македонски етнолог кој вршел историско етнографски истражувања на Миачијата и на животот и дејноста на поистакнатите Мијаци како Партенија Зографски, Ѓорѓија Пулевски и други, а ги проследува и делата на П. Драганов, К. Мисирков и Д. Чуповски. Оставил значајни научни истражувања (повеќе од 150), кои се наоѓаат во МАНУ, а голем дел и во Српската академија на науките и уметностите (САНУ). Со изданија на своите текстови во Скопје ја започнува серијата „Библиотека Маќедонија“ (1924– 1928), а ја продолжува под името „Старовремска библиотека“ (1929).

Томо Смилевски (Смилјаниќ) е роден на 13 јуни 1888 година во мијачкото село Тресонче, во големото семејство Брадоновци. Тој е правнук на Серџо Караџа Брадина (1778 – 1889) еден од најмоќните и најбогати сточари во Мијачијата во XIX век, по кого го добива прекарот Брадина. Со основно образование се стекнува во родното место и во Битола, а потоа учел во Српската гимназија во Солун, која ја завршил во 1906 година.

По завршувањето на гимназиското образование, во периодот од 1906 до 1911 година, Брадина работи како учител во Тресонче, Мелничани и Галичник. Потоа се запишал на Филозофскиот факултет во Белград, како стипендист на друштвото „Св Сава“, од кое го добива и презимето Смилјаниќ. Но, поради започнувањето на подготовките за војна со Турција, набрзо потоа тој ги прекинува студиите и како и многу други Македонци пристапува во доброволните чети на „Народна одбрана“, формирани од српската армија“, со кои потоа влегува во Македонија.

Брадина учествува во Балканските војни, а за време на Првата светска војна се повлекува со српската армија преку Албанија на островот Крф. Српските власти заради лобирање и поддршка на српската војска, како и заради создавање на кадар кој ќе им биде потребен по војната,  испраќаат голем број на интелектуалци насекаде во светот. Брадина бил испратен во Франција, каде учел географија и историја на Универзитетот во Клермон Феран (1917 – 1919).

Брадина дипломирал на темата „Стари народни песни и Мијаците” и по завршувањето на студиите во Клермон Феран 1919г., се вратил во новото Кралство на Србите, Хрватите и Словенците (1918). Потоа работел како учител во гимназиите Тетово (1920/21) и Скопје (1921 – 1927), како и во Трговската академија во Скопје (1927 – 1931). Во меѓувреме тој вршел историско-географски истражувања во Мијачијата и во 1930 година во Франција  ја одбранил докторската дисертација „Нашите стари племиња Мијаците и Брсјаците во Јужна Србија“.

Од 1931 до 1934 година, Брадина бил народен пратеник за Галичко-дебарската околија, а од 1935 до 1939 година инспектор и началник на Просветното одделение на Вардарска бановина. Во текот на 1940 и 1941 година, патувал по Европа, а потоа учествувал во Априласката војна  против Германците кај Призрен. По окупацијата на Југославија, работел во Учителското училиште во Алексинац, а по 1946 година живее како пензионер во Белград.

Томо Смилјаниќ – Брадина ја започнал својата истражувачката и литературната дејност уште како учител. Најголем дел од неговата работа беа поврзани со студиите за неговите Мијаци, нивните обичаи, земја, познати личности. Тој вршел историско етнографски истражувања на Миачијата и на животот и дејноста на поистакнатите Мијаци како Партенија Зографски, Ѓорѓија Пулевски и други, а ги проследува и делата на Петар Драганов, Крсте Мисирков и Димитрија Чуповски. Соработувал со разни весници и списанија, како и со угледни научни зборници на Филозовскиот факултет во Скопје и САН во Белград.

По пензионирањето во 1946 година, Брадина продолжил со својата научно истражувачка работа се докрајот на својот живот, соработувајќи притоа со Српската и Македонската академија на науките и уметностите. Зад себе оставил значајни научни истражувања, кои се наоѓаат во МАНУ, а голем дел и во Српската академија на науките и уметностите (САНУ).

По Втората светска војна во Југославија, Томо Смилјаниќ – Брадина бил загрижен за опстанокот на Мијаците, кои под притисок за време на војната од 1941 до 1944 година беа раселени, како и од влијанието на новиот режим, во кој Мијакот поради својата традиција и култура почнале да ја губи својата специфичност како ентитет на македонски народ, го губеле своето наречје, обичаите, носијата и се друго што го врзувало за минатото.

Во текот на животот, покрај својата научна работа, Смилјаниќ – Брадина бил писател и драматург. Со изданија на своите текстови во Скопје ја започнува серијата „Библиотека Маќедонија“ (1924– 1928), а ја продолжува под името „Старовремска библиотека“ (1929), во која ја објавува стихозбирката „Песмарица“ што содржи и 7 песни на македонски јазик, насловени како „Старовремски мотиви“. Во периодот од 1924 до 1937 година тој ги побликувал следните дела: „На планини и друге приповетке из Македоније“ (Скопје, 1924), „Стојна и друге приповетке из Македоније“ (Скопје, 1924), „Седи краљ“ (Скопје, 1925), „Канонска визитација Река“ (Скопје, 1925), „Маќедонски печалбари – Драма у пет чинова с певањем“ (Прилеп, 1927), „Песмарица“ (Скопје, 1929), „Краљ слободар – Краљ миротворац“ (Скопје, 1936) и Идеалисти (првиот чин од драмата), „Јужни преглед“ (Скопје, 1937).

Неколку дела, вклучувајќи ги неговите „спомени“ не се публикувани. Во ракопис се останати: романот „Горјани“, расказите за деца „Смиље и босиље“ и мемоарите „Моје успомене до 1912“.

Томо Смилјаниќ – Брадина починал на 10 мај 1969 година во Белград.

Најново од: Македонски легенди

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

To top