Историја

„АНТИЧКИ МАКЕДОНЕЦ ИЛИ ПРАВОСЛАВЕН ХРИСТИЈАНИН?“

branko-sotirovski

ДИЛЕМАТА ОКОЛУ ТЕРМИНОТ ПРАВОСЛАВИЕ

branko-sotirovski
Бранко Сотировски

Деновиве, како резултат на одредени општествено политички превирања во нашата држава, во телевизиска емисијата се наметна едно прашање: Што се денешните Македонци? „Дали се АНТИЧКИ МАКЕДОНЦИ или ПРАВОСЛАВНИ ХРИСТИЈАНИ?“

Ваквото прашање, како прво, се коси со здравиот разум. Тоа прашање е противречно, пристрасно од позиција на поседувач на моќта.

Со самото погрешно поставено прашање се наметна една дилема за терминот „православие“, за кое следи објаснување.

zeta-makedonija

Со проучување на македонското древно минато, преку дешифрирани натписи оставени од македонскиот народ, дознаваме за македонската наука, монотеистичката вера во Господ Сонце ИЛИ, историја, писменоста и начинот на живот. Дознаваме за еднинствениот народ кој живеел распространет низ целиот свет, видување произнесено во книгата „Зета Македониа“.

 За значењето и употребата на терминот „православие“, може да се постави следното прашање: Што е вистина? 

Вистината е Господово слово. Господовото слово е целата материја што се гледа, и она што не се гледа, а тоа е духот божји Македон.

Вистината е една, а тоа е: сѐ што е родено е родено од Мајка, вклучувајќи го и Господ – Бог. Tаа мајка во вселената е Елена, а на земјата е Мајка Македонка.

Вистината е светлост. Светлоста е преносител на духот божји Македон до Мајката Земја, како оплодувач на сите процеси во кој е вклучен духот Македон.

Вистината e умот. Умот е Господова Светлост и Господово Слово или Реч. Умот ги создава зборовите, и ги открива сите сокриени господови знаења, кои се содржат во Словото Господово.

Се е божјо, само верата во Господ е на обожествениот син господов Македон.

Вистината е една а таа е: Господ го пренесува словото или речтта, што претставува ука или наука, по најкус пат на своите одбрани синови Македонците (Македон).

Вкупната вистината, за волја на одбраните, Словото Господово го држат во тајност од своите одродени браќа, за да може народот од родот Лаврод да го открие по големиот светски потоп на умот. Словото Господово е запишано во вид на цртеж-лигатура.

Вистината е една. Зборовите се божји затоа што го отсликуваат словото божјо. Зборот произлезен од господовата нематеријалнаст и материја, што претставува ехо на природата, ги создава словарниците ЦУТНИ – јавна и тајна (кирилица и латиница) и броевите пролетни (римски и арапски). Од нив  произлегуваат сите други словарници во светот.

Зошто духот божји се нарекува Македон, зошто Господ го пренесува вкупното знаење на Македонците, зошто верата е македонска и зошто вкупната вера е сокриена во цртежите ширум светот? Одговорот е во именките ДОН, МАКЕДОН, МАКЕДОНИЈА и народот Македонски. Народот Македонски се синовите божји и воедно најстариот писмен народ.

Што открил Македон? Македон го открил словото божјо, божјата реч или ука-наука. А најважното е верата, а таа вера е вера или верување не само во господ Сонце ИЛИ, туку и во Мајката господова во вселената и мајката на синот господов на Земјата. Тоа е вера за реинкарнација на духот Македон, реинкарнација на живата природа ИС- ИСУС или вкупната жива природа во ПРОЛЕТТА. Таа вера е вера во новородениот реинкарниран или воскреснат од мртво во живо, во новородената пролет.

Како се доаѓа до таа вера? До македонската вера се доаѓа по најблискиот и најкус пат, од врвовите на планините и пирамидите до господ Сонце, со правите сончеви зраци, кои директно со најправ пат на светлината доаѓаат до Македон. Тој најкус контакт се остварува четири пати годишно, а тоа се четирите годишни периоди во месецот на  XXII-риот ден. До македонската вера се доаѓа и по подолгиот пат на светлината, посредно, со господовата слугинка месечината. Тоа е патот од месечината до ДОН-долините како утринса роса во која се наоѓа духот божји Македон. Всушност, најважен е покусиот пат, ЗАТОА ШТО Е БОГАТ СО СВЕТЛИНА И ТОПЛИНА, за разлика од сончевиот зрак кој доаѓа од господ Сонце до Земјата во форма на цик цак, а тоа е од сонцето преку месечината до Земјата, кој се состои од излитена светлина и без топлина. Поради оваа верување во најкус, прав и исправен пат, таа вера се нарекува ПРАВОСЛАВИЕ.

Придавката „православие“ ја користи и поновата религија, христијанството произлезена од македонската вера. Целото верување со мали измени на имињата, случките и датите, христијанството го предзема од македонската вера, а подоцна, Македонците христијани придавката „православие“ ќе ја воскреснат-предземат како продолжеток на сопствената видоизменета вера наречена ПРАВОСЛАВНО ХРИСТИЈАНСТВО.

Каде се врши примо-предавањето на словото божјо? Примопредавањето на словото божјо се одвива во Македонија, од еден народ Македонскиот со континуитет најмалку од пред 400.000 г. во продолжеток до денес. Македонскиот народ е еден, распространет низ денес наречените континенти Европа, Азија, Африка, Австралија и Америка.

Крајот на ова излагање би се завршил со еден цитат од книгата „Зета Македониа“ од Бранко Сотировски,“ стр. 397:

„Дон Дион, Дионис, роден со љубовен допир од Господовата светлост врз мајката „МА“ со извор бисери, божја семенка од ГОРАТА, со „рог“ (машки принцип) на „ар“ (земја) покрај реките во пролетта. Новородената природа осветлена-блосоена со „ЛОМ“ (светлосниот зрак) всушност е ИСУС (новородениот) МАКЕДОН. Ова ВЕРА од пред 400.000 г. во континуитет до денес како македонска научно-митолошка ера, на македонското писмо и слово божјо, тоа е ера на Македонската ВЕРА во единствен Господ Сонце ИЛИ, тоа е ера на ПРАВОТО СЛОВО, (праведното, вистинското, чесното со правиот достоинствен Македон, директно да комуницира со Господ) со верата ПРАВОСЛАВНА – ПРАВОСЛАВИЕ. За значењето на крстот прочитај во книгата „Зета Македониа“ стр.42, a информирај се повеќе за православието на следниов линк:

http://zetamacedonia.com/article/istrazuvanja/od_avtorot/pravoslavie-15813-8896-116

Најново од: Историја

На денешен ден, 27 ноември 1919 година – Потпишан Нејскиот мировен договор, потврдена поделбата на Македонија

На 27 ноември 1919 година, во Неј на Сена, во близина на Париз, бил потпишан Нејскиот мировен договор меѓу Бугарија и силите победнички во Првата светска војна. Со овој договор, во голема мера била потврдена територијалната поделба на Македонија, воспоставена со Букурешкиот договор од 10 август 1913 година. Македонија повторно била предмет на меѓународни договори, […]

На 26 ноември 1904 година – Крвавата свадба во Зеленич, Леринско, Егејска Македонија

На 26 ноември 1904 година (13 ноември по стариот календар), во селото Зеленич, Леринско, во Егејска Македонија, се случил еден од трагичните настани во македонската историја, познат како „Крвавата зеленичка свадба“. Зеленич пред нападот Во 1904 година Македонија сè уште била под османлиска власт. По задушувањето на Илинденското востание, грчките андартски чети го засилиле своето […]

Ристо Никовски: Македонска небиднина

(септември 2021 година) Поминаа веќе 30 години откако се распадна југословенската федерација и Македонија стана самостојна држава. Иако тогашните македонски лидери не беа воопшто подготвени за независност, а распадот беше повеќе од очигледен, имавме многу повеќе среќа отколку знаење и умеење, зашто не бевме вклучени во војните кои следуваа. Гледано од денешен аспект, нашата среќа […]

АНТИМАКЕДОНИЗМОТ И „НАТРАПНИКОТ“

Војната во името на културата е војна против националниот идентитет Војната во име на културата претставува војна против националниот идентитет. Таа често се користи како изговор за владеење и наметнување доминација врз други народи, кои се прогласуваат за „некултурни“, „предавнички“ или „заблудени“. Таквите војни можат да се водат со оружје, но и преку политички, културни […]

Спорот за името (1913–2026)

Поделбата на Македонија во 1913 година претставува важен дел од историската заднина на спорот за името, кој се отвори по осамостојувањето на Република Македонија во 1991 година. Со Букурешкиот договор биле утврдени новите граници меѓу балканските држави по Втората балканска војна. Осум децении подоцна, употребата на името Македонија станала предмет на долгогодишен дипломатски спор со […]

ОБРАЌАЊЕ НА МАЛЕШЕВСКИТЕ ВОСТАНИЦИ ДО АНГЛИСКИОТ КОНЗУЛ ВО СОЛУН, 24 НОЕМВРИ 1878 ГОДИНА

Извор на документот: Документот е преземен од Фејсбук-профилот на Гоце Панговски. Историски документ: Протест на македонското население од Малешево против одлуките на Берлинскиот конгрес На 24 ноември 1878 година, населението од Малешевскиот крај упатило обраќање до генералниот англиски конзул во Солун, во кое ги изнесува своите страдања под османлиската власт и протестира против одлуките на […]

Кузман Шапкарев: Ние сме Македонци, а не Бугари! (1870)

На 30 ноември 1870 година, бугарскиот весник „Право“, кој излегувал во Цариград, објавил полемички текст за дејноста на охридскиот учител Кузман Шапкарев. Во написот весникот го обвинува Шапкарев дека се спротивставувал на употребата на книги напишани на бугарски јазик. Преку тие обвинувања, написот сведочи дека уште тогаш во печатот се расправало за посебноста на македонскиот […]

Како Александар Македонски го освоил Сур и го променил неговиот брег

Александар Македонски го напаѓа Тир (денешен Сур) од море. Гравура на Антонио Темпеста од 1608 година, Музеј „Метрополитен“, Њујорк. Сур е денешното арапско име на античкиот Тир, град во Либан. Со латиница често се пишува „Sour“. Во 332 година пр. н. е., војската на Александар Македонски се нашла пред утврден феникиски град чии ѕидини ги […]

To top