Дијаспора

„Света Богородица“ во Њукастел – една од значајните македонски православни цркви во Австралија (13)

newcastle1

newcastle1

Њукастел, или „Новиот дворец“ е градското подрачје кое е втора најнаселена област во австралиската држава Нов Јужен Велс, кој уште го нарекуваат „градот на Христовата црква“. Тој  е сместен на околу 160 км северно од Сиднеј и е развиен индустриски центар на брегот на Тихиот Океан. Њукастел е град со околу триста илјади жители, претежно англиско население, а покрај бројни доселеници од Европа и Балканот, таму се доселиле и околу пет  илјади Македонци од етничка Македонија. Нив ги има претежно од Пелагонија, Преспанско, Охридско, Костурско, Скопје и други места.

При нашата посета на Њукастел, заедно со нашиот пријател Кире Циревски се сретнавме со поголем број пријатели од Преспа, Битолско и Леринско, каде се запознавме со историскиот развој на овој убав град во северниот дел на Нов Јужен Велс. Така, во литературата се вели дека во минатото овој дел на Австралија бил населен со Абориџани и домородното население ја нарекувала оваа област Малубимба. Меѓутоа, животот на Абориџаните се изменил кога во септември 1797 година, полковникот Џон Шортланд, првиот Англичанец дошол на тие простори и започнал да ја истражува таа област богата со јаглен. Њукастел се стекнал со репутација на голем простор богат со јаглен и затвореници, затоа и го завикале “пеколна дупка”, бидејќи таму биле испратени најопасните осуденици кој копале во рудниците за јаглен.

Њукастел во почетокот на формирањето бил еден од најголемите затворенички центри. Во тоа време градот бил именуван како Кингтаун, по името на гувернерот Кинг, а потоа во 1804 година преименуван во Њукастел. Тоа било повод на централното подрачје, на маркантно места да започне да се гради старата англиканската Христовата катедрална црква, чиј денешен објект е духовен и архитектонски споменик на градот.  Затоа, често Њукастел е нарекуван „место на Христовата црква“.

Како одминувале годините, така и доаѓале промените во живеењето на тие простори на петтиот континент. Тие промени во почетокот на 18. век направија Њукастел да не биде само казнена населба, туку и простор што ги отворил вратите и за другите дојденци кои запоцнале да се занимаваат со земјоделие и други гранки.

Македонците во Њукастел и околината започнале да се доселуваат меѓу двете светски војни во минатиот век, кога и започнало нивтото организирање. Меѓутоа, активностите на поголемо организирање започнале по Втората светска војна, со формирањето на огранокот „Балкан“ на Македонско-австралискиот сојуз (МАНС), што беше конституиран  при крајот на 1949 година. Една од активностите на МАНС во тие повоени години беше и собирањето средства за изградба на Болницата во Скопје, меѓу кои најактивни била групата Македонци на чело со иселениците: К. Мурџев, К. Каранфилов, С. Соболев, С. Кукуловиќ и други.

newcastle2
Њукастел

Следејќи го примерот на Македонците во Мелбурн, кои уште во 1960 година, со големи напори и жртви и љубов ја формираа првата македонска православна црква во дијаспорат „Свети Ѓорѓи“, во истиот период и во Њукасел митрополитот на МПЦ Наум, во сослужение со македонските свештеници Нестор Поповски и Ѓорѓи Ангеловски ја отслужил првата богослужба на мајчин македонски јазик во овој град. Тој чин беше од големо значење за Македонците во Њукастел, за подигање на нивниот морал и националниот дух. Како резултат на тоа подоцна беше основана црковната општина, во почетокот како Македонски дом, а потоа како Црковна општина „Света Богородица“.

Според делото „Македонските православни црковни општини во Австралија, Канада и САД“ на авторот на овие редови, во 1961 година Македонците во Њукасл купиле место за изградба на црква и дом, кои пред австралиските власти биле регистрирани како македонски асоцијации со Статут на Општина. Меѓутоа, подоцна, настапил период на застој во активностите; иселениците биле поделени на две групи: една околу црковната управа, а другата околу спортското друштво “Славија”. Меѓутоа, со помирувањето на групациите во 1967 година дошло до обединување и забрзани подготовки за изградба на црквата „Света Богородица“. Тогаш биле собрани голем број средства за црквата, а била избрана и црковна управа во која влегле иселеници од дотогаш поделените групи, на чело со Петар Шабалев, како претседате и Раде Евтимовски, како секретар, двајцата истакнати македонски општественици на петтиот континент.

Исто така, според делото „Македонците во Њукастл“ од проф.Трајче Бошковски, покрај големиот број лични податоци за Македонците на тие простори, се вели дека посебно место во почетните години им припаѓа и на членовите на првата управа: Никола Сазданов, Џон Фотев, Лале Дафов, Блаже Јовановски, Стево Георгиев, Панде Бабамовски, Ѓорѓи Манговски, Ристо Илков, Ристо Пандов и многу други кои дале голем труд, средства и време во изминатите педесетина години.

mitropolit-kiril
Митрополитот Кирил заедно со свештеникот Михаил Гогов (подоцна архиепископ Михаил) ја осветија црквата „Света Богородица“

Инаку, еден од најзначајните датуми во историјата на оваа црковна општина ќе остане 25 април 1969 година, кога надлежниот архиереј за Австралиската епархија, митрополитот Кирил го осветил местото за црквата „Света Богородица“. Потоа започнале големи активности. Како резултат на заедничкото живеење на сите Македонци во Њукастел, црквата била изградена до крајот на 1969 година. Големо осветување на црквата „Света Богородица“ го извршил митрополитот Кирил во сослузение со свештениците Методи Гогов (подоцна архиепископ на Македонската православна црква, г.г.Михаил) и Методи Лазаревски, на 28 мај 1971 година, со што отпочна еден нов црковен и национален живот на Македонците од овој дел на демократска и мултикултурна Австралија.

Црквата „Света Богородица“ во Њукастел како објект и една од поубавите македонски православни цркви во Австралија. Таа има голема сала за собири, за вечеринки, за приредби и за други манифестации. Објектот со своите архитектонски решенија претставува убав прилог во архитектурата на Њукастел. Во состав на црквата работи Македонскиот културен центар.

Во овој период од педесетина години во состав на црковната општина голем придонес имаат КУД “Стив Наумов”, ФК “Македонија”, Македонското училиште “Гоце Делчев”, Пензионерското друштво, Женската секција, Студентска и младинска организација. Македонска театарска група, Австралиско-македонска асоцијација за култура и човекови права и други секции, кои пртставуваат место за собирање, забава за другарување, за продолжување на традициите и обичаите, како и за зачувување на македонскиот мајчин јазик и сопствениот идентитет на Македонците од сите делови на Македонија.

Продолжува

slave-katin-1
Пишува: СЛАВЕ КАТИН


Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

www.slavekatin.com

Најново од: Дијаспора

Илјадници наши иселеници летово во Македонија

Фиданка Танаскова Посети и дружење за незаборав Д-р Ицо Најдовски Перин од Мелбурн помина два месеца во родната земја, исполнети со средби, патувања и дружење. Летово, во своја Македонија, на балканската крстосница во јужниот дел на Европа, допатуваа илјадници наши сонародници од различни генерации, кои низ годините заминале на разни страни од светот. Оживеаја многу […]

Градот Мелбурн им се извини на Македонците

Градскиот совет ги покани македонските играорци повторно да настапат на парадата Мумба во 2027 година, со дозвола да го истакнат знамето со Ѕвездата од Кутлеш.   Градот Мелбурн на 16 ноември 2026 година официјално ѝ се извини на македонско-австралиската заедница поради одлуката со која во март на македонските учесници на парадата Мумба им беше забрането […]

Мито Алексовски од Полска во 2010 година: Името Македонија му припаѓа на македонскиот народ

Името и другите државни вредности на Македонија не се приватни сопствености на политичарите а, ни на било која партија. Тоа се сопствености на целиот македонски народ. Исто така тоа не е стока за продавање и не постои  начин не можат да бидат тема на политички разговори или дипломатски трговии. Кој го прави тоа е предавник […]

Се одржа Јубилејна „Егејска вечер“ и семакедонската средба во Штип

Јубилејната „Егејска вечер“ и семакедонската средба во Штип ги собраа Македонците од Грција, Бугарија и Албанија, како и Македонците од Егејска Македонија кои денес живеат во Република Македонија. Од средбата беше упатена порака за зачувување на македонскиот идентитет, поцврсти врски меѓу заедниците и поголемо внимание од институциите кон нивните права. Едмонд Темелко, поранешен градоначалник на […]

Апел на Друштвото на Македонците во Полска од 28 мај 1994 година

Друштво на Македонците во Полска Гдањск, 28 мај 1994 година До Претседателот, Владата и Парламентот на Република Македонија АПЕЛ Ние, Македонци – бегалци од егејскиот дел на Македонија, здружени во Друштвото на Македонците во Полска, апелираме до Претседателот, Владата и Парламентот на Република Македонија да не се откажуваат од името „Република Македонија“, знамето, сонцето – […]

ОМД успешно ја заврши втората турнеја низ Германија

Од 2 до 8 ноември 2026 година, Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) посети пет германски града. Се сретнавме со македонските заедници, ја претставивме нашата работа и направивме нови чекори кон формирање на ОМД Германија. По првата турнеја во март, вториот дел собра семејства, професионалци, здруженија и институции. Еве краток преглед на секоја станица. Бретен (Карлсруе) 2 […]

Македонската црква Свети Кирил и Методиј во Чикаго

Македонската православна црква „Свети Кирил и Методиј“ во Чикаго е духовно собиралиште на македонските иселеници и место за зачувување на православната вера, македонскиот јазик и традициите од татковината. Во далечната 1979 година, Македонците од Чикаго го направиле првиот поголем чекор кон остварувањето на својот сон – купиле постара црква во Бервин, Илиноис, и веднаш започнале […]

Семакедонска средба на 14 ноември во Штип

Традиционалната Семакедонска средба годинава ќе се одржи на 14 ноември 2026 година, сабота, со почеток во 12:00 часот, во хотелот „Оаза“ во Штип. Организатори на средбата се Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ од Штип и Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија „МАКЕДОН“. За […]

To top