Дијаспора

Македонскиот просветно училишен одбор за НЈВ ја одржа Свечената Академија за Браќата Свети Кирил и Методи во Сиднеј

kiril-i-metodij-sidnej-1

Во неделата на 29–ти мај, 2016 година, со најголеми почести се одржа чествување на славните Браќа Свети Кирил и Свети Методи.

kiril-i-metodij-sidnej-1

Македонскиот Просветно Училишен Одбор за Нов Јужен Велс , како и секогаш, натпросечно ја организира оваа величенствена свеченост на која присуствуваа родителите и учениците кои го изучуваат македонскиот јазик во етничките и редовните основни училишта, како и во  саботните средни училишта. Свеченоста се одржа во Црквата “ Свети Кирил и Методи“ во Сиднеј.

На свеченоста, гостите ги поздрави Госпоѓата Луција Џонс, Потпретседател на Федерацијата за јазици на зедницата, ги поздрави присутните и нагласи дека:„ Македонскиот просветно училишен одбор е значајна општествена институција во НЈВ, која динамично, активно и високо квалитетно ја организира наставата по македонски јазик во сите училишта. Напорната работа на учителките и волонтерите, постојано е пример за другите заедници во Нов Јужен Велс.“

За делото и значењето на Светите браќа Кирил и Методи зборуваше Претседателот на Македонскиот просветно училишен одбор , Госпоѓата Жаклина Михајлова, која меѓу другото рече:

„ Почитувани Гости, родители, ученици – пријатели на македонскиот јазик. Денеска ги чествуваме идеалите, името и делото на солунските браќа Кирил и Методи. Да се зборува за славните учители, свештеници, за славните филозофи е голема чест и гордост. За славата на учителите најдобро зборуваат нивните ученици, заправо генерациите на ученици што го слават делото кое сведочи за учителите. Како такви, и по род и по учење, и ние денес ја продолжуваме славата на славните Македонци и со изучувањето и организирањето на училиштата по македонски јазик во Австралија, ја потхрануваме светата македонска лоза.“

kiril-i-metodij-sidnej-2

Почесниот Претседател на МПУО за НЈВ, Господинот Тоде Кабровски им се обрати на присутните и им укажа на важноста на негувањето и зачувувањето на македонскиот јазик. Тој на членовите на Одборот им ја предаде Наградата СВ Климент Охридски, со која што Одборот беше одликуван од Република Македонија, со цел истата да се зачува во ахивата на Одборот.

Програмата ја водеше Господинот Благоја Јосифовски, кој е  успешен млад Македонец. Денеска тој е професор по македонски јазик во средното саботно училиште во Бенкстаун, а пред години беше ученик во етничкото училиште во  Рокдаел, во средното во Когра, а го заврши и студиите по македонски јазик на Маквори Универзитетот. Во својот говор тој истакна: „Благодарение на Министерството за образование на НЈВ, кое овозможува , македонскиот јазик да се изучува во етничките , редовните и саботните средношколски центри  и на вложениот доброволен труд на сите членови на МПУО, јас, некогашен ученик во тие училишта, денеска стојам, рамо до рамо, со моите први учителки, стојам пред вас како секретар на МПУО и како учител кој ја учи денешната генерација ученици по македонски јазик. Користете го македонскиот јазик што повеќе во вашите семејства. Приликите што ќе ви се отворат преку мулти – лингвизмот во вашите криери се непроценливи, зашто живеете во свет кој што е толку технолошки и културно поврзан , толку зависен од познавањето на повеќе јазици“.

kiril-i-metodij-sidnej-3

Потоа  на  заслужните учениците кои го изучуваат македонскиот јазик во Нов Јужен Велс,од сите редовни и етнички основни, и средни училишта им беа доделени Признанија и Награди.

Специјални Благодарници им беа врачени и на активисти и доброволци кои го помагаат изучувањето на македонскиот јазик.

Добитници на Признанија за изучување на македонскиот јазик во Нов Јужен Велс:  Клои Илијоска,, Бриjана Илијоска , Клаудиjа Огњаноска, Татијана  Тошеска, Амилиjа  Анчевска, Никола  Кочанкоски, Кристијан Кузмановски, Наталиjа Петреска, Елизабет Мојановска, Петар Славески, Емилиjа Гулевска,  Даниел Грчев,Сиена  Петреска, Изабела  Митева, Кристина  Соколоска, Тијана  Манева, Анабел  Петреска, Ева  Ѓуровска, Стефан Трпковски, Наташа Трпковска, Емили Зафировска, Џасинта Глигороска, Алана Цветковска, Екатерина  Јовановска, Моника   Темелкова, Марко  Гурабиовски, Ребека  Басукоска, Александар  Бакрески, Александар Петровски, Ана Радеска, Матеа Димовска, Адриан Долевски, Филип Ѓоргиевски, Ешли Ѓоргиевска, Анамарија Ангелкоска, Стевче Димески, Емили Гашовска, Мелани  Најдовска, Симона  Бојческа, Петар  Павлоски, Јулијана  Блажевска, Емилиjа  Гашовска, Александра  Киселоска

Заслужни членови на МПУО и пријатели на македонскиот јазик:

Алберт Вела, Луција Џонс, Тоде Кабровски, Carlton Public School, Иван Трпоски, Ирена Вељанова, Наум Деспотоски, Управа на МПЦ “ Света Петка“ Рокдаел, Гордана Клисарова, Мак Видео – Драган Димитровски, Зара Јошевска – Travelworld  Wollongong, Carlton Public School, МПОС – Црква “Свети Кирил и Методи“, Јове Стојановски, Македонски Телефонски Именик, Цане Ристески, Ѓорѓи Михајлов и Наум Деспотовски. Драгица  Митева, Каролина Марковска, Раде Стојкоски, Елизабета Кузмановска, Александра  Грчева, Тања Гулевска, Пeрo Трифуновски, Кире  Простиженовски, Доне Кочанковски, Управа на МПЦ “ Света Петка“ Рокдаел, СБС – Радио, Радица Бојковска Димитровска, Мак Видео – Драган, Пецо Наумоски, МКУД „ Илинден“ Сиднеј и Столе Трајковски, Цвета Чумковска, Славица Ристевска, Силвана Трајковска

Весна Трајковска, Наташа Котевска, Трајана Стојановска, Лилјана Спироска, Весна Трајковска, Благоја Јосифовски,

Мери Петковска, Дијана Јовчевска, Сузана Стојановска, Александра Ѓорѓиевска, Лидија  Славеска и Елена Здравковска.

Жаклина Михајлова – Учителката

Азбука

Паметат камењата дека
те имало и пред последната,
паметат пештрите дека си
забележана како – древната.

Паметат тревите и погребните
лелеци ти ги паметат звуците,
памети традицијата, глаголите,
песните ти ги паметат и внуците….

Обновена, упростена,
прекрстена, раскостена,
ама пак на старото
си стежнала, накитена,
од Руен, кон езерата си полазала,
на север и југ, насекаде си стасала.

Многу жедни со ум си напоила,
многу страдни очи опулиле,
многу алчни грабале, лажеле,
тогаш лажни правила важеле.

Сега е време друго,
вистината во очи ни вреба,
сега ни дојде редот,
горди да бидеме треба.

Слава на Методи и Кирила,
слава на светците сугестивни,
уште поголема слава на Климента,
што буквите стари ги врати видни.

Жаклина Михајлова

Најново од: Дијаспора

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

Дијаспората заборавени од историската слика за 8-ми септември

Идејата за самостојна Македонија не се роди непосредно пред референдумот во 1991 година. Таа долго живееше меѓу македонците во дијаспората, дури и кога јавното залагање за независност можеше да донесе прогон, затвор и уништен живот. По повод 8 Септември – Денот на независноста и 35-годишнината од создавањето на самостојната македонска држава, под покровителство на претседателката […]

Европратеничката Ирена Јовева – бранител на македонскиот јазик и македонскиот идентитет

Европската Унија е наднационален и меѓувладин сојуз на европски држави. Под ова име е основана во 1993 година, со Договорот за Европската Унија, познат како Договорот од Мастрихт. Сепак, голем број нејзини институции и механизми постоеле и претходно, врз основа на договорите што датираат уште од 1951 година. Активностите на Европската Унија опфаќаат бројни области […]

To top