Дијаспора

Во Австралија , во 81-та година од животот, почина Госпоѓа Вукосава Донева- Варколи

Во Австралија , во 81-та година од животот, почина Госпоѓа Вукосава Донева- Варколи, македонска театарска, филмска и телевизиска актерка, поетеса, преведувач и професорка.

Вукосава е родена на 22 февруари, 1935 година во Струмица, Македонија. По завршувањето на Филолошкиот факултет, група  Литература и македонски јазик, Вукосава се вработува во радио драмата на радио Скопје(1953-1957), а од 1957 до 1988 година, работи во  Македонскиот народен театар, каде што игра многу главни улоги. Вукосава Донева беше ангажирана на Факултетот за драмски уметности во Скопје, како предавач по сценски говор(1970-1976). Во текот на театарскиот живот има реализирано значаен број ликови од најразличен жанр, а за улогата на Хеда Габлер е добитник на наградата „13 Ноември“ (1976).

Има реализирано седум самостојни проекти, поезија и монодрамата „Велика“, со кои настапува во Македонија и во повеќе земји.

Вукосава Донева игра во повеќе македонски филмови: „Мирно лето“( 1961),Македонска крвава свадба“(1967), „Мементо“(1967), „Време без војна“(1969),„Македонски дел од пеколот“(1971) и „Хај-фај“(1987), во кој што ја играше главната женска улога.

Од 1988 година Вукосава Донева Варколи живее во Австралија. Во овој период  таа интензивно пишува и ги објавува стихозбирките за возрасни: „Куќи за продавање и молитва“(2000), „Чаша вода за океанот“(2001), „И не како вејка на ветрот “(2003) и „Ткаење черга“(2011) .

Вукосава Донева Варколи, беше член на литературното друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј и член на Друштвото на писателите на Македонија. Со својата поезија е застапена во антологиските изданија: „Бескрајно место“(1998), „Пламен во срцето“( 1999), „Спомените на милениумот“( 1999), „Коти на копнеж  и страст“(2003). Исто така е застапена со поезија во американската антологија „Балади на нашите животи“(2005).

За своето огромно творештво, како и за доброволното инволвирање во македонската заедница во Сиднеј и во Австралија, госпоѓата Вукосава Донева Варколи ја доби најголемата Награда за животно дело „Македонско сонце“, што ја доделува Македонскиот Телефонски именик за НЈВ-Австралија.

Нека почива во мир. Ние ќе ги памтиме нејзината блага насмевка и мудрите животни совети!

Погребното опело за покојната Вукосава Донева Варколи ќе се одржи во четврток, на 9-06-2016 год, во Palmdale Crematorium, Rose Chapel, во 4 часот попладне, а специјална Комеморација ќе се одржи во просториите на Литературното друштво „Григор Прличев“, во петок, на 10-06-2016 год , во 9.30 часот.

Жаклина Михајлова

Најново од: Дијаспора

Илјадници наши иселеници летово во Македонија

Фиданка Танаскова Посети и дружење за незаборав Д-р Ицо Најдовски Перин од Мелбурн помина два месеца во родната земја, исполнети со средби, патувања и дружење. Летово, во своја Македонија, на балканската крстосница во јужниот дел на Европа, допатуваа илјадници наши сонародници од различни генерации, кои низ годините заминале на разни страни од светот. Оживеаја многу […]

Градот Мелбурн им се извини на Македонците

Градскиот совет ги покани македонските играорци повторно да настапат на парадата Мумба во 2027 година, со дозвола да го истакнат знамето со Ѕвездата од Кутлеш.   Градот Мелбурн на 16 ноември 2026 година официјално ѝ се извини на македонско-австралиската заедница поради одлуката со која во март на македонските учесници на парадата Мумба им беше забрането […]

Мито Алексовски од Полска во 2010 година: Името Македонија му припаѓа на македонскиот народ

Името и другите државни вредности на Македонија не се приватни сопствености на политичарите а, ни на било која партија. Тоа се сопствености на целиот македонски народ. Исто така тоа не е стока за продавање и не постои  начин не можат да бидат тема на политички разговори или дипломатски трговии. Кој го прави тоа е предавник […]

Се одржа Јубилејна „Егејска вечер“ и семакедонската средба во Штип

Јубилејната „Егејска вечер“ и семакедонската средба во Штип ги собраа Македонците од Грција, Бугарија и Албанија, како и Македонците од Егејска Македонија кои денес живеат во Република Македонија. Од средбата беше упатена порака за зачувување на македонскиот идентитет, поцврсти врски меѓу заедниците и поголемо внимание од институциите кон нивните права. Едмонд Темелко, поранешен градоначалник на […]

Апел на Друштвото на Македонците во Полска од 28 мај 1994 година

Друштво на Македонците во Полска Гдањск, 28 мај 1994 година До Претседателот, Владата и Парламентот на Република Македонија АПЕЛ Ние, Македонци – бегалци од егејскиот дел на Македонија, здружени во Друштвото на Македонците во Полска, апелираме до Претседателот, Владата и Парламентот на Република Македонија да не се откажуваат од името „Република Македонија“, знамето, сонцето – […]

ОМД успешно ја заврши втората турнеја низ Германија

Од 2 до 8 ноември 2026 година, Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) посети пет германски града. Се сретнавме со македонските заедници, ја претставивме нашата работа и направивме нови чекори кон формирање на ОМД Германија. По првата турнеја во март, вториот дел собра семејства, професионалци, здруженија и институции. Еве краток преглед на секоја станица. Бретен (Карлсруе) 2 […]

Македонската црква Свети Кирил и Методиј во Чикаго

Македонската православна црква „Свети Кирил и Методиј“ во Чикаго е духовно собиралиште на македонските иселеници и место за зачувување на православната вера, македонскиот јазик и традициите од татковината. Во далечната 1979 година, Македонците од Чикаго го направиле првиот поголем чекор кон остварувањето на својот сон – купиле постара црква во Бервин, Илиноис, и веднаш започнале […]

Семакедонска средба на 14 ноември во Штип

Традиционалната Семакедонска средба годинава ќе се одржи на 14 ноември 2026 година, сабота, со почеток во 12:00 часот, во хотелот „Оаза“ во Штип. Организатори на средбата се Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ од Штип и Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија „МАКЕДОН“. За […]

To top