Историја

„СПОМЕНИ“ НА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

makedonski-separatisti

ДВИЖЕЊЕТО ПРОТИВ ЕГЗАРХИЈАТА СЕ СОВПАДНА  СО ПОЈАВАТА НА ТН. “МАКЕДОНСКИ СЕПАРАТИСТИ” ИЗРАЗЕНО ПРЕКУ  СПИСАНИЕТО “ЛОЗА”.  ОВА РАЗДВИЖУВАЊЕ ГО СМЕТАМ ЗА ПРВ ЧЕКОР НА САМОДЕЈНОСТ  ВО ЗЕМЈАТА. ТОА НЕОСЕТНО СЕ ПРЕРОДИ  ВО РЕВОЛУЦИОНЕРНО ДВИЖЕЊЕ

(1892 год.)

makedonski-separatisti

“Околу 1890 година во сите поважни центри во Македонија се појави едно настроение кај младите против владиците, општините, егзархиските учители и службеници, и една струја против посегањата на Егзархијата да загосподари без контрола во црковните и училишните работи во земјата (Македонија, н.б.). Еснафите , што во македонските градови сочинувааа моЌен сталеж, скоро минаа во оваа борба на страна на младинците. Движењето беше. речиси, стихијно, со не многу определени бара-ња: недоволство воопшто од поставеноста на егзархиските институции. Определеното, до кое што допираше младината, беше тоа општините да минат не во рацете на старците и на духовниците, како до тогаш, а во рацете на младинците. Од директоритње кои беа егзархиски чиновници, се бараше да се потчинат на локалните училиШни настојателства (управи, н.б.). Младинците бараа во општините да влезат млади луѓе, општините да бидат вистински општини, а не претседателите  да си вршат се на своја глава, како што беше по егзархискиот устав, според кој општинските членови беа само советници на претседателите. Владиците, општинските претседатели, класните егзархиски учители, спротивставувајЌи и се на оваа струја, на младината и на еснафите, насекаде поведоа борба против нив. Немаше владика и повиден егзархисдки учител, којшто да не беше подложен на навреди и прогонувања од страна на населението. Ова движење се совпадна со појавата на тн. Од некои македонски ‘ сепаратисти’ изразен преку списанието ‘ Лоза’ во Софија, раководено од Поп Арсов, Баласчев, Хаџи Николов и други. Кружокот “Лоза” претендира и денес дека ова движење во Македонија се должело на нивна агитација. Во Солун се појави меЃу учителите во гимназијата и со ова “сепаратистичко” движење. Споменатово раздвижување, што потраја неколку години, го толкувам просто како реакција против долгогодишниот стремеж на Егзархијата  да го сосредоточи во свои раце диригирањето на општествениот живот (во Македонија, н.б.), а освен тоа го сметам за прв чекор на самодејност во земјата. Затоа не може ни најмалку да се каже оти оној кружок околу “Лоза” го подигнал тоа движење. Тоа неосетно се прероди во револуционерно движење. Отпрвин во револуционерното дело неусетно прво и главно учество зедоа истите луѓе што ја водеа борбата против Егзархијата.”

Ѓорче Петров, Спомени. Кореспонденција. 

ред. Љубен Лапе, Култура, Скопје, 1984, стр 48-49;

Спомени на Ѓорче Петров, ИНИ, Скопје 1950, стр,19; 

Спомени на Ѓорчо Петров. Софија 1927, стр.11-12;

Најново од: Историја

Александар Трети Македонски освојува голем дел од Мала Азија

Од победата кај Граник до походот кон Киликија: освојувањата, легендата за Гордиевиот јазол и опасната болест што го запрела неговото напредување. Во првата година од војната Александар Македонски постигнал големи успеси. По победата кај Граник, голем дел од Мала Азија, сè до реката Сангар, паднал под негова власт. Персиската флота ги изгубила пристаништата на тој […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

Под каков идентитет се земаа и се иселуваа македонските деца?

Едно од најзначајните прашања со кои се запознав при истражувањето на чедособирството, а на кое не му е дадено соодветно внимание, е разликата во ставовите меѓу славофонските и грчкофоните села во северна Грција. Извештајот на УНСЦОБ известуваше за расположението на селаните во славофонските области и реони: тие, воопшто земено, биле многу подготвени да им дозволат […]

Крушоради, 1902: последната борба на војводата Дине Кљусов

На 28 септември 1902 година, по целодневна борба во Крушоради, Леринско, загинале војводата Дине Кљусов и тројца негови соборци. Нивната чета била предадена и опколена од османлиската војска. Дине Кљусов бил еден од револуционерите што дејствувале во четата на Марко Лерински. Во 1902 година Леринско било погодено од потери, предавства и вооружени судири. Кљусов учествувал […]

Востанието се проширува во Серскиот округ

Илинденското востание не завршило со падот на Крушевската Република. На 27 септември 1903 година, на Крстовден, започнале планираните востанички дејства во Серскиот револуционерен округ. Во летото 1903 година, додека во Битолско веќе се воделе жестоки борби, револуционерите во Серскиот округ се подготвувале за дејствување. На конгресот одржан во Пирин било решено востанието таму да започне […]

Драмското востание во 1941 година: отпор и трагедија во Егејска Македонија

Во ноќта меѓу 28 и 29 септември 1941 година, востаници во Драмско се кренале против бугарската окупациска власт. Востанието траело кратко, но репресалиите што следувале оставиле длабока рана во источниот дел на Егејска Македонија. По окупацијата во 1941 година, населението во Драмско живеело под воена и полициска контрола. Во такви околности бил организиран вооружен отпор, […]

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Владеењето на Александар Македонски со провинциите Лидија и Карија

Историјата на Јонците покажува дека тие постојано го чувствуваа јаремот на туѓинецот како товар. Тие не се караа, туку ја почитуваа слободата како најголем благослов. Записот на Приен од третиот век ни дава благороден израз на оваа идеја кога вели: „Нема поголемо нешто за античкиот грчки човек од слободата“. На прашањето како Александар Македонски ги […]

To top