Македонски легенди

Мише Развигоров

mise-razvigorov

mise-razvigorov

Михаил (Мише) Развигоров  (28. X 1873 – Штип, 21. III 1907) е македонски револуционер и војвода, деец на ТМОРО и учител. По Виничката афера во 1897 година, тој бил осуден на доживотен затвор и заточен во Подрум Кале, Мала Азија. Амнестиран е во 1902 г. и учествувал во Илинденското востание. По Востанието останал нелегален војвода во Штипската околија. Во март 1907 г.,  во борба со османлиска војска, се самоубил во запалена куќа.

Михаил (Мише) Спиро Развигоров  е роден на 28 актомври 1873 година во Штип, во еснафско и револуционерно семејството на Спиро и Донка Развигорови. Неговите браќа Александар и Емануил (Мане) стануваат видни дејци во Македонската револуционерна организација.

Мише завршил трет клас прогимназија во Штип, а потоа учел во педагошкото училиште во Ќустендил. Уште како ученик се одликувал со бурен темперамент. Околу 1893 година учествувал во формирањето на Македонското младешко друштво. Поради учество во ученичкиот бунт бил исклучен од училиштето и образованието го продолжил во Казанлак, каде го завршил педагошкото училиште.     

Во 1895 година се вратил во родниот град и работел како учител. Истата година се вклучил во редовите на Македонската револуционерна организација (МРО) и станал член на Окружниот комитет во Штип. По избувнувањето на Виничката афера кон крајот на 1897 година, заедно со повеќе членови на Окружниот комитет Мише бил уапсен. За да ги спаси своите другари, тој ја превзел целата вина врз себе и признал дека тој ги вооружувал луѓето, поради што бил осуден на доживотен затвор во Подрум Кале, во Мала Азија.  

Мише Развигоров и другарите, како и нивните семејства, бараат од австрискиот конзул во Скопје да им помогне. Но, Развигоров и другарите останува во затвор се до август 1902 година, кога по повод устоличувањето на султанот Абдул Хамид II била прогласена амнестија.

По излегувањето од затвор, Развигоров извесен период поминал во Бугарија, а потоа со своја чета влегол во Македонија и дејствувал во штипската околија. Мише учествувал во подготовките за востанието, а потоа и за време на Илинденското востание во 1903 година. По задушувањето на Востанието останал нелегален војвода во Штипската околија.

Во текот на 1904 и 1905 година Мише Развигоров учествувал на повеќе советувања одржани како подготовки за конгресот на МРО. Во јануари – февруари 1904 година, како преставник на Скопскиот револуционерен округ, учествувал на советувањето во Софија, а во јануари 1905 година, како преставник на штипската околија, заедно со Ефрем Чучков, Тодор Александров и Стојан Мишев, Равигоров учествувал на конгресот на Скопскиот револуционерен округ кој се одржал во кратовското село Кнежево. Во октомври 1905 година, Равигоров како преставник на Скопскиот револуционерен округ, заедно со Даме Груев и Петар Кушев, учествувал на Рилскиот конгрес, прв општ конгрес на Македонската револуционерна организација одржан во Рилскиот манастир. Во 1906 година тој бил избран за член на Скопскиот окружен комитет, а извесно време во неговата чета како секретар бил Тодор Александров.

Во овој период Мише Развигоров се бори против српската пропаганда. Во 1904 година ги казнува предавниците од селото Кокошиње кои ја предале четата на Славејко Арсов на турските власти. Потоа како војвода на штипската околија тој се залагал за подобрување на социјалната положба на населението. Формирал фондови за помош на населението, помагал за откупување на земјата од беговите, ослободување на долговите на селаните и организирал бојкот на населението за плаќање на даноците. Развигоров се стекнал со големаа популарност меѓу населението кое го нарукавала Овчеполски кнез.

Меѓутоа, тој запленува коресподенција која говори за заговор против населението и дејци на организацијата, по што во отсуство влегува во спор со вториот раководител на Скопскиот револуционерен округ Петар Ангелов. Се сомневал и во исправноста на финансиското работење на  штипската револуционерна организација, па во март 1907 година пристигнал во Штип да изврши контрола.  Мише  Развигоров со своите луѓе се сместил во куќа во Исарското маало, но, бил предаден и куќата била опколена од турската војска. Не сакајќи да се предадат, четата започнала борба, по што Турците ја запалиле куќата. Мише Равигоров се самоубил, а во борбата загинале четникот Петар Жабата и членот на градската организација  Милан Крстев.

Со дозвола на турските власти, во присуство на голем број граѓани, Мише Равигоров бил погребан на градските гробишта, до црквата „Св. Спас“. Во знак на сеќавањето на неговото дело, народот испеал неколку песни за Мише Развигоров.

Најново од: Македонски легенди

Маца Карбева

Маца Карбева – од борбата за правата на жените до АСНОМ Маца Карбева (20 август 1919, село Војница, Велешко – датумот на смртта не е утврден) била македонска првоборка, учесничка во Народноослободителната борба и делегатка на Првото заседание на АСНОМ. Нејзината дејност започнала во работничкото и женското движење во Велес, а продолжила во илегалната борба […]

Пеце Атанасовски – легендарниот гајдаџија кој го разнесе македонскиот звук низ светот

Пеце Атанасовски (Долнени, Прилепско, 1925 – Скопје, 14 септември 1996) е еден од најголемите македонски народни инструменталисти, легендарен гајдаџија и неуморен чувар и афирматор на македонската изворна музика. Со звукот на својата гајда ја претставувал Македонија на бројни сцени во земјата и во светот, оставајќи наследство што живее и денес. Во историјата на македонската народна […]

Арсениј Јовков – илинденецот кој се бореше за Македонија со пушка, перо и филм

Арсениј Јовков (25 март 1884, село Селци, Струшко – 14 септември 1924, Горна Џумаја, Пиринска Македонија) бил македонски револуционер, илинденец, поет, публицист, новинар и филмски автор. Неговиот живот бил нераскинливо поврзан со борбата за слобода на Македонија, а неговото име останува запишано и во македонската револуционерна историја и во почетоците на македонската кинематографија. Арсениј Јовков […]

Ибе Паликуќа – една од најмладите народни хероини од Македонија

Ибе Паликуќа (Дебар, 1927 – Шутово, Кичевско, 22 септември 1944) била учесничка во Народноослободителната војна во Македонија и една од најмладите жени од Македонија прогласени за народни херои на Југославија. Како борец и политички активист, својот живот го загубила на само 17-годишна возраст. Ибе Паликуќа е родена во 1927 година во Дебар, во албанско семејство. […]

Христофор Жефарович – првиот македонски хералдичар

Христофор Жефарович (околу 1690 – 18 септември 1753) бил зограф, иконописец, бакрорезец, калиграф, калуѓер, трговец и печатар од Македонија. Се смета за прв македонски хералдичар и еден од најбараните уметници на просторот од Солун до Пешта во XVIII век. Во 1741 година во Виена ја објавил книгата „Стематографија“, во која се претставени грбовите на повеќе […]

„Македонија ќе биде слободна!“ – Александар Турунџев (1872–1905)

Александар Турунџев е роден во 1872 година во селото Горно Врбени, Леринско, а се самоубил 30 август 1905 година во Битола. Македонски револуционер, илинденец и војвода, тој останал запаметен како еден од симболите на непокорот и саможртвата во борбата за слободна Македонија. „Македонија ќе биде слободна!“ –тоа биле последните зборови на Александар Турунџев пред неговото […]

Драган Богдановски – живот посветен на слободна и независна Македонија

На 18 септември 1929 година во селото Клечовце, Кумановско, е роден Драган Богдановски, починал на 31 мај 1998 година во Данска, на пат од Шведска кон Германија. Подоцна бил погребан во Куманово Драган Богдановски е еден од најистакнатите македонски политички емигранти по Втората светска војна, долгогодишен борец за македонската национална кауза, претседател на ДООМ и […]

Лилјана Чаловска – писателка, борец и учесничка на АСНОМ

Лилјана Чаловска (3 декември 1920, Софија – 20 јули 1997, Скопје) е македонска писателка, учесничка во Народноослободителната борба и општествено-политичка дејка. Била делегат на Првото заседание на АСНОМ и член на Претседателството на АСНОМ, а значајна трага оставила и во македонското новинарство и литература. Лилјана Чаловска е родена на 3 декември 1920 година во Софија, […]

To top