Историја

На Илинден востанието пламна по цела Југозападна и Западна Македонија

ilinden1

ilinden1

Македонското население тргна на повикот на Врховниот штаб, се дигна како еден човек и со нечуен патриотски жар се фрли во ослободителната борба. Непријателот не очелуваше удар, тој беше изненаден.

Еве една епизода од борбата за историско Крушево.

„Уште на 22 (јули, ст.ст.) во градот слезе Горското начелство, на чело со учителот Никола Карев, социјалист, една благородна фигура – една од најсветлите личности во Крушевското востание. Шеесет души првенци, свикани на собрание, избраа една 6 – члена комисија, по двајца од секоја народност. Нејзе и се довери управувањето на раководениот град. „Привремената влада“ под претседателство на Вангел Дину ја раздели управата на шест ресори…. Управниците заседаваа редовно во големото училиште. Во другото училиште се отвори болница под раководството на д-р Батал. Сарачките и опинчарските работилници фабрикуваа со голема брзина опинци, реденици и каиши. Во леарницата се претопуваа разновидни оловни и калајни предмети, подарувани од населението, а во арсеналот сместен во една приватна куќа, се глачаа излеаните куршуми, се поправаа пушки, револевери и друго. Двете парни мелници деноноќно го мелеа житото носено преку планинските патишта, што беше неопходно за прехраната на населението и востаниците. На бедните фамилии тоа им се раздаваше безплатно… “

И покрај нечуеаната смелост, хероизам, самопожртвуваност и упорност, славната борба на илинденските востаници беше скршена. Нивните недоволни сили, и покрај натчовечките напори, се ицрпија во текот на нерамноправната борба. Тие всушност се покажаа како еден грст храбри луѓе, против стотиците илјади добро вооружени толпи на султанската армија.

За размерот на револуционерната борба и воените акции во текот на востанието зборуваат следните бројки:

Во целиот Битолски вилает се случиле 150 судирања во кои загинале 746 востаници. Најмногу борби имаше во текот на јули (од 20 до 31 – ст.ст.) – 72, во текот на август – 56, во септември – 18 и во октомври – 4.

Во Одринскиот вилает од 6 август до 28 октомври (ст.ст.) дошло до 36 борби во кои паднале 46 востаници.

Во Солунскиот вилает од 16 јуни – 28 октомври (ст.ст.) имало 38 борби, во кои паднале 109 востаници.

Во Скопскиот вилает од 1 август до 1 ноември (ст.ст.)  дошло до 15 борби, во кои паднале 93 четници.

Во текот на целото востание од 20 јули до 10 октомври (ст.ст.) биле извршени 14 атентати со динамит на територијата на Европска Турција, во текот на целата 1903 година – 21.

Во текот на целиот Илинденски период во територијата на Македонија и Одринско биле, значи, имало вкупно 239 борби, во кои паднале 994 востаници.

Херојското Илинденско востание удри многу силно врз престижот на султанот, неговата империја, неговите вооружени сили, кои требаше со недели и месеци да војуваат против еден грст смели востаници. Поради тоа султанот и пашите решија да му се одмаздат на мирното население, на старците, жените и децата.

Еве што зборуваат бројките: биле изгорени 201 село, запалени 12.440 куќи и убиени и исклани 4.694 души, стотици и илјадници жени обесчестени итн. 30.000 души мораа да побараат азил во Бугарија.

Сите жестокости биле извршени пред очите на таканаречена цивилизирана Европа. Големите сили, кој во своја оснава беа против востанието, си ги измија рацете како Пилат, задоволувајќи се со тоа да дозволи овде-онде извесни лицемерни протести до Високата порта.

По жестокото задушување на востанието македонскиот народ не падна во очајание. Борбата продолжи понатаму. Македонскиот народ не остапи од принципот на правото за самопределување, од правото на Македонците сами, по сопствена воља да си ја определуваат својата судбина.

(извадоци од реферат на В.Поптомов „Работническо дело“, 3.08.1948)           

Тихомир Каранфилов

Најново од: Историја

Александар Трети Македонски освојува голем дел од Мала Азија

Од победата кај Граник до походот кон Киликија: освојувањата, легендата за Гордиевиот јазол и опасната болест што го запрела неговото напредување. Во првата година од војната Александар Македонски постигнал големи успеси. По победата кај Граник, голем дел од Мала Азија, сè до реката Сангар, паднал под негова власт. Персиската флота ги изгубила пристаништата на тој […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

Под каков идентитет се земаа и се иселуваа македонските деца?

Едно од најзначајните прашања со кои се запознав при истражувањето на чедособирството, а на кое не му е дадено соодветно внимание, е разликата во ставовите меѓу славофонските и грчкофоните села во северна Грција. Извештајот на УНСЦОБ известуваше за расположението на селаните во славофонските области и реони: тие, воопшто земено, биле многу подготвени да им дозволат […]

Крушоради, 1902: последната борба на војводата Дине Кљусов

На 28 септември 1902 година, по целодневна борба во Крушоради, Леринско, загинале војводата Дине Кљусов и тројца негови соборци. Нивната чета била предадена и опколена од османлиската војска. Дине Кљусов бил еден од револуционерите што дејствувале во четата на Марко Лерински. Во 1902 година Леринско било погодено од потери, предавства и вооружени судири. Кљусов учествувал […]

Востанието се проширува во Серскиот округ

Илинденското востание не завршило со падот на Крушевската Република. На 27 септември 1903 година, на Крстовден, започнале планираните востанички дејства во Серскиот револуционерен округ. Во летото 1903 година, додека во Битолско веќе се воделе жестоки борби, револуционерите во Серскиот округ се подготвувале за дејствување. На конгресот одржан во Пирин било решено востанието таму да започне […]

Драмското востание во 1941 година: отпор и трагедија во Егејска Македонија

Во ноќта меѓу 28 и 29 септември 1941 година, востаници во Драмско се кренале против бугарската окупациска власт. Востанието траело кратко, но репресалиите што следувале оставиле длабока рана во источниот дел на Егејска Македонија. По окупацијата во 1941 година, населението во Драмско живеело под воена и полициска контрола. Во такви околности бил организиран вооружен отпор, […]

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Владеењето на Александар Македонски со провинциите Лидија и Карија

Историјата на Јонците покажува дека тие постојано го чувствуваа јаремот на туѓинецот како товар. Тие не се караа, туку ја почитуваа слободата како најголем благослов. Записот на Приен од третиот век ни дава благороден израз на оваа идеја кога вели: „Нема поголемо нешто за античкиот грчки човек од слободата“. На прашањето како Александар Македонски ги […]

To top