Дијаспора

Георги Даневски–познат македонски сликар од Торонто (32)

georgi-danevski-1

georgi-danevski-1

ОД ЖИВОТОТ И ДЕЛАТА НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ

Академскиот сликар Георги Даневски е еден од познатите современи македонски уметници. Тој е сликар, иконописец и муралист. Остварил повеќе монументални дела во Скопје, Виница, Берово и Торонто. Даневски се смета за уметник „што ја создаде живата иконографија во Канада, уметник што создава декоративен космос кој ќе оперира низ столетијата“.  

Даневски е роден во селото Саримзалино, Свети Николско, на 25 јули, 1947 година. Но, кога Георги беше на 4-ри годишна возраст беше посвоен од неговиот чичко во Виница, каде прерасна во  еден млад уметник. Во  Виница ги помина најубавите денови од детството и младешките години. Виница за него е „рајот на минатото  и иднината“.

Присуството на верските служби во македонските православни цркви во Виница и во други места во Источна Македонија, осоебно во Берово, му вроди љубов кон декорот од фреските, иконите, архитектурата… Инстинктивно почна да слика на четиригодишна возраст. Славчо Вандерот од Виница, кој работел во едно угостителско претпријатие бил човек кој сакал да црта и од чии цртежи малиот Даневски се воодушевувал. Тој всушност бил неговиот прв учител..

Неговата страст кон уметноста ја покажа во Средното уметниќко училиште во Скопје, за подоцна во 1972 година да го заврши своето високо образование и да се здобие со диплома на Универзитетот во Љубљана, кај професорите Габриел Ступица и Зоран Дидек Делата кои во тој школски период ги создава се симбиоза меѓу учењето и уметничкиот дар и веќе во втората година ја добива Прешерновата награда за еден циклус на актови. Тоа е прво сериозно признание во неговата кариера. За вистинскиот артист учењето никогаш не завршува, бидејќи животот е неисцрпен извор, а уметноста е дел од животот, таа е како ерудитивна химна на животот.

vinica
Виница

Сегашното творештво на Георги Даневски е врзано за живописување на македонски православни храмови. Тој стана зограф поради тоа што македонското рано и зрело средновековие дало една таква влијателна и изворна уметност каде се возобновила антиката во една христијанска програма. Македонското поднебје, односно македонските мајстори го дале второто златно доба на таа империјална уметноста.

Уште како дете Даневски се судира со блесокот на таа уметност и знаел дека никогаш нема да стане голем сликар ако таа уметност не помине низ него. Ја создава таа уметност наново, реформирано и со тоа не го брише комплексот на некогашните големини, туку ги поврзува оригинално сегашното време со доблеста и големината на она што го дала македонската, односно византиската уметност во светската култура во минатото.

Тој на тоа гради едно ново сликарство и неговото интимистичко, штафелајно сликарство има извесно влијание од овие податливи квалитети на македонската голема византиска уметност.

Како млад човек по дипломирањето, тој помина одреден број на години патувајќи во различни земји и градови во светот, вклучувајќи ги Шпанија, Германија, Австрија, Франција, Швајцарија, Русија и Италија. Но, патот го однесе во Торонто, Канада  во 1995 година, од каде тешко дека ќе се врати во Македонија..

Уметникот Георги Даневски одраснал во Виница, град во источниот дел на Македонија и општински центар. Тоа е град со околу 11 илјади жители, за чие име се врзани повеќе легенди. Некои сметаат дека неговото старо име е Армонија, над кој како фортификација се издига Виничкото Кале. Некој, пак, сметаат дека Виничкото Кале е, всучност, Астибо. Меѓутоа, според локалната легенда името настанало во период од неколку сушни години кога наместо со вода куќите биле градени со вино.

Виница е позната по историската римска тврдина Виничкото Кале која се наоѓа на ридот над градот. Во тврдината се пронајдени познатите ранохристијански теракотни икони. Сегашниот град потекнува од Византиската тврдина која била центар на производство на вино, а денес место на архиолошки истражувања.

Треба да се спомене дека на тие винички простори се одржува меѓународниот фестивал „Истибанско здравоживо“ и Фестивалот на хумор и сатира „Ин Виница веритас“, а неодминливи се музичката група „Распеани Виничани“ и  фолклорната група „Китка“.

crkva-toronto
Црквата „Свети Климент Охридски“ во Торонто

Меѓутоа, Виница е позната и по името и делото на уметникот Георги Даневски, кој од љубов кон својот град изгради прекрасен дом кој повече личи на уметничка галерија и го започна својот уметнички живот. Таму ги направи познатите уметнички дела со арапските коњи кои го вброија во добар познавач и пренесувач на коњите на платно. Таму го започна сликањето на македонските калинки и античките предмети со кои се гордее Виница. Во исто време започна да ги слика ѕидовите и таваните на црквата „Света Богородица“ во Берово, од каде беше ангажиран да ја наслика црквата „Свети Климент Охридски“ во Торонто.

Имено, во 1995 година, тогашниот претседател на црквата во Торонто Никола Стојановски, заедно со свештеникот Илче Миовски и авторот на овие редови во својство на потпретседател на Комисијата за односи со весрските заедници на Република Македонија, по сугестии на митрополитот Кирил, го посетија уметникот Даневски во Берово. Пред тоа тие ги видоја убавините на Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, кое е дело на уметниците Георги Даневски и Спасе Спировски, потоа ги видоја неговите дела во Виница и Берово, по што падна одлуката токму Даневски да биде зографот на црквата „Свети Климент Охридски“ во Торонто. Црковната управа на чело со Никола Стојановски направи се‘ Даневски да се пресели  во Торонто и да добие работна виза.

Во Торонто Даневски е најдобро познат по неговите муралистички работи во првата македонска православна црква „Свети Климент Охридски“, во која наслика фрески во византиски стил и иконографија во македонски стил. Благодарение на талентот на Даневски и неговата љубов кон зографството, денес таа црква е една од најубавите православни цркви на северноамериканскиот континент и национален храм кој постана атракција за посетителите за кој е пишувано во бројни информативни гласила. Живописот во МПЦ “Свети Климент  Охридски” во Торонто  е убаво дело на уметноста на Даневски, затоа и многумина го нарекуваат „македонски Микеланџело“.

crkva-markam
Црквата „Свети Димитрија Солунски“ во Маркам

Се чини врвот на својата уметничка-муралистичка дејност ја постигна со зографисувањето на Македонската православна црква „Свети Димитрија Солунски“ во Маркам, град во северниот дел на метрополата Торонто, каде живее голем број Македонци од етничка Македонија. Муралот е од околу 600 квадратни метри со околу илјада икони на кои е прикажана христијанската историја.

Затоа со право се вели дека Георги Даневски важи за еден од водечките современи македонски ликовни уметници на Канада и неговото дело во македонската црква во Маркан е предмет на нагласено медиумско внимние. Тој е еден од водечките современи македонски уметници во Канада, а неговата долгогодишна работа во креирањето на иконографиите на македонските православни цркви „Св. Климент Охридски” во Торонто и „Св. Димитрија Солунски” во Маркам, како и во многу други цркви во Македонија и САД, се само дел од неговиот спектар уметнички достигнувања. 

Исто така, во изминатите дваесеттина години во Канада, дела на Георги Даневски можат да се видат во галерии и приватни домови. Тој имал поголем број изложби на американскиот континент, а како муралист има живи иконски личности и различни композиции по ѕидовите и таваните на црквите со што се покажа и докажа како македонско-канадски уметник.

Георги Даневски е добитник на бројни награди и признанија. За него се пишувало во светски гласила, со што се афирмирало неговото име и дело, македонското фрескоживописување и името на Македонија. За него е снимен документарецот „Иконите на Божјите очи“ во соработка со Ватикан и италијанската телевизија. Мултиетничката телевизија „Омни” финансирана од Федералната влада во Отава сними и долгометражен документарен филм за животот и сликарството на Даневски под наслов „Георги Даневски – Исповед од срцето“ снимен во Канада и Македонија, од што може да се види дека тој е посветен на сликарството и тој живее од и за уметноста.

Според него треба да се направи мост со минатото и иднината, дека канонот не е параван зад кој се крие честопати стереотипно копирање, инфериорност и релативни незнаења и симулирања, што го убиваат животот на уметноста. Канонот, вели тој дека е создаден од светите отци како кодекс и систем да го штити светото достоинство на Светото писмо, систем да го предава дидактички огромниот материјал на Стариот и Новиот завет, како систем за заштита од изопачување, анархизми, фалсификати…

makedonski-holokaust
Корицата на книгата „Македонски холокауст“ е дело на Георги Даневски

Често се вели дека „Љубовта кон Бога“ го инспирирала Георги Даневски да наслика мурали на ѕидовите и на таванот на македонските православни цркви. Затоа, кај него портретите на светците и сцените од христијанската историја се преплетуваат во живи сенки од црвена, сина, зелена и од пурпурна боја опточени со 24- каратно злато. Стотиците ликови на светци, ангели и селани, манифестираат радост и болка, љубов и омраза, а според зборовите на Даневски самото сликање на фрескоживописот, како и резултатот “се славење на љубовта – кон Бога, хуманоста и убавината”. Затоа, Георги Даневски важи за еден од водечките современи ликовни уметници на Канада.

Продолжува

slave-katin-2
Пишува: СЛАВЕ КАТИН
www.slavekatin.com

Најново од: Дијаспора

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

Академик Ферид Мурат – американски нобеловец и пријател и Македонија

Академикот Ферид Мурат е познат лекар и фармацевт во Соединетите Американски Држави. Најголемиот дострел на полето на науката го постигнал во 1998 година, кога ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина. Тој е роден во Вајтинг, Индијана, мајка му е Американка родена во Алтон, Илиноис, а татко му е Албанец од село Лакавица, Гостиварско. […]

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

To top