Историја

Претенденти за Македонија (1)

pretendenti-za-makedonija

Македонска нација

pretendenti-za-makedonija

„Претенденти за Македонија“ е статија превземена од руското списание “Жизнь” (ноември 1899 година), која го носи потписот Дионисиј Григорев, дописник од Софија”. Во Бугарија е објавена во 1900 година.  Во неа авторот дава интересни подгледи за соседите на Македонија и нивната борбите за да се завладее со Македонија. Во неколку продолжение овде ќе ви ги презентираме неговите согледувања:

„Без никакво претерување може да се каже дека во цeл свет нема друга земја, поради која се воделе толку расправии, да се судираат толку разновидни интереси, да се случувала таква ужасна борба, како за Македонија!

Нека помисли самиот читател: освен тие т.н. големи држави, кои ја сметаат за свое прашање и свое дело, Македонија брои не помалку од пет непосредни претенденти: прво место држат Бугарија, Србија и Грција, малку настрана стојат Австрија и Романија. Ние не сметаме на Турција, која за сега е повеќе од претендентка: таа владее Македонија!

Срби, Бугари, Грци и Романци велат дека Македонија е населена со нивни “браќа; Грците сметаат преку Македонија да си отворат пат за Цариград – старата престолнина на Византија, каде што и до сега 1/2 од населението се Грци; Србите, стиснати меѓу планини и Дунав, сакаат да отворат пат кон морето: а Бугарите сметаат дека е многу убаво да имаат излез не само на Црното, но и на Мраморно, Егејско и Јадранското море.. Ако дури овие мали и слаби земји имаат такви силни апетити, тогаш што да се каже за големата … Австрија? Сега одкако таа ги изгуби провинциите во Италија и влијанието врз малите германски држави, единствено место за ширење на нејзината територија останува Балканскиот Полуостров.

Петтата претендентка – Романија – е одвоена од Македонија и затоа не може да се надева дека директно ќе владее во оваа земја: но штом и се признаат нејзините права над Македонија, таа секогаш може да ги разменува со остапки, што ќе и се направат во друг правец. Значи, иако странска територија ги дели од Македонија, Романците водат таму активна пропаганда, официјално поддржана од романската влада. Последна вест во тој однос е отварањето на романско трговско училиште во Солун…

Сите тие околности пренесуваат една чудна физиономија на македонското движење. Македонија страда под тешкиот турски јарем небаре за уривањето на тој јарем треба да бидат насочени сите напори на Македонците, но во реалноста сите тие напори се насочени кон меѓусебна борба, во која Турција сосема неочекувано се јавува како Тре-тејски суд. Секако дека турската влада е многу задоволна од овој пресврт на работата, при што секој од завојуваните страни вели:, .Подобро Македонија да остане турска отколку да падне во рацете на нашите противници; додека Македонија се наоѓа во рацете на Турците ние не ја губиме надежта дека еден прекрасен ден таа ќе стане наша”. Се разбира дека при такво расположение на умовите во политиката на турската влада многу користи. Кога ќе забележи дека на некое место се засилува агитацијата на Бугарите, тоа им попушта малку Грците и Србите и ја олеснува нивната борба против Бугарите; и наопаку.

Пред три години, кога и даваше право на бугарската влада да држи трговски агенти во Македонија, турската влада забележуваше: “Зошто ви се агенти во Македонија, – вие и без тоа сте силни таму; подобри пратете на друго место, на пример во Призрен”, а Призрен е град, каде што воопшто нема Бугари; тој е дел од т.н. Стара Србија и е населен со Албанци.

Денешното политичко движење во Македонија почна неодамна. При Стамболов, значи до 1894-95 година, целото движење во Македонија се ограничени со културна, просветна работа: со отварњето на цркви и училишта. По паѓањето на Стамболов и промената на политичкиот режим во Бугарија тукашната бројна македонска емиграција го подигна гласот да ги бара ветените од берлинскиот конгрес права за Македонија. Ерменското движење и Критското востание уште повеќе ги оживеа надежите на Македонците. Но, повторуваме, во денешно време под македонско движење треба да се разбира не борбата против турското владеење, која всушност е многу слаба, релативно со борбата меѓу националностите за насочување на имено таа меѓусебна борба која ги голта сега сите сили и сета енергија на македонската интелигенција, сочинува она, што се нарекува македонско движење.

Во оваа општа борба особено остри се судирите меѓу Срби и Бугари. Жестината меѓу овие два елементи се развило до тој степен, што не се запира и пред убиства.

До 1877-78 година, до последната руско-турска војна, Србите не само што не немаа никакви претензии за Македонија, но директно ја признаваа како бугарска провинција со многу акти кои би можеле да дадеме тука; тие дури ветуваа да и помагаат на Бугарија за ослободувањето на општата бугарска татковина. Но, кога Босна и Херцеговина преминаа кон Австрија, во Србија се забележа нов тек – стремеж со Македонија да се награди за овие загуби; и кога во 1885 година јужна Бугарија се соедини со северна и младото кнежевство стана два пати поголемо и посилно од старото Кралство, завладувањето со Македонија стана за Србите прашање на живот и смрт. Ако Бугарите успеав да стават рака на Македонија, тие ќе станат владеечко племе на Балканскиот полуостров – за голема штета на Србите и Грците, кои дури соединети пак ќе бидат послаби од Бугарите. Милан ја презема познатата српско-бугарска војна, токму за да ја врати рамнотежата на Балканскиот полуостров и иако Србите претрпеа пораз, тие не ја напуштија пропагандата во Македонија. Напротив, од тогаш оваа пропаганда почна да станува жива, бидејќи поразот уште појасно им покажа на Србите, колку Бугарија е опасна за нив.

Напорите на Србите се движеа кон тоа: од една страна – да создаваат посебна, специјална литература која треба да им докажува на Македонците дека тие се Срби, а од друга – да добијат од турската влада дозвола да отвараат српски училишта во Македонија. Од своја страна, Бугарите гледаа да не им отстапат на Србите во пропагандата. Во оваа меѓусебна борба, како што рековме, зеде нај безобразен карактер. Пред сè, јазикот на печатот и на специјалната литература по ова прашање е не само крајно остар, не едноставно недостоен. Двајца скарани пајтоџии би се засрамиле да се пцујат така, како се- -псујат српските и бугарските новинари.“

(извор: од “Д. Григорeв” (Г. Бакалов), Варна, 1900, 30 стр. – http://macedonia-history.blogspot.mk/2006/11/blog-post_09.html)

Најново од: Историја

ОБРАЌАЊЕ НА МАЛЕШЕВСКИТЕ ВОСТАНИЦИ ДО АНГЛИСКИОТ КОНЗУЛ ВО СОЛУН, 24 НОЕМВРИ 1878 ГОДИНА

Извор на документот: Документот е преземен од Фејсбук-профилот на Гоце Панговски. Историски документ: Протест на македонското население од Малешево против одлуките на Берлинскиот конгрес На 24 ноември 1878 година, населението од Малешевскиот крај упатило обраќање до генералниот англиски конзул во Солун, во кое ги изнесува своите страдања под османлиската власт и протестира против одлуките на […]

Кузман Шапкарев: Ние сме Македонци, а не Бугари! (1870)

На 30 ноември 1870 година, бугарскиот весник „Право“, кој излегувал во Цариград, објавил полемички текст за дејноста на охридскиот учител Кузман Шапкарев. Во написот весникот го обвинува Шапкарев дека се спротивставувал на употребата на книги напишани на бугарски јазик. Преку тие обвинувања, написот сведочи дека уште тогаш во печатот се расправало за посебноста на македонскиот […]

Како Александар Македонски го освоил Сур и го променил неговиот брег

Александар Македонски го напаѓа Тир (денешен Сур) од море. Гравура на Антонио Темпеста од 1608 година, Музеј „Метрополитен“, Њујорк. Сур е денешното арапско име на античкиот Тир, град во Либан. Со латиница често се пишува „Sour“. Во 332 година пр. н. е., војската на Александар Македонски се нашла пред утврден феникиски град чии ѕидини ги […]

Зошто Бугарија инсистира заедно да чествуваме настани и личности?

Одговорот е многу прост: Софија насилно го наметнува заедничкото чествување бидејќи тоа е крунски доказ дека историјата ни е заедничка, што значи — бугарска. Ако го прогласиме и Гоце Делчев за заеднички херој, друго објаснување нема да има. Постапката за тоа е веќе тема на заедничката комисија за историја, а нашите „политичари“ се речиси подготвени […]

Христо Калајџиев во Софија во 1945 година — за македонската државност, против великобугарскиот шовинизам

На фотографијата е корицата на оригиналното софиско издание од 1945 година. На 4 февруари 1945 година, во киното „Македонија“ во Софија, Христо Калајџиев се обратил пред Конгресот на македонската емиграција. Втората светска војна сè уште траела, а македонската држава веќе била конституирана како рамноправна единица во Демократска Федеративна Југославија. Пред делегатите во Софија, Калајџиев го […]

„Балканско сдружение“ во 1932 година: Идеалот на македонскиот народ е слободна и независна Македонија

Во август 1932 година, во Детроит, излегол 15. број на „Балканско сдружение“ („Balkan Unification“), месечното гласило на Македонскиот народен сојуз во Америка. Во приложениот исечок од тој број, полемиката за насилствата во Петричкиот крај завршува со повик за слободна и независна Македонија во рамките на балканска федерација. Во написот, авторот ги обвинува четите на Ванчо […]

Крвавата свадба во Зеленич – Леринско, Егејска Македонија

На 13 ноември 1904 година по јулијанскиот календар, грчка андартска чета го нападнала селото Зеленич, Леринско, во Егејска Македонија. Нападот бил извршен ноќе, додека во домот на семејството Готеви се одржувала свадбена прослава. Меѓу убиените имало и жени и деца. Настанот во македонската историографија е познат како „Крвавата зеленичка свадба“. Зеленич пред нападот Во 1904 […]

Изминаа 122 години од крвавата зеленичка свадба

На 13 ноември 1904 година, во текот на свадбата која се оддржувале во леринското село Зеленич, грчките андарти убиле 13 Македонци. Меѓу жртвите се младоженецот, неговите пријатели, две деца, како и деецот на Македонската револуционерна организација Пандо Мечкаров, вкупно 13 лица. Оттогаш изминаа 122 години, но грчката геноцидна политика кон македонскиот народ не се изменила. […]

Најнови вести

To top